Геополитика и инвестирање – Како до стабилност во време на неизвесност
Нема повеќе одење по други градови – Прилепската болница набави апарат за очна дијагностика кој беше најпотребен за пациентите (ФОТО)
Прилепската болница набави нов апарат за ОЦТ – Оптичка кохерентна томографија, наменет за потребите на очната амбуланта, со што дополнително се проширува опсегот на услуги што болницата ги нуди на пациентите.
ОЦТ е современа, неинвазивна, брза и безболна дијагностичка метода, која овозможува детално снимање на ретината и другите структури во задниот сегмент на окото. Со оваа метода се овозможува рано откривање и следење на заболувања како:
-макуларна дегенерација
-дијабетична ретинопатија
-глауком
-макуларен едем
-други заболувања на ретината
Во рамки на едукацијата за техничките карактеристики на апаратот, како и за изведување и интерпретација на резултатите, болницата ја посети директорката на Универзитетската клиника за очни болести – Скопје, доц. д-р Наташа Шекеринов, која се стави на располагање и за идна соработка.
Општа болница Прилеп располага со современа офталмолошка апаратура, меѓу која ултрасонографија, периметрија, а сега и ОЦТ, со што на пациентите ќе им се овозможи навремена дијагностика и третман.
Апаратот е набавен со сопствени средства во износ од 4.700.000 денари. Со ова, пациентите повеќе нема да имаат потреба да патуваат во други градови или во приватни болници за оваа услуга.
Најдобри во цела држава: Прво место за учениците од СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ Прилеп на натпревар по циркуларна економија
На натпреварот по циркуларна економија, одржан на Економскиот факултет во Прилеп, првото место во конкуренција на средни училишта од целата држава го освои тимот на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“.
Учениците, под менторство на професорката Виолета Секулоска, се претставија со проектот „Rerubix“, кој предвидува рециклирање на стари гуми и нивна пренамена во заштитни бариери за патишта и подлоги за детски игралишта.
Нивната идеја беше високо оценета од страна на стручната комисија и претставниците од бизнис секторот како практично, еколошко решение со реална примена.
Овој успех претставува значајно признание за учениците и нивната менторка, но и потврда за квалитетот на образовниот процес во училиштето.
Совршен велигденски изглед за децата? Ова место во Прилеп го има одговорот (Фото галерија)
Во срцето на Старата прилепска чаршија, на познатата Цветна улица, се наоѓа вистинско мало царство за најмалите – бутикот BABY BOOM. Место кое не е само продавница, туку топло катче исполнето со стил, нежност и љубов кон детската убавина.
Во пресрет на најрадосниот празник – Велигден, во BABY BOOM владее вистинска празнична магија. Просторот е исполнет со бои, насмевки и нови модни комбинации кои едноставно освојуваат на прв поглед. Новата колекција веќе пристигна и носи со себе свежина, елеганција и шарм, токму како што доликува на пролетта.
Изборот е навистина богат – од нежни и елегантни фустанчиња за девојчиња, до модерни и удобни комбинации за момчиња. Секое парче е внимателно одбрано, со акцент на квалитет, удобност и стил, за вашите најмили да се чувствуваат прекрасно додека изгледаат неодоливо.
Без разлика дали барате нешто свечено за празничната трпеза или удобна комбинација за прошетка и дружење, тука ќе најдете се’ што ви е потребно. Вашите дечиња ќе блеснат во полн сјај и ќе внесат дополнителна радост во празничните моменти.
Затоа, не чекајте – посетете го BABY BOOM и дозволете си да уживате во изборот кој ќе ви го освои срцето.
А дотогаш, погледнете дел од прекрасните модели од новата колекција во продолжение…
Сите ја сакаат ФК Победа ама на тастатура, нема кој да плати 150.000 денари царина за донираните дресови и опрема од Австралија
Комплет спортска опрема наменета за прилепскиот второлигаш Победа веќе четири месеци стои на царина, без интерес од надлежните да биде подигната.
Зад донацијата стои прилепчанецот Гоце Павлески, кој повеќе од 20 години живее во Сиднеј, Австралија. Со желба да му помогне на клубот кој се соочува со сериозни финансиски проблеми, тој организирал акција за собирање средства меѓу македонската дијаспора.
Иако, како што вели, собраната сума не била голема, одлучил средствата да ги вложи во набавка на неопходна спортска опрема – дресови, шорцеви, тренерки и зимска опрема за првиот тим, наменета и за домашни и за гостински натпревари.
Но, наместо поддршка, го пречекало разочарување.
„Од наша страна направивме сѐ што можевме. Опремата е испратена и веќе четири месеци стои на царина. И клубот и општината се информирани, но нема никаква реакција. Не обвинувам никого, но останува нејасно зошто никој не се ангажира да ја подигне, со оглед дека е наменета за клубот“, вели Павлески.
Во меѓувреме, Победа се соочува со сериозна неизвесност. Клубот е оптоварен со долгови и без финансиска стабилност, а интерес за вложување речиси и да нема. Според актуелната состојба, тимот е на чекор до испаѓање од Втората лига.
Сепак, донираната опрема можеше да биде значајна поддршка – ако не за сегашната сезона, тогаш барем за идните генерации и за евентуален нов почеток на клубот.
Фотографии од опремата се објавени на веб-страницата на порталот „Шампион“.
Приказната остава горчлив впечаток – особено за човек кој од далечина вложил сопствени средства и време, со надеж дека ќе помогне на својот клуб.
Понекогаш, најтешко е кога помошта останува непрепознаена.
ВИДЕОТО од разговорот на “ШАМПИОН” со Гоце Павлески погледнете го ТУКА
“Враќање на Жикина Династија” – вечерва и утре во киното “Мис Стон” во Прилеп
На 8 и 9 април 2026/среда и четврток/ од 19.00 часот во киното Мис Стон ќе се прикажува филмот „ВРАЌАЊЕ НА ЖИКИНА ДИНАСТИЈА“
Никола Којо му се враќа на ликот на Миша Павловиќ по повеќе од 30 години. На Миша во Србија му доаѓаат синовите кои долго не ги видел зашто живеат со Наташа во Москва. Кога пристигнуваат момчињата што ги носат имињата на своите прадедовци – Жика и Милан, започнува нова луда година полна со смеа, авантура, но и семејни вредности.
времетраење: 100 мин.
карегоризација: 12+
Проданоски: “До крајот на мандатот Прилеп ќе има три затворени трговски центри”
За трговскиот центар кој што го ветивме кај старата хала на Металец во Прилеп, во предизборната програма, разговарам на дневна основа до директорката на УЈП, од нив очекуваме проценка на движните ствари кои се на парцелата, ќе направиме анализа дали металната конструкција вреди да се задржи како конструкција или не вреди, истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.
„Понатаму истражуваме дали за оваа конструкција има преземено некакви акти во минатото. Ова е поприлично стара изградена конструкција, да видиме ако обезбедиме документација да се искористи, ако не е тоа возможно во ред, само ја чекаме проценката. Не можам да дадам рок, но ова ветување беше за рамка од 4 години. Но, ќе си дозволам да кажам дека до мене стигнаа уште две нови иницијативи за формирање на такви трговски центри во Општина Прилеп и се надевам дека до крајот на мандатот Општина Прилеп ќе има три затворени трговски центри, најмногу во Македонија“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп“, додаде Проданоски.
Цената на нафтата драстично падна – поевтини за над 13%
Драматичната најава на американскиот претседател Доналд Трамп за двонеделен прекин на огнот со Иран веднаш ги „собори“ цените на суровата нафта на светските берзи. По неколкунеделна неизвесност и страв од глобален колапс, пазарите конечно здивнаа.
Цената на нафтата од типот Брент забележа пад од 13,3 проценти и сега се тргува за околу 94,74 долари за барел. Уште подрастичен е падот кај американската лесна нафта (WTI).
Сепак, експертите предупредуваат дека иако ова е позитивен сигнал, цените се сè уште значително повисоки од оние во февруари, кога барел нафта чинеше околу 73 долари пред почетокот на конфликтот.
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ОРЕВОКРШАЧКА НА СЦЕНАТА НА НОБ
Видеолотарија Касинос Австрија, во рамки на своето партнерство со Националната опера и балет, со особено задоволство ја најавува премиерата на еден од најомилените балети на сите времиња – „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски.
Оваа волшебна балетска фантазија во два чина ќе биде изведена на сцената на МОБ вечерва, 8 април од 20:00 часот.
Диригент на претставата е Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата и либретото се дело на Саша Евтимова. Сценографијата ја потпишува Марија Ветероска, костимографијата Марија Пупучевска, концерт мајстор е Климент Тодоровски, а асистенти кореографи се Дмитро Чеботар и Маја Митровска Богојевска.
Во главните улоги настапуваат: Христина Наќевска Митрашиновиќ (Шеќерна Вила), Франциско Хименез Руиз (Кавалер), Балаж Лочеи (Снежен крал), Наташа Трендафилова Гицев (Снежна кралица), Игор Веланоски (Дроселмаер), Бобан Ковачевски (Крал на глувците), Веселин Трајкоски (Лукас – Оревокршач), Гала Кочевска (Клара) и Марко Мијатовиќ (Фриц). Во изведбата учествуваат истакнати солисти, ансамблот, оркестарот и хорот на Националната опера и балет, како и ученици од балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.
Поддршката на културните проекти претставува значаен дел од корпоративната стратегија на Видеолотарија Касинос Австрија. Силно веруваме дека културата е двигател на убавина, инспирација, духовност и заедништво – вредности што ја збогатуваат заедницата и придонесуваат кон развојот на општеството.
Трамп успеа: “Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осамна голем ден за светскиот мир, кој, како што изјави, го сакаше и Иран затоа што „му беше доста“ како и сите други, и рече дека САД ќе помогнат во развојот на сообраќајот во Ормуската Теснина и дека може да следи „златна ера на Блискиот Исток“.
„Ќе има многу позитивни акции. Ќе се акумулираат големи пари. Иран може да го започне процесот на реконструкција. Ќе испорачуваме залихи од сите видови и ќе бидеме блиску за да се осигураме дека сè ќе оди како што треба. Сигурен сум дека ќе биде така“, напиша Трамп утрово на својата мрежа Truth Social.
Како што додаде, „исто како што го доживуваме во САД, ова може да биде златното доба на Блискиот Исток“.
Неколку часа претходно, Трамп изјави дека по разговорите со раководството на Пакистан, се согласил на прекин на огнот меѓу САД и Иран во период од две недели.
Кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат двонеделен договор за прекин на огнот, иранските власти објавија соопштение во кое го потврдуваат договорот, велејќи дека договорот вклучува „продолжена иранска контрола врз Ормуската Теснина“.
























































































