ЈКП „Водовод“ – Битола со нови проекти за модернизација и дигитализација

ЈКП „Водовод“ – Битола активно се вклучува во процесите за модернизација и унапредување на комуналните услуги преку учество во проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Република Македонија“, финансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и општините и комуналните претпријатија вклучени во проектот.

Во рамки на проектот, ЈКП „Водовод“ – Битола достави повеќе проектни предлози и инвестициски мерки насочени кон подобрување на ефикасноста, одржливоста и квалитетот на услугите што ги обезбедува претпријатието.

Планираните активности опфаќаат модернизација на системите за мониторинг и управување, намалување на загубите на вода, подобрување на енергетската ефикасност, надградба на SCADA системот, имплементација на современа мерна и контролна опрема, како и дигитализација на деловните и оперативните процеси.

Со овие мерки, ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со инвестиции во современи и одржливи решенија, со цел обезбедување поквалитетни, поефикасни и посигурни услуги за граѓаните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.