дома блог страница 1331

Како што треба и доликува: ООУ “Климент Охридски” доби нова ограда (Фото)

Oсновното училиште “Климент Охридски” Прилеп пред два дена го одбележа своето 60-годишно постоење. На празникот и патрон на училиштето, се одржа свечена академија со богата програма каква што немаат многу поголеми институции и организации, а денеска во училиштето комплетно е завршена и реконструкцијата на училишната ограда.

– Каде и да видите некаде дека се гради, добра градежна активност, тоа значи дека некој донел смела одлука…
Ако одите кон вашата цел и застанете на патот да фрлате камења кон секое куче што лае по вас, нема никогаш да ја постигнете целта. Новата ограда на нашето училиште – напиша на ФБ директорот на училиштето Ахил Јаков.

Во продолжение и најубавиот дел од одбележувањето на патронатот, каде ученици заедно со нивните наставници ја пееја училишната химна:

Дејан Георгиевски испиша нова спортска историја за Македонија

Во светската спортка елита, таму каде што му е местото на „соколот“! Имаме нова спортска историја, за прв пат во Македонија имаме бронза од финално Гран При во олимписки спорт! Го имаме спортистот на годината, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Бутел и еден од тренерите на таеквондистот Деан Георгиевски, Дарко Костовски.

-Дејан Геоегиевски на лична покана учествуваше на финално ГРАНД ПРИ во Саудиска Арабија, Деки со три победи над Мартинез од Шпанија (актуелен сребрен медалист од СП) победа со доминација, над Икарио од Бразил (прв носител на турнирот) победа со доминација, и над Душебаев од Казакстан дојде до историска бронза и нови 33 исклучително значителни бодови за олимписката норма ! Финалниот турнир ГРАНД ПРИ е најелитен таеквондо турнир веднаш после олимписките игри, на истиот имаат право да учествуваат само 16 најдобро рангирани во Светот, во олимпискиот официјален ранкинг по категорија. БРАВО ЈУНАК! Напиша Костовски.

“ГOPИ” ХРВАТСКА: Еве ја атмосферата низ градовите после победата над Бразил (Видео)

Хрватска вечерва слави огромна победа против најголемиот фаворит за освојување на Светското првенство.

Огромен број навивачи вечерва слават во хрватската престолнина, а медиумите од регионот ја пренесуваат атмосферата.

Инспектор Томе и’ пиша на американската амбасадорка – Ваков предлог тешко дека ќе биде одбиен, а ќе се реши и кopyпциjaта во Македонија (Видео)

Актерот Горан Стојановски, попознат како инспектор Томе, по повод Меѓународниот ден на борба против корупцијата, 9 декември подготви обраќање до нејзината Ексцеленција, амбасадорката Анџела Агелер, со предлог кој е тешко да се одбие.

Во продолжение, писмото ви го пренесуваме во целост, напишано на дијалект:

„Госпожа екселенција,

Прво да ви посака едно топло добредојде во нашава преуба земја. Ви се пуља некое време вака малу ми стојте ко зачудена, да не реча пеплосана, од то шо го гледате, и си реков седи Томе пиши, саде ти ли од цела држава да не му пишиш отворено писмо на амбасадоркава. Сака да ве утеша, то шо го пулите мојт стварно малу неубо за очи, но нека не ве лажит прв утисак, то нишчо не е, ве увервам мојме мие и дамбетер.

Да ви кажа, најотворено, ногу убо ми идит на душава ко читам тим за санкции ќе идале од Америка, ја од кога веља Томе сам не можит, еден чоек толку, пиши дење-ноќе казни, се оправ пишење, тим си требат. Не знајте колку се радвам шо конечно некој во државичево имат решено да се клајт малу ред со корупцијава к’ј нас, па макар тој некој бил и странец.

Корупцијата к’ј нас зеде невиден замав. Уш ми се свежи спомените ко со корупцијана се занимававме една шака љуѓе. За сите имаше доволно – чепни овде, чепни онде, ќе му завршиш некому работа, ќе скиниш некое казниче, ќе му вработаш роднина – ќе ти се оддолжит. Корупција беше поштен позив. Денес немат појќе некој кој не се бавит со корупција. Нелојална конкуренција на секој чекор. Порано се знајше к’ј се дават мито, к’ј се дават рекет, денес љуѓено ги рекетирет и им барет мито на секој чекор, к’ј ќе стигнет и кој ќе стигнит, и има приметено оти не го давет веќе митото со толкав лезет, ко збогтисано му е.

Ја не зна кого имате планирано во тимо, ама сака да ви предложа, да ги пушчите долу к’ј мене на обука. Прво, тој, кој и да е, идит од Америка. Од к’ј знајт тој шои е кјорупција, ко к’ј вас та е скоро искоренета. Ќе му се дешават предочи немат да мојт да ја препознајт. Второ, корупцијата к’ј нас имат македонски обележја, то си е наша македонска корупција, не е ниту српска, ниту бугарска, ниту грчка, та е нераскинлив дел од нашио идентитет и посебност. Фино имат кажано то со јазико, ама ак смем да го парафразира малу Конески: корупцијата е нашата татковина. Не си ги арчите љуѓено за џабе, пушчете си ги совреме на обука к’ј мене. Пари преку рачун не ви бара, ќе најме начин, ќе се договориме, да ја парафразира Атиџе – пола за мене, пола за Америка. Ви ги враштам на рака.

И уш нешчо, гледам и со суцвоно сте се фатиле, ак можит то куќнио притвор да ургирате да ми го тргнет, требит да се врата малу у промет со казнишча, корумпиранине од Преспав кизнајт шо прает остаени без надзор, дан царуват корупцијана и во Преспанскио крај.

Однапред ви благодара,

Инспектор Томе, Општина Којнско“.

Пpeтpec во прилепско Тополчани, yaпceн битолчанец – Еве што пронашла полициjaта кај него (Фото)

Денеска (09.12.2022), полициcки cлyжбеници од кpиминалиcтичката полициja при СВР Битола го лишиле од cлобода Г.Ј.(37) од Битола.

При пpeтpec во домот кој го користи во с.Тополчани, прилепско, извршен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени два пиштола, три рамки за пиштоли, една пyшка и неколку кypшyми со различен калибap.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од ОВР Битола.

Дена Вајт: “Мразам фудбал! Тоа е спорт за неталентирани”

Светското првенство е главниот медиумски настан на целата планета, а така ќе биде до 18 декември.

Но, има и такви кои не се ентузијасти за фудбалот, а еден од нив е првиот човек на УФЦ, најсилната, најпочитуваната и најпрестижната организација на борбени спортови, Дејна Вајт.

– Фудбал?! Не можам да го поднесам тој спорт. Мислам дека тоа е спорт што не бара талент. Има причина зошто тригодишните деца играат фудбал, бидејќи сè што треба да направите е да трчате и да ја шутнете топката. Играте натпревар каде што голот е толку голем, а резултатот е 3:1. Дали си сериозен? Знаеш ли колку треба да си неталентиран за да постигнеш само три гола кога голот е толку голем – вели Вајт.

Ќе се намалат ли сега цените на продуктите? Цената на дизелот од полноќ после долго време под 80 ден за литар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,11 % во однос на одлуката од 7.12.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 8,708%, кај дизелот за 8,110%, кај екстра лесното масло за 8,044% и кај мазутот намалувањето е за 5,226%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,588%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 4,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,115 ден/кг и сега ќе изнесува 40,056 ден/кг.

Од 10.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,056 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.12.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, информираат од РКЕ.

Награден фонд од речиси половина милион денари: Извлечени групите за традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2022”

Од утре до 25. декември во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски” во Прилеп, по пауза од две години ќе се одржи турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2022”.

Денеска во собраниската сала на општина Прилеп се одржа и жребот, при што познати се осумте натпреварувачки групи.

Наградниот фонд за првите три места изнесува: 1. место – 240.000 денари 2. место – 120.000 денари и 3. место – 60.000 денари.

Внимавајте! Во Битола измамени граѓани со брзи кредити, лажни наградни игри и писма за наследства

Секторот за внатрешни работи Битола информира дека зачестиле пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личните податоци, односно подигнување на брзи кредити во име на трето лице, за кое оштетените не се запознати.

Битолчани се измамени со сомнителни електронски пораки, со лажни наградни игри, т.н. лотарии и писма за наследства.

–Со цел спречување на злоупотребата на лични податоци, кражбата на идентитет, како и злоупотребата на дебитните и кредитните картички, во пресрет на празниците, кога се очекуваат зголемен број трансакции, ги предупредуваме граѓаните да бидат исклучително внимателни во делот на компјутерските измами и злоупотребата на личните податоци. Апелираме до граѓаните да внимаваат каде и со кого ги споделуваат или ги изложуваат на увид личните и патните исправи. Исто така, при плаќањата со платежни картички, доколку е потребно да биде внесен пин, задолжително да го внесуваат лично и да не дозволуваат некој друг да го внесува нивниот пин кој треба да се чува во тајност. При плаќањата и купувањето преку интернет, задолжително да се проверува кредибилитетот на продавачот, имајќи ги предвид позитивните и негативните коментари кои ги има на самиот профил, страна, група и слично, појаснуваат од СВР-Битола.

За зголемена претпазливост и безбедност, од СВР-Битола апелираат да се внимава при ажурирањата на податоците, особено кога од корисниците се бара да се внесат лични податоци и број на картичка, односно да се проверува дали е основано барањето за ажурирање на бараните податоци.

-При регистрирањата на одредени интернет страни, особено да се посвети внимание на полисите, односно да се читаат до крај, со цел да се избегне граѓаните да бидат изложени на месечни трошоци во облик на претплата, најчесто назначени на крајот на полисата – најчести примери се при купување на видео игри, инсталирање на канали за игри, филмови и слично, каде купувачите еднаш купуваат видео игра или програма, а подоцна секој месец им се наплатува истиот износ. За време на контактите со непознати преку социјалните мрежи да се внимава да не им се доставуваат податоци од личните исправи како трансакциски сметки од банки, лични фотографии и други лични документи, посочуваат од СВР-Битола.

Во последен период се забележани голем број поплаки од граѓани кои при купување на интернет производи и нивна достава до врата, вообичаено се измамени во делот на квалитетот, но и дека порачале еден производ, а друг им пристигнал по брза пошта. При обидот продавачот повторно да е контактиран, најчесто тој е недостапен, информираа од СВР-Битола.

Прилепчани на ФБ: “Дали треба да се случи истото од некни, пајак иди се празни улицата, по 10 минути пак полно” (Фото)

Жители од улицата “Архиеписокот Доситеј” во близина на црквата Параклис во Прилеп, апелираат надлежните да реагираат за пракирањето по тротоарите на овој дел од улицата кој се наоѓа во централното градско подрачје.

-Е по овој тротоар треба сега ученици да одат кон училиште, ама тротоарот е зафатен. Час 12.30 баш време за размена на смени…ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ ИСТОТО ОД НЕКНИ НА РАСКРСНИЦА???? И 100 пати да се казнат толку ни е свеста пајак иди одма се празни улицата и по 10 минути пак полно – пишува наш сограѓанин на својот ФБ профил.

Инаку, пред два дена на крстосницата на ул.„Кузман Јосифоски“ со бул.„Гоце Делчев“, патничко возило „цитроен берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(54) од Прилеп, удри во малолетна девојка, при што девојчето се здоби со тешки телесни повреди.