дома блог страница 1330

Битолски доктор се стекна со престижната титула Oberarzt во Австрија (Видео)

-Болница Плодност продолжува со светски достигнувања, преку успесите на своите доктори. Со посебно задоволство, гордост и чест, Ве информираме дека нашиот д-р Синиша Трпчевски, од страна на директориумот на клиниката Klinikum Wels Grieskirhen во Австрија, вчера се стекна со титулата Oberarzt, титула, која е посебно и големо признание за доктор кој работи во Европа. Д-р Синиша Трпчевски веќе неколку години успешно работи на полето на роботска и ендоскопска хирургија во областа на гинекологијата – информираат од битолската болница “Плодност”.

„Во моментот кога ќе се создадат услови за роботска хирургија кај нас, веднаш се враќам во Македонија. Сакам да работам со мојот брат Христијан Трпчевски, за кого слободно можам да кажам дека е најдобар лапароскопски хирург во Македонија во областа на гинекологијата.

Заедно ќе бидеме тим од соништата, а покрај оперативата, ќе едуцираме млади кадри за оваа проблематика, бидејќи во Македонија многу малку се практицира гинеколошката ендоскопија, која всушност е иднината на оперативата.

Сакам да ја продолжиме традицијата на мојот татко, прим. д-р Таше Трпчевски, кој е пионер во Македонија за гинеколошка ендоскопска хирургија“, истакна д-р Синиша Трпчевски, наша гордост во светски рамки.

Каде во Македонија има најмногу снег? На Шапка дури 60 сантиметри!

На Попова Шапка има снежна покривка од 60 сантиметри, во Маврово 10, а осум во Лзарополе, соопшти УХМР.

Најмногу дожд, пак, во изминатотото деноноќие наврна во Демир Капија 19 читри на метар квадратен, во Маврово 15 и во Охрид девет литри.

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 30 л/м2).

На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Денеска одлука за нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за новите цени на горивата.

Минатата недела, РКЕ одлули цените на бензините да се зголемат за 2,5 денари. За два денари се зголемија цените на дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 83,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,814 (денари/килограм)

Учениците се вратија во клупите – ќе имало и учебници за второ одделение

За основците и средношколците денеска почнува второто полугодие од учебната 2022/2023 година. Со одлука на Владата, зимскиот распуст беше продолжен и почетокот на наставата одложен од 18-ти на 23 јануари заради функционалност на училиштата.

Најверојатно учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови утврдени со Календарот за воспитно-образовниот процес во училиштата.

– За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Има три работни наставни денови и не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири минатата недела.

Министерот вчера најави дека на почетокот на второто полугодие ќе се испорачаат учебниците по матетматика и општество за второ одделение.

Тој пред почетокот на второто полугодие истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно образование ќе бидат целосно достапни и во електронска форма.

Министерството за образование и наука годинава ќе обезбеди и нови учебници за странски јазици за основно и средно образование. Министерот Шаќири го најави и новиот Закон за учебници.

– Министерството за образование и наука со оглед на предизвиците со учебниците што се појавија, утврди дека има потреба од нов подобар Закон за учебници, со кои ќе се минимизираат можностите за грешки, доцнење и слични проблеми и убеден сум дека следниот септември дел од проблемите што се појавија ќе бидат минато и нема да се повторат. Иако МОН не е дел од процесот на одобрување на учебници, ја користам приликата да ја информирам јавноста дека ги активираме сите можни механизми, довербата на граѓаните да биде уште поголема, рече Шаќири.

Верувале или не! Изградивме 1.300 км нови патишта, вели премиерот Ковачевски (ВИДЕО)

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ!!!

-Изградивме 1300км нови патишта во последните 5 години. Градиме квалитетна инфраструктура која на долг рок ќе придонесе кон нашиот економски развој и ќе овозможи подобар живот за сите. Градиме патишта кон нашата европска иднина. Нема недостижна цел!, напиша денеска премиерот Димитар Ковачевски.

(Видео) “Теренец” подготвен за апокалипса: Еве што вози еден од најдобрите играчи во НБА

Словенечкиот кошаркарски ас Лука Дончиќ e во извонредна форма – тој е еден од најдобрите играчи во најсилното кошаркарско натпреварување во светот, но знае како да привлече внимание и надвор од терените, во случајов со неговиот избор на возило.

Неодмана, на утакмицата против Атланта Лука се појави со монструозен теренец со шест тркала кој веднаш привлече големо внимание.

Неговото ново милениче се вика Apocalypse Hellfire 6×6 и тоа е вистински тенк на тркала базиран на теренецот Jeep Gladiator 6×6, но со бројни модификации.

Тензии и на фудбалските терени: Бугарин намерно yдpи фудбалер на А. Пандев и тоа на пријателски натпревар (ВИДЕО)

Академија Пандев загуби минимално со 0-1 на денешната првата контролка во Анталија од бугарска Марица во меч, кој донесе и тензии, откако бугарскиот фудбалер Јордан Пејчинов намерно без топка удри еден од фудбалерите на струмичани, па доби црвен картон – објави порталот SPORT1.MK

Видеото погледнете го ТУКА

Aнтонио Милошоски ги збecна Грците: Го развиори сонцето од Кутлеш на планината Олимп (ФОТО)

Антонио Милошоски е топ тема во грчките медиуми откако го развеа македонското знаме со сонцето од Кутлеш на планината Олимп.

Тој не остана без коментар:

Снегот го парализираше соседството: Затворени патишта, делови од населени места без струја

Поради снежното невреме денеска беа затворени неколку патишта во Црна Гора и Србија, а делови од Црна Гора со часови немаа струја.

Неколку луѓе беа завеани во местото Студено кај Даниловград, а за нив беа испратени и возила за снег.

Затворени се автопатите Плужине-Шќепан Поље, Подгорица-Колашин преку Платија, Шавник-Жабљак, извести Авто-мото сојузот на Црна Гора.

Не е познато кој победил: Кавадарчанец и жител на Росоман се cтeпале пред казино

На 22.01.2023 во 06.30 часот било пријавено дека пред казино во Кавадарци по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Р.Б.(40) од Кавадарци и Т.П.(32) од Росоман.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – информираат од МВР.