Јовчески: Доделивме по 100 евра за новороденчиња на 400 семејства во Прилеп

Преку субвенционирање на семејствата со доделување на еднократна парична помош од 6.000 денари за новородено дете, помогнавме во 400 семејства во Прилеп во изминатата 2022 година – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Врз основа на мојата предизборна програма во делот на социјална заштита, предвидено беше да се доделува еднократна парична помош во висина од 6000 денари на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп, почнувајќи од 01.01.2022.

После донесувањето на „Програма за доделување на еднократна парична помош, на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп за 2022 година“ која што беше изгласана во Советот на Општина Прилеп, го започнавме овој значаен проект со кој што дополнително им помагаме на сите млади родители во Прилепскиот регион.

Продолжуваме и во оваа 2023 година да бидеме посветени на нашите сограѓани и како Локална самоуправа да имаме позитивно влијание за поттикнување на наталитетот, зголемување на природниот прираст во нашата општина и да помагаме во покривање на дел од првичните трошоци на семејствата – напиша Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.