дома блог страница 1326

Ахмети со совет до Украинците: “Не предавајте се, ќе победите како што победи УЧК во 2001”

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на украинска делегација со која разговарал ѝ дал совет Украинците никогаш да не се предаваат, како што не се предала УЧК во 2001 година, пренесува Инфомакс.

– Војната Русија-Украина и натаму претставува жешка зона. Се сретнав со една делегација од Украина и им реков: ‘Вие ќе ја добиете оваа војна. Бидете силни и не предавајте се никогаш, така победивме и ние, бидејќи ние не се предадовме никогаш!’ – рече синоќа лидерот на ДУИ Али Ахмети на партискиот собир во шарпланинското село Шипковица“ – објави телевизијата на албански јазик „Шења“.

За Украина тој рече дека „како земја сме се солидаризирале со оваа држава, која се наоѓа во војна, но немаме повеќе можности да сториме, освен да им испратиме музичка група“.

– Ние сме се солидаризирале со Украина морално, но само толку можеме. Бидејќи оние оружја, што ги имаме, тие не ѝ требаат на Украина. Или можеме да им испратиме музичка група, друго нешто не можеме да им однесеме – рече лидерот на ДУИ на партискиот собир во Шипковица.

Бездруго инспириран од Украина, потоа Ахмети, како поранешен врховен командант на УЧК, а сега претседател на ДУИ, евоцирал спомени од партискиот собир во Шипковица, а потоа дел и од своите „послевоени спомени“, велејќи: „ДУИ е дом на војници, бидејќи 10 илјади војници потпишаа за создавањето на овој дом со име ДУИ.“

Извор: Infomax.mk

“Од неговите кражби можеме цел документарец да направиме”: Kpaдец фатен на камера, кpaдел секој ден кај ќе стаса, а никој ништо не презема (Видео)

Крадец, кој на дело е снимен на камера како краде пари од касата во месарница во Велес – oбјави порталот “tirekovmirece.com”.

Видеото за кратко време стана вирално на социјалните мрежи, а граѓаните реагираат дека истото лице повеќе пати е фатен во кражба.

-Добро познат е типов особено на вработените во Жито маркетите..Постојано краде и ништо не се превзема. Од неговите кражби можеме да направиме цел документарен филм – пишува во еден од коментарите.

-Незнам зошто ништо не се превзема, постојано пријавуван и пак го пуштаат, човекот е нонстоп по дуќаните и да не успее да земе нешто, зошто некој трауми да трпи секој ден – стои во друг коментар.

Млад Албанец магистер на правни науки на ФБ: “Ако сакате да веете знамиња од други држави, тогаш одете таму бидете директори, министри, градоначалници…”

Фејсбук статус на Умејр Муамеди

-Не ми е јасно како се дозволува во институција на Р.Македонија да се истакнуваат знамиња на други држави. Зимаш плата од оваа држава (плус патувања, кола службена итн ако си во повисока функција) а во канцеларија носиш знаме од Албанија, САД, Турција, Србија итн.

Зошто тогаш не одите во тие земји да бидете директори, министри, градоначалници итн? Приватно можеш да се чувствуваш како сакаш но Држава и Националност се два различни поима.

Немам почит за ниту еден министер, директор, градоначалник итн, кој дозволува во инстутицијата со која раководи да се истакнуваат знамиња различни од државното знаме.

Од први февруари воз од Битола до индустриската зона Жабени

Врз основа на известувањето добиено од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, општина Битола, ја известува јавноста за пуштање во сообраќај на воз за превоз на патници на пругата Битола – Жабени.

Во известувањето од претпријатието се наведува следното:

„ЈП за железничка инфраструктура Железници Инфраструктура доби барање за доделување траса за патнички воз на пругата Битола – Жабени од страна на железничкиот превозник ЖРСМ Транспорт АД Скопје.

Согласно барањето, возовите се планирани да започнат со сообраќај на 1 февруари 2023 година“, се наведува во информацијата, а повеќе информации во врска со патничкиот воз може да се добијат од Железници Транспорт АД Скопје.

Оглас за вработување: Се бара лице за позиција проектен координатор во Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп

Се бара лице за работен однос на позиција Проектен координатор за работа во Здружение Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.

Лицето треба да има завршено високо образование, одлично познавање на англискиот писмен и говорен јазик (ќе има тестирање), вештини и искуство за организирање и координирање на работа, комуникативност, да поседува возачка дозвола од Б категорија и да има искуство во возење.

Заинтересираните кандидати да достават биографија и мотивациско писмо до 1 февруари 2023 на e-mail [email protected]. За повеќе информации секој работен ден од 8-16 часот на телефон 070 208 367.

Прилеп доби нова современа гинеколошка ординација: Д-р Јоноска ќе биде најдобар пријател на пациентите (Фото)

Неодамна Прилеп доби нова современа гинеколошка ординација каде со пациентките ќе работи д-р Јулија Јоноска.

“Фемина Вита” се наоѓа на ул. “Партизанска” бр. 2 и значително ќе ја подобри понудата и пристапноста до гинеколошки услуги во нашиот град.

Во приватната гинеколошка поликлиника „Фемина Вита” ќе се изведуваат прегледи и дијагностичко-терапевтски интервенции од сите области на гинекологијата и акушерството.

Д-р Јулија Јоноска важи за човек со огромно знаење и стручност во дејноста и лекар кој ќе ја гарантира дискретноста.

Закажете термин на тел. бр. 071 403 020. Работно време: понеделник и вторник од 11 до 19ч. / среда, четврток и петок од 07 до 15ч.

“Фемина Вита” работи со Фондот за здравство.

“Oд горе мазно, одоздола азно”: Измамници во Битола и Прилеп им продавале злато на златари, ама не било баш злато

Секторот за внатрешни работи Битола информира дека во последниот период забележани се пријави од граѓани, сопственици или вработени лица во златарници на подрачјето на Битола, за сторени измами од лица кои нудат злато за откуп.

Од СВР-Битола посочуваат дека при проверка на откупеното злато било утврдено дека од надворешната страна е златна легура, но при пресек се утврдувало дека не станува збор за накит или предмет од злато.

-Со цел спречување на понатамошни вакви измами и злоупотреби ги предупредуваме граѓаните, посебно златарниците, да бидат исклучително внимателни при откуп и продажба на злато и златен накит, а секое сомнително лице и сомнителен настан да го пријават на телефонските броеви 192 или 112, на најблискиот полициски службеник или во полициска станица, соопштија од СВР-Битола.

Двајца адвокати утре на пратениците ќе им достават предлог закон за амнестија на Јане Ченто и останатите ocyдени за 27 април

Од адвокатската канцеларија Јанаки Митровски и адвокатската канцеларија Пешевски и Тимовски информираат дека утре до сите пратенички групи и пратеници ќе поднесат предлог Закон за амнестија на осудените за настаните од 27 Април 2017та година. Како што појаснуваат, со предлогот се бара сите оние кои се осудени на казни затвор до десет години да бидат ослободени од понатамошно издржување на казна, а за осудените над десет години да се ослободат од 50% казна.

– Како адвокат кој практикува кривично право, не наоѓам никакво оправдување за стореното. Но истовремено сметам дека не постои поголема неправда од селективна правда. А цела Македонија е сведок дека со Законот за амнестија од 2018та година, селективно беа амнестирани дел од осудените поради политичко лукративни причини па така Крсто е милионер, Рамчиловиќ амбасадор, Бетка демек ја судат итн. додека обичните смртници пуштени низ вода веќе шестта година скапуваат на робија.

Од тие причини, а како најголемиот дел од осудените имаат одлежано половина од изречените казни и се пет и пол години во затвор, и особено во насока на исправање на неправдата нанесена со селективната амнестија, го поднесуваме овој предлог Закон до сите пратеници од кои очекуваме да иницираат негово ставање на дневен ред.

Се разбира законското решение може и да се доработи од страна на заинтересираните пратеници, за што посочените адвокатски канцеларии стојат на располагање.

Подгответе се: Од утре снег и северен ветер

Утре и во текот на ноќта кон петок ќе има врнежи од снег, а само во некои пониски места од дожд и снег, информираат од УХМР.

Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места. Во петок попладне и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има врнежи претежно од снег со послаб интензитет.

Во Скопската котлина утре ќе има врнежи кои попладне и во текот на ноќта кон петок повремено ќе преминуваат во снег со послаб интензитет. Во петок и во сабота ќе дува северен ветер, ќе биде студено и ќе провејува слаб снег, соопштуваат од УХМР.

Џамбаски се закани: “Педнаровски да се потсети на некогашниот југословенски крал Караѓорѓевиќ”

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски упати сериозни закани кон македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој побара власта да забрани влез во Македонија за него и за неколку други бугарски државјани.

Џамбаски во интервју за софиската Нова ТВ најави дека секако ќе дојде на 4 февруари во Скопје иако не го планирал тоа. Додава дека сега е решен да го посети гробот на револуционерот Гоце Делчев, бидејќи „коминтерновецот“ Стево Пендаровски бара да му се забрани влез во Македонија. На Пендаровски му испрати порака преку која тој би требало да се потсети на некогашниот југословенски крал Караѓорѓевиќ и што за тоа во поглед на ВМРО вели историјата (кралот беше убиен во атентат во Марсеј во 1934 година, н.з.).

„Сакам да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерна, дека и во минатото имало личности кои се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија. Последниот таков пример е со југословенскиот, поточно со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа“, изјави Џамбаски.