дома блог страница 1320

Погледнете какво ќе биде времето до Нова година

Неделата започнува со пониски температури, нормално за средината на декември. Максималните во текот на оваа недела ќе се движат од 7 до 13 степени.

На почетокот од следната недела започнува зголемување на облачноста, со услови за врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од 9 до 12 степени, а утринските од 0 до 3 степени.

а 27-28 декември низ земјава се очекува да помине студен атмосферски фронт. Потоа на повеќе места ќе има врнежи од дожд, кои поради студот речиси насекаде ќе преминуваат во снег.

За новогодишната ноќ на 31-ви декември ќе имаме облачно време, со температура од 1 до 8 степени. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува со услови за дожд кои наместа ќе преминат и во снег.

Првиот ден ќе биде со врнежи од дожд, а на повисоките места и врнежи од снег. Температурата до 8 степени.

Во живо: Спектакл во Буенос Аирес – Пречек на светските шампиони

Меси и дружината во овие моменти пристигнуваат во центарот на аргентинската престолнина каде ги чекаат стотици илјади фанови.

Г.г. Стефан забрани погpeби на Свети Никола, Божик, Велигден и саботните задушници

Владиката г.г. Стефан забрани погреби за време на празнувањето на Св. Никола и правилото почнува да се применува од оваа година. Починатите од сабота, недела и од понеделник ќе се погребуваат во вторник, пренесува А1он.

Скопската православна епархија за „А1он“ потврди дека нема погреби за време на празнувањето на Св. Никола, но верниците ќе треба да ги одложат погребите и за време на Божиќ и Велигден.

По барање на целокупното свештенство од Скопската православна епархија, а за што се известени и директорите на АД ‘Бутел’ – Скопје, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан дал благослов на денот на празнувањето на Св. Никола да не се извршуваат погребенија, пракса што црквата ќе ја применува и за саботните задушници, како и за празниците Божиќ и Велигден, кусо објаснуваат за „А1он“ од Скопската православна епархија.

Од управата на Градските гробишта „Бутел“ за „А1он“ неофицијално појаснија дека забраната се однесува на верските обреди поврзани со погребите, а не и на самиот чин на погребување. Доколку некој реши, погреб може да се организира, вклучително со изложување на починатиот во капела, но нема да има поп. Нивните служби се достапни за граѓаните без прекин во текот на целата година.

Успешен панаѓур: Рачно изработените украси од учениците од СОУ “Кузман Јосифоски-Питу” распродадени – со парите ќе купат пакетчиња за децата со посебни потреби

Денеска на големиот христијански празник Св. Никола, учениците од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ Прилеп ги изложија и ги продаваа своите рачно изработени украси во центарот на градот.

-Учениците имаа можност да се запознаат и да се дружат со членовите од здружението„ Порака“ Прилеп, кои не’ почестија со нивното присуство.

Во знак на внимение и идна соработка учениците им подарија честитки изработени лично од нив и мали поклони за секој член од здружението.

Новогодишниот панаѓур беше успешен, бидејќи сите рачно изработени украси беа продадени. Парите кои беа собрани ќе се искористат за новогодишни пакетчиња за деца со посебни потреби. Голема благодарност до сите кои зедоа учество во нашата хуманита акција и кои придонесоа таа да биде успешна – стои во сооштението од ова прилепско средно училиште.

Репертоар на прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински”: Две претстави на програмата оваа недела

РЕПЕРТОАР НА ТЕАТАРОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

ПЕТОК, 23.12.2022 – 19.30 ч. – „ДА ИНСПЕКТОРЕ, претстава со грешки“

САБОТА, 24.12. 2022 – 19.30 ч. – „ДУПЛО ДНО“.

Влезници на тел. бр. – 076 422 378

Анкета на американскиот ИРИ: Мицкоски на дофат на 61 пратеник, ВМРО-ДПМНЕ со огромна предност пред СДСМ

Најновата анкета на американскиот Меѓународен демократски институт (ИРИ), покажува огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ од цели 8 проценти.

Во број на гласови тоа би значело најмалку 150 илјади гласови предност за Мицкоски пред Ковачевски или соодносот од околу 370 на 210 илјади гласови разлика за ВМРО-ДПМНЕ.

Во зависност од распоредот на гласовите по изборни единици ВМРО-ДПМНЕ според анкетата е на прагот да освои мнозинство од 61 пратеник во Собранието.

Анкетата покажува дека во случај утре да се одржат предвремени парламентарни избори 19% од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Согласно резултатите на извршената анкета, за СДСМ би гласале 11% од населението, 7% за ДУИ, а 6% за политичката партија Левица.

Овие бројки ќе бидат уште повисоки кога ќе наближат изборите затоа што во моментов граѓаните не се доволно анимирани за гласање.

Согласно податоците на анкетата, најголемиот број од испитаниците, поточно 60% сметаат дека земјава се движи во погрешна насока што е речи си двојно повеќе од лани, а како најголеми проблеми се истакнуваат слабиот стандард, високите цени и корупцијата.

Анкетата е спроведена од Брима врз репрезентативен примерок од 1,207 испитаници во периодот од 23 септември до 13 октомври.

Анкетата е направена со поддршка на Националниот фонд за демократија (НЕД).

РКЕ донесе одлука: Се зголемуваат цените на горивата

Се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,18%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

ЕУРОСУПЕР БС-95, останува 76,00 ден/лит и цената ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува и од вечерва по полноќ ќе изнесува 81,00 ден/лит.

Скока и цената Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за пола денар по што вечер по полноќ ќе изнесува 79,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,137 ден/кг, по што малопродажната цена на Мазутот М-1 НС вечерва по полноќ ќе изнесува 39,233 ден/кг.

Уaпceна битолчанка – извршила кpaжба во златара

Денеска (19.12.2022) во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола ја лишиле од слобода Б.П.(37) од Битола.

Таа се сомничи дека 17.12.2022 извршила кражба во златарница во Стара чаршија во Битола. Во службен разговор во полициска станица Б.П. го признала делото, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

(Фото галерија) За многу години! Прилепчани се поклонија пред својот заштитник и ја одбележаа градската слава Св. Никола

Градот под “Марковите Кули” уште еднаш го прослави својот заштитник Св. Никола. Големиот христијански празник, кој за своја куќна слава го празнуваат во речиси секоја трета куќа во Прилеп, и оваа година со богат празничен ручек беше одбележан во центарот на градот.

Домаќини оваа година беа сопствениците на “Теракота”, а за в година домаќин ќе биде компанијата “Комфи Ангел”.

Одбележувањето на празникот започна со Света божествена литургија во храмот Св. Благовештение, а со истата чиноначалствуваше Владиката Петар.

Традицијата на одбележување на празникот започна пред 16 години, па досега повеќе компании од градот приредија богати посни трпези во центарот на градот, а гости секоја година им се голем број прилепчани и посетители од соседните градови.

Традицијата на празнување во централното градско подрачје ја започна претходниот градоначалник на општината, Марјан Ристески, кој заедно со локалната самоуправа направија бренд од оваа манифестација.

Од 2006 година со акт на локалната самоуправа Св. Никола е прогласен за заштитник на Прилеп, а во центарот на градот беше подигнат и параклис во негова чест.

Вештите раце на прилепските домаќинки и oваа година завиткаа илјадници вкусни, посни сармички, воздухот ќе замириса на вкусно приготвена риба и гравче, а апетитот ќе се разгоре со вино и добра ракија.

Токму посните сармички го внесоа Прилеп за прв пат во Гинисовата книга на рекорди. Во 2008 година во очи на празникот прилепчанки завиткаа 80.000 посни сарми, доволно за Прилеп да биде запишан и запознаен од светот.

(Видео) Мистepиja на гpoбот на Свети Никола: И покрај paзopниот земjoтpec останал целoceн – се останато било yништено

Античката византиска црква која се наоѓа во турското приморско градче Демре, иако на луѓето им звучи како чудна локација, е едно од најголемите христијански светилишта. Зборуваме за црквата во Анталија, за која турските археолози тврдат дека е местото на кое е погpeбан Свети Никола.

Весникот “Хуриет” пред две години пренесе дека археолозите откриле недопрен храм и гpoбница под црквата Свети Никола во Анталија.

– Постигнавме навистина добри резултати, но вистинските работи допрва ќе се откриваат. Можеби ќе го пронајдеме и недопреното тело на Свети Никола – изјавил директорот на Агенцијата за истражување и споменици во Анталија, Ќамил Карабајрам.

Се верува дека моштите на Свети Никола се пpokpиумчарени од морепловци од областа Демре во Анталија во италијанскиот град Бари.

Според до сега пронајдените документи, турските археолози веруваат дека телото на светецот сеуште би можело да се пронајде во комплексот на храмот пронајден во Анталија.

– Постои гpoб кој е поразличен од сите останати во црквата. Гробовите на другите свештеници се на самите краеви од храмот, додека овој е на средина. Ѕидовите на гробот се и понатаму неоштетени, па веруваме дека тој е недопрен. Ова е мистерија, бидејќи, иако имало разорен земјотрес, овие ѕидови се сеуште на своето место, изјавил за Дејли Меил Карабајрам.