дома блог страница 1321

Потпишан финалниот договор тежок две милијарди евра за изградба на пристаништето во Драч

Најголемото албанско пристаниште Драч е подготвено да го започне процесот на изградба откако попладнево Владата и компанијата „Игл Реал Естејт Девелопмент“ го потпишаа конечниот договор со кој се завршени сите законски процедури, јави Топ чанел.

Вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку рече дека ова е најголемиот проект во албанската економија со инвестиција од 2 милијарди евра.

– Ги завршивме долгите законски процедури, почнувајќи од одобрување на законот во парламентот, а потоа и указот од претседателот. Во овој проект за првпат државата е коакционер во износ од 35 отсто. Државата ќе ги има истите права во однос на приходите и профитот. Државата има одговорност да ги заштити стратешките добра како што се столбовите, басенот и каналот на пристаништето. Тие остануваат сопственост на државата, како и 45 отсто од сегашниот пристанишен простор, рече Балуку.

За инвеститорот Мохамед Алабар од Дубаи преговарачкиот процес бил болен, но, рече дека резултатот ќе биде фантастичен.

Заедно со премиерот Еди Рама ги истакна квалитетните работни места што ќе ги обезбеди проектот.

– Зад овој проект, кој без страв можам да кажам дека е најнапредниот во светот, дури и од оние во Дубаи, стои тим од млади Албанци, кои утре ќе го извезуваат своето знаење низ светот и верувајте ми, заминувањето во странство нема да биде привлечно за нив, рече Алабар.

Според Рама морнарицата на Драч ќе влезе како конкурент на глобалниот пазар.

– Ќе создаде квалитетни вработувања и многу добро платени работни профили за многумина кои веќе нема да имаат причина за оние кои сакаат да работат, да ја гледаат иднината во странство. Проектот ќе врати многу поединци не само од Драч, туку и од други места за работа во Албанија, најави Рама.

Во меѓувреме, паралелно со почетокот на работите во пристаништето во Драч, на 1 февруари ќе се одржи презентација на инженерската студија за комерцијалното пристаниште во Порто Романо.

Часовникот никако не смеете да го поставите на ова место во домот

Првото и основно правило е да го поставите часовникот во просторија каде има најмногу активности.

Ова е дневната соба во која членовите на семејството најмногу комуницираат и во која поминуваат најмногу време.

Исто така, добра опција е да го поставите часовникот во работната соба или канцеларијата. Корисно е да имате часовник кој ќе покажува колку време сте поминале на работа.

Има едно место кое не е добро место за чување часовник: во спалната соба. Таа соба се користи исклучиво за одмор, како и за постигнување сексуална енергија, каде времето е најмалку важно. Најдобро е часовникот да го поставите во дневната соба или во посебна просторија, каде што сите, па и гостите, ќе можат да го видат.

Има уште некои места каде според правилата на фенг шуи е добро да се чува часовник. Тоа се детската соба, како и просторијата за хранење на бебето. Најдобро е да користите само часовници кои немаат нишало или звук, туку дигитални.

Кај поголемите деца се користат часовници за децата да не доцнат на училиште, па добро е да поставите еден и во нивната соба. Часовниците кои се украсени со слики од четирите годишни времиња или кои ги прикажуваат сонцето и месечината, денот и ноќта се одлична комбинација за привлекување позитивна енергија кај децата.

Никогаш не ставајте го часовникот на овие места

Никогаш не треба да го ставате часовникот на ѕидот спроти влезната врата. На исток, според традицијата на фенг шуи, главниот елемент е дрвото. Затоа часовниците од метал никогаш не се поставуваат на ѕидовите, а најдобра замена за нив се оние од дрво, камен или пластика.

Поради одредениот ритам што се слуша за време на работата на механичките часовници, не го чувајте во спалната соба. Ритамот на срцето и часовникот што го слушате е различен и предизвикува неправилно чукање на срцето и нервоза на луѓето во таа просторија.

Не чувајте скршени часовници или часовници без батерии. Според обичаите на Фунг Шуи, скршените часовници внесуваат лоша енергија во домот.

Опожapен “голф” во Прилеп

На 29.01.2023 во ОВР Прилеп било пријавено дека на улица “Кеј 19 Септември” во Прилеп настанал пожap во патничко моторно возило “фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на М.И. (44) од Прилеп.

Пожapoт бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повpeдени лица нема.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Сега ќе се степаат кој да пyка со зоља: Руска компанија ќе исплаќа по цело богатство на вojниците кои ќе yништат тенк од НАТО

Руската компанија Форес соопшти дека ќе плати 72.000 долари во готовина на војниците кои први ќе уништат или запленат тенкови од западно производство во Украина, како и 7.200 долари за секој следен таков обид. Кремљ претходно вети дека руските сили ќе ги уништат сите западни тенкови кои и се испорачуваат на Украина, пишува Политика.

Во исто време компанијата од Урал, која се занимава со енергетската индустрија, најави и дека ќе плати награда од 215.000 долари за секој уништен борбен авион од западно производство, доколку некогаш биде испорачан во Киев.

САД, Германија и неколку други европски земји се подготвуваат да испратат десетици модерни борбени тенкови во Киев во следните неколку месеци за да помогнат во зајакнувањето на воениот капацитет на Украина.

Портпаролот на Кремљ ја критикуваше оваа одлука како опасна ескалација и рече дека тенковите ќе „горат“ на фронтот.

Во меѓувреме вооружените сили на Украина почнаа да го гранатираат регионот Белгород во Русија, а во артилерискиот напад има и повредени, соопшти гувернерот Вичасалв Гладков. Тој на Телеграм изјави дека артилеријата го гранатира селото Безљудовка, градскиот округ Шебекински, кое се наоѓа преку границата северно од украинската област Харков.

Според првите прелиминарни податоци, во артилерискиот напад се повредени две лица, пренесува Гардијан.

И тој крена раце: Нефи си даде ocтавка од coветник во Охрид

Советот на Општина Охрид на денешната седница ја прифати оставката на советникот Нефи Усеини, кој беше избран на последните локални избори од редовите на ДУИ.

Претседателот на Советот Сашо Донев во изјава за МИА посочи дека Усеини поднел неотповиклива оставка од лични причини.

– Денеска на седница на Совет беше констатирана неотповикливата оставка на советникот Усеини, истакна Донев.

Советот чека официјален допис од Општинската изборна комисија кој ќе дојде на местото на Усеини.

Охридскиот бизнисмен и досегашен советник Нефи Усеини е претседател на огранокот на ДУИ во Охрид.

Еве какво ќе биде времето оваа недела: Очекувајте снежна прекривка во овие денови

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено, попладне со делумно намалена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Следува период на променливо облачно и студено време. Во вторник локално ќе провејува слаб снег и ќе дува засилен северен ветер. Во среда ќе има преодно намалување на облачноста, а од четврток повторно повремено ќе има слаби врнежи претежно од снег.

Ново пocкапyвање на гopивата – еве по кои цени ќе се продаваат од полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 84,50 ден/лит.

Врие од арамии: Прилепчанец кpaдел на плац од фирма во Кривогаштани

На 29.01.2023 во 19.20 часот на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Џ.П.(40) од Прилеп.

Тој бил затекнат при кражба од плац на правно лице во с.Кривогаштани. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Уште едно бегство – 3атворите во Македонија како хотел “промаја” кој сака си оди

Уште еден затвореник му избега на „Сокол“ од затворот Скопје во Шуто Оризари. Второ бегство за две недели, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред два дена од затворот каде директор е Филип Андов Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево. И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот од пред две недели бил дел од таканареченото „слободно одделение“. Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години, по опсежна акција за апсење на нарко дилери, а од затворот Шутка бега на пет месеци пред истек на казната. Ова повеќе не може да се гледа како случајност, ова се системски пропусти, ако не и намерни системски пропусти. Ова повеќе не е држава, туку територија на мафијата, во којашто затвореници кога сакаат непречено излегуваат од затвор. Пред само две недели од Шутка си замина Нафи Абдиовски, затвореник со цел фотоалбум со цело СДС, власта му премолче на миленикот Сокол. Сега се случува уште едно бегство, а власта пак молчи и се крие. Уште колку затвореници треба да излезат од Шутка за да се побара одговорност? Мора ли крв да падне, како во Идризово, за да се реагира?, прашува Стоилковски.

Тој додава дека ваков дебакл нема никаде во светот, а СДС се уште си го чува Сокол за директор, а во затворската полиција луѓе коишто по наредба и по потреба ги обезбедуваат собирите на СДС.

-Затворите станаа решето, од нив бега секој што има врска со СДС, мафијата и нивните структури распоредени во затворската хиерархија. Потребни се оставки и одговорност и од миленикот на СДС, Филип Андов Сокол и од министерот за правда, Никола Тупанчевски. Ниту право, ниту правда, ниту систем има со СДС. Потребна е одговорност и таа ќе дојде по изборите, вели Стоилковски.

Прилепчанка нападната од свој сограѓанин во сопствениот двop

На 27.01.2023 во 17.40 часот во Полициска станица Прилеп, В.Б.(41) од Прилеп пријавила дека на 24.01.2023 во 20.00 часот, во нејзиниот двор во Прилеп, била физички нападната од Д.Р. од Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.