дома блог страница 1315

Лукот е многу здрав, но овие 5 групи на луѓе НЕ СМЕАТ да го јадат

Лукот е една од најздравите намирници чии чудесни лековити својства се неверојатни за општото здравје на организмот.

Луѓето уште многу одамна го користеле за лекување на бројни здравствени тегоби.

Содржи околу 400 активни состојки, а богат е со витамини и минерали како што се аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.

Но, и покрај сите овие лековити својства, сепак постојат 5 типа на луѓе кои не смеат да го консумираат.

Пациенти пред операција

Доколку се подготвувате во скоро време да се подложите на хируршки зафат, се препорачува да не консумирате лук најмалку две седмици претходно, за да не дојде до продолжено крвавење.

Лица со низок притисок

Оваа чудесна намирница го намалува крвниот притисок, па ако патите од низок притисок, може себеси да си нанесете повеќе штета отколку корист со негова консумација.

Луѓе кои имаат проблем со црниот дроб

Иако лукот има антибактериско и антивирусно дејство и може да ги елиминира бактериите и вирусите, не треба да се користи во спречување на вирусот хепатитис.

Имено, некои соединенија кои се содржат во лукот може да предизвикаат стимулации во желудникот и цревата, што може да ја инхибира секрецијата на дигестивниот сок во дигестивниот тракт. На тој начин влијае врз варењето на храната и влошува многу симптоми на хепатитисот, како што е мачнината.

Покрај тоа, некои од неговите компоненти ги намалуваат црвените крвни зрнца и хемоглобинот, што значи дека претераната употреба на лукот може да доведе до анемија.

Лица кои боледуваат од очни болести

Пациентите кои боледуваат од очни болести, особено оние со лошо здравје, исто така треба да го одбегнуваат лукот.

Традиционалната кинеска медицина промовира дека редовното консумирање на лукот во големи количини, во подолг временски период може да ги оштети очите и црниот дроб, но исто така и да предизвика губиток на памтењето, зуење во ушите и други здравствени проблеми.

Луѓе кои ги мачи дијареа

Пациентите кои патат од дијареа треба да го одбегнуваат сировиот лук, бидејќи неговиот состав може да ги стимулира цревата и да доведе до хронично воспаление и влошување на едемот.

Следете во живо: Четвртфинални дуели на турнирот во мал фудбал “Св. Никола”

За тие кои не успеаја да дојдат до влезница за вечерните исклучително интересни четфртфинални дуели на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2022”.

Секоја чест! Пивара Скопје дел од најголемата акција за чистење и пошумување (Фото/Видео)

Со засадување на 40 000 садници заокружена е големата акција Сончева Гора. Заедно со акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми во соработка со Мен енд Маунтен заедно со Пивара Скопје, Пакомак и Министерството за животна средина и просторно планирање успешно ја заокружија соработката потсетувајќи ги граѓаните и институцииите дека само со заеднично делување може да се подобри квалитетот на животот и да се допринесе кон одржлива животна средина

Во изминатите два месеци, се реализираше акцијата за пошумување на шумските насади наречена „СОНЧЕВА ГОРА“ во чии рамки Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Национални шуми, волонтерите на Пивара Скопје и локалното население засадија околу 40.000 дрва – 10.000 дрвја во Ќојлија (Петровец) и 30.000 дрвја во Велес, во близина на езерото Младост. Со оваа акција се реализираше ветувањето што беше дадено оваа пролет од Пивара Скопје, Мен енд Маунтен, и Пакомак поддржани од Министерството за животна средина и просторно планирање, по акцијата за чистење на отпад – „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022“ – за секои 10 килограми отпад што ќе се соберат, да се посади по едно дрво. Еко-акцијата беше спроведена во 26 општини ширум земјата, а во неа учествуваа над 8000 волонтери, со што заслужено го доби приматот – најмасовна еколошка акција коja досега била спроведена во нашата земја.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја поздрави акцијата и ја истакна важноста на ваквите акции и заложбата за заеднички придонес кон подобрување на квалитетот на живот во нашата држава. „Драго ми е што после ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, ова е прва од десетте вакви акции кои ќе следат. Тука сме да дадеме максимална поддршка, но воедно и да ги поттикнеме сите заедно да се приклучат. Зелената транзиција е еден од петте приоритети на Министерството, нашата цел и фокус е да го промениме начинот на размислување, навиките, но и да дадеме поддршка на она што значи живот. Секое едно дрво значи живот!“ изјави министерот Љупчо Николовски.

Генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ го изрази своето задоволство за неверојатниот успех и позитивни резултати од оваа акција и повика на уште поголема масовност во акциите што следат. „Горд сум на сите волонтери и Пиварци кои беа дел од оваа акција и им честитам од срце за постигнатиот успех! Заедно со нашите партнери посадивме 40.000 дрвја. За Пивара Скопје, ова е исклучително важно бидејќи ни помага да ги споиме двете најважни стратешки иницијативи – „Свет без отпад“ и сета посветеност која ја имаме за намалување на CO2. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите наши партнери да ни се придружат и заедно да ја направиме нашата земја уште подобро место за живеење,“ вели генералниот директор Горан Сладиќ.

Поздравувајќи ја иницијативата Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, им го честита успехот на организаторите на големата еко акција: „Трансформација на приближно 400 тони собран отпад во дрвни насади и со тоа создавање на „СОНЧЕВА ГОРА“ е видлив бенефит за сите! Ова е одличен пример како правилниот однос кон отпадот, волјата да се собира и рециклира, вклучувајќи иновативен пристап и креативност, од отпадот од минатото може да се гради зелена иднина“ истакна министерот Нуредини.

Целта на „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ и „СОНЧЕВА ГОРА“ е да се исчисти земјата од отпадот на минатото и да се рециклираат во зелена иднина во следните десет години – од 30-ти до 40-тиот роденден на нашата земја. „Сите слоеви на општеството надвор од сите етнички, социјални и политички граници ги здружуваат силите за да направат одржлива промена во начинот на кој постапуваме со нашата животна средина и управувањето со отпадот. Горди сме на сите луѓе во нашата земја, кои избраа да ја направат вистинската работа: чување и грижа за нашата земја со цел градење иднина за нас и за генерациите што доаѓаат“, споделија Гордана Софија и Ханес Јаецкл од Мен енд Маунтен.

Целокупната неопходна инфраструктура за собирање, селекција и соодветен третман на отпадот ја обезбеди Пакомак.

„Денешната акција е добар пример визуелно да се прикаже циркуларноста на отпадот. На секои 10 килограми отпад што ги собравме изминатиот период, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донираше по едно дрво кое денеска го садиме. Ова е уште еден доказ дека со селекција на отпад и правилно управување со истиот можеме да придонесеме за позелена планета, “ вели Филип Ивановски, Извршен директор на Пакомак.

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 22 се заокружува со пошумување на “СОНЧЕВА ГОРА 2022“ со приближно 40.000 садници, еквивалент на вкупниот отпад од приближно 400 тони, собран во 2021 и 2022 година. Организаторите изразија огромна благодарност до волонтерите кои несебично одвоија дел од своето време, ги „засукаа“ ракавите и ги извалкаа рацете, сè со цел да покажат дека чистата животна средина зависи од секој поединец!

Со нови сили и уште поголема мотивација организаторите продолжуваат кон остварување на целта, а тоа е 2031 – чиста и зелена земја.

Новогодишна и Божиќна магија во домот на семејството Мишески во прилепско Мало Коњари (Фото/Видео)

Семејството Мишески од прилепско Мало Коњари и оваа година го украсија својот семеен дом во различни бои во пресрет на Новогодишните и Божикните празници.

Човек треба да има желба и малку креативност и да направи нешто вака посебно, а со тоа да ги израдува своите најмали и да биде пример за сите останати.

Секоја чест! Нека Новогодишната магија во вашиот дом ги исполни сите желби на вашето семејство!

Српските медиуми пренесуваат: Отворен тестаментот на Синиша Михајловиќ

Фудбалска легенда, голем човек и борец, како на теренот така и надвор од него. Синиша Михајќовиќ ја загуби битката со тешката болест, но зад себе остави големо семејство предводено од неговата сопруга Аријана.

Миха беше погребан пред неколку дена во Рим со сите почести. Семејството, пријателите и многубројните обожаватели го испратија во вечниот дом, како што доликува на еден толку голем човек, а кога емоциите и шокот од овој трагичен настан стивнаа, во фокусот дојде поделбата на имотот.

Како човек кој во текот на својот живот важеше за еден од најдобрите фудбалери во италијанската лига, а беше успешен и како тренер, познато е дека во текот на кариерата стекнал и значително богатство, а како што објавија медиумите поседува луксузен стан во Рим, вила во Порто Черво, планинска куќа во регионот Абруцо…

-Без разлика на тестаментот, наследството на Михајловиќ ќе мора да го подели со неговиот вонбрачен син Марко. Тоа го бара Граѓанскиот законик. Тука е секако неговата сопруга Аријана, со која ги има ќерките Викторија и Вирџинија и синовите Мирослав, Душан и Николас – се вели во текстот на италијанскиот весник „Кориере Адријатико“.

На иницијатива на неговата сопруга Аријана, таткото и синот стапиле во контакт претходно, што се покажало како вистинска одлука.

– Признав татковство и ја презедов обврската да го издржувам и воспитувам. Тешко ми беше, срцето ми се кршеше секогаш кога ќе помислам на него. Морав да бидам цврст и да истраам во намерата да не се гледаме додека не стане полнолетен, за потоа како возрасни да разговараме за се, да изградиме цврста врска без недоразбирања кои произлегуваат од незрели младешки постапки – изјави Синиша на времето без да ги прикрие своите емоции.

Зеленски: “Се вратив во Киев! Сега работиме на конечната победа”

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се вратил во Киев по посетата на Вашингтон.

„Работиме на победа“, рече Зеленски, пренесува Ројтерс.

За време на престојот на Зеленски во Вашингтон, САД најавија дека ќе испратат ракети „Патриот“ во Украина, на што Кремљ одговори со тврдење дека тоа нема да придонесе за решавање на конфликтот, ниту да ја спречи Русија да ги постигне своите цели во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ракетите „Патриот“ се „прилично стари“ и дека Москва има одговор на тие проектили.

Јапонскиот амбасадор го посети царството на вкусови во Прилеп (Фото)

Н.Е. Амбасадорот Савада Хиронори, деновиве оствари работна посета на ПИ Витаминка АД Прилеп. Во рамките на посетата, чиј домаќин беше Претседателот на Одбор на директори Симон Наумоски, како и директорите Наташа Стојковска и Владимир Трпаноски, делегацијата имаше можност да се запознае со работењето на компанијата, финансиските резултати, деловните активности, како и со производствениот асортиман и со производствените можности.

Во текот на посетата беа истакнати големиот број инвестиции и проекти што ги реализира „Витаминка“ во континуитет, како и определбата и фокусот на компанијата во делот на извозната политика и големиот број проекти и заложби во делот на општествената одговорност.

Амбасадорот посети и неколку производствени погони каде имаше можност директно да се запознае со производствениот процес, како и високата технологија на производство на Витаминка.

(Фото галерија) Преполна сала – Зоврива атмосферата пред полуфиналињата во сабота

Целосно зоврива атмосферата на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2022” во Прилеп. Изминатите денови публиката уживаше во извонредни осминафинални дуели.

Многу неизвесност, многу голови, многу фудбалска емоција…

Вечерва 8-те најдобри на турнирот ќе ги одиграат своите четвртфинални натпревари и тоа:

19:00 СКАРА НА КИЛО „КАЈ КУСИО“ – ЗОНА ПРЕМИЕР
20:30 ВИТАЛИЈА ВЕТАЏОКА – ВЛАВ ШПЕД

21:30 ГОСТИЛНИЦА „КАЈ МЕЧЕ“ – РУСТИКА КЕТЕРИНГ
22:30 ГОСТИЛНИЦА „КАЈ ЏЕК“ – АНДРИНИКО

Во 18:00 часот започнува полуфиналето во пионерска конкуренција од генерација 2010 помеѓу МОТО ЦЕНТАР и ПЕРАК, додека во 20:00 часот ќе гледаме ревијален натпревар од генерација 2015!

Се гледаме во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп!

Прилепска компанија држи лекции за општествена одговорност (Фото)

Компанијата Иннацо Мак ДОО од Прилеп која се занимава со производство на душеци, наддушеци и перници е вистински пример за тоа како треба да се однесува една општествено одговорна компанија.

Бројните донации на Инако, од 2015 до денес, помогнале на голем број установи ширум државава, особено болниците, да добијат современ асортиман од нивната богата палета на производи, а со тоа и поквалитетни услуги за пациентите и граѓаните.

Последната донација во перници се случи пред 2 дена за ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан” во Охрид.

Претходно вакви донации, во перници и душеци, доби и болницата за анимација, реанимација и интензивно лекување во Битола, а нови перници, наддушеци и чаршави добија и Одделот за трансфузиологија во Прилеп, како и Клиничкиот центар “Мајка Тереза” во Скопје.

Инаццо Мак Доо има донирано свои производи и на голем дел социјално загрозени семејства. Овој позитивен пример треба да биде поттик и за сите останати компании кај нас, колку можат да ги поддржат државните институции, но и оние семејства на кои им е најнеопходна помош.

Балканскиот Ерусалим подготвен за најлудата ноќ: Еве каква музичка програма нуди Охрид за Новогодишната ноќ

Петар Нечовски, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Диџеите Багзи и Јана Slayy ќе настапат на Охридскиот плоштад за дочекот на Новата 2023 година.

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска на прес-конференција информираше дека Новогодишната програма ќе почне на 31 декември, напладне со настап на хорот при КУД „Гердан”, а од 13 до 15 часот ќе се одржи новогодишна театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз” и мјузиклот „Трите прасиња”. Новогодишната програма, додаде, ќе продолжи на 1 јануари точно напладне со настап на Марија Савеска и групата „Камелеон” на градскиот Плоштад и проектот „И повторно Евергрин”, кој ќе го изведат Лидија Кочоска, Влатко Груевски и Андреа Наунов.

-Очекуваме бројни туристи од земјава и странство и она што можам да ветам е весел и незаборавен дочек за 2023 година на градскиот Плоштад во Охрид. Ги поканувам сите сограѓани и добронамерници да бидат дел од оваа убава новогодишна забава во нашиот прекрасен град, рече градоначалникот.

Општината, додаде, ќе се погрижи и за организација на забавниот дел за Богојавленските празници.

-Она што во моментов е потврдено е дека по чинот на осветувањето и фрлањето на светиот крст во езерските води на 19 јануари на плоштадот „Св. Климент Охридски” ќе настапи групата „Чалгија SOUND SYSTEM”, истакна Пецаков.

Останатите детали, нагласи, ќе бидат соопштени по одржување состанок на Координативното тело, кое се организира за оваа најмасовна црковно-културна манифестација во земјава.

За Новогодишните и Богојавленските празници од буџетот на Општина Охрид се издвоени два милиони денари.