дома блог страница 1316

Балканскиот Ерусалим подготвен за најлудата ноќ: Еве каква музичка програма нуди Охрид за Новогодишната ноќ

Петар Нечовски, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Диџеите Багзи и Јана Slayy ќе настапат на Охридскиот плоштад за дочекот на Новата 2023 година.

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска на прес-конференција информираше дека Новогодишната програма ќе почне на 31 декември, напладне со настап на хорот при КУД „Гердан”, а од 13 до 15 часот ќе се одржи новогодишна театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз” и мјузиклот „Трите прасиња”. Новогодишната програма, додаде, ќе продолжи на 1 јануари точно напладне со настап на Марија Савеска и групата „Камелеон” на градскиот Плоштад и проектот „И повторно Евергрин”, кој ќе го изведат Лидија Кочоска, Влатко Груевски и Андреа Наунов.

-Очекуваме бројни туристи од земјава и странство и она што можам да ветам е весел и незаборавен дочек за 2023 година на градскиот Плоштад во Охрид. Ги поканувам сите сограѓани и добронамерници да бидат дел од оваа убава новогодишна забава во нашиот прекрасен град, рече градоначалникот.

Општината, додаде, ќе се погрижи и за организација на забавниот дел за Богојавленските празници.

-Она што во моментов е потврдено е дека по чинот на осветувањето и фрлањето на светиот крст во езерските води на 19 јануари на плоштадот „Св. Климент Охридски” ќе настапи групата „Чалгија SOUND SYSTEM”, истакна Пецаков.

Останатите детали, нагласи, ќе бидат соопштени по одржување состанок на Координативното тело, кое се организира за оваа најмасовна црковно-културна манифестација во земјава.

За Новогодишните и Богојавленските празници од буџетот на Општина Охрид се издвоени два милиони денари.

peculiar attraction of solitude..


фотографија – Шлакески Маринко –
„ЛОРА“ (2013) – Шлакески Маринко (драмски текст – извадок)

(Мала соба во полумрак. Во едниот агол стара дрвена комода, врз неа голем резбарен часовник. До комодата тоалетна маса со огледало и фиоки. На спротивната страна тркалезна маса прекриена со кадифена црвена покривка; до неа седи Лора облечена во пижама и наметка, со распуштена коса и со траги од долга несоница. Се слушаат отчукувања од часовникот. Со главата потпрена на маса, Лора отсутно гледа во подот)

ЛОРА: (уморно) Беше вчера.. или можеби денот пред тоа.. Врнеше.. и го слушав, исто како сега.. Спиев.. всушност не.. Не спиев, само сонував без да спијам. Како што сонувам секогаш кога не спијам. А не можам да спијам, бидејќи слушам.. отчукува.. секоја минута, секој миг.. Секогаш точно и секогаш навреме.. Можам точно да знам кога прави пауза.. голема.. мала.. пауза. Само во едно негово свртување можам да го сместам целото мое живеење, секоја моја трага која останува по мене.. Постојано со таа негова студена точност.. и брои.. Бројам и јас со него..

(се исправа на столицата)

Пред некој ден излегов во дворот и го оставив таму.. сам, таму да брои. Се вратив, помислив ќе можам да спијам.. да ги средам на миг моите мисли, да појдат секоја на своето место. Наместо тоа, кога се вратив, тој беше тука! На истото ова место! Мислев не е јаве, сигурно било сон. Но не беше. Дури ми се чинеше како сега да брои уште појасно.. и уште посилно.. Ја отворив вратата, излегов во дворот, мислев некој го донел назад.. но.. (се преиспитува) Сигурно имало некој кој го вратил назад, мислејќи сум го заборавила во дворот. Сакав и јас да мислам дека е така, но.. надвор немаше никој. Потрчав на улица, мислев ќе видам некого и ќе му кажам дека, да, јас го оставив часовникот во дворот за да можам да поспијам, да се одморам.. Но и дека ќе го вратам пак назад во мојата соба.. Мене само ми треба малку време.. за себе.. тоа ќе им кажев, бидејќи тоа негово отчукување.. броење.. тој негов студен метален звук.. Не сака да ми даде мир.. а сама не можам да го имам..

Ajде аирлија: Пpoceчната плата за октомври пораснала на 33.104 денари

– Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 33 104 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 13,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19,6 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,3 проценти) и Преработувачка индустрија (17,6 проценти).

Како што наведува ДЗС, зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,7 проценти), Други услужни дејности (3,9 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (3,2 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 49 585 денари.

Иcчезнат е 64-годишен крушевчанец, семејството моли за помош

Вчера, 22 декември, околу 11,оо часот , исчезна 64 -годишниот, Киро Пупуноски од Крушево. Човекот последно е виден на безбедносните видео камери како го напушта својот дом. Облечен е во црна блуза, јакна и црни тренерки со бели траки.

Лицето е деменција. Напуштајќи го својот дом се упатило во непознат правец. Полицјата трага по исчезнатиот.

Семејството бара помош и апелира секој еден кои го има забележано ова лице да ги контактира на тел:078 466 516

ВНИМАВАЈТЕ: На овие патни правци утрово магла

Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 метри има на патниот правец Скопје – Желино – Тетово – Гостивар и од 100 -150м. на патниот правец Неготино – Демир Капија – Смоквица. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16 декември урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Маестрален Новогодишен концерт на музичкото училиште од Прилеп пред преполна сала со публика (Фото галерија)

Со маестрален концерт пред преполната сала во Центарот за култура “Марко Цепенков”, основното музичко училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” од Прилеп го одржа својот традиционален Новогодишен концерт.

Празничниот дух и новогодишната еуфорија во Прилеп се будат токму со овој настан. Новогодишниот концерт на музичкото училиште оваа година имаше посебно значење.

Имено, оваа година се одбележуваат 80 години од смртта на патронот Ордан Михајлоски- Оцка и 80 години од создавањето на неговата песна “А бре, Македонче” – химната на партизанското движење во Македонија.

И оваа година публиката имаше можност да ужива во изведбите на учениците од сите инструментални оддели од училиштето, како и поранешни ученици, а сега дел од државните музички училишта, факултети како и дипломирани музичари.

Секако, тука беа и ученичките хорови, хорот од наставниците и оркестарот од училиштето.

При ископ на кабел за ЕВН настанал голем дефект: Жителите на оваа улица во Прилеп ќе бидат без вода до утре наутро

ЈКП Водовод и канализација Прилеп ги известува жителите на ул. “Димитрија Чуповски” дека водоснабдувањето е во прекин поради дефект при ископ на кабел за ЕВН.

-Екипите на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп од 16ч. се на терен, но поради големината на дефектот жителите на оваа улица ги замолуваме на трпение се до санација на истиот. Највероватно прекинот на водоводната линија ќе биде до утринските часови – стои во соопштението.

Витаминка ќе ви каже што е тоа општествена одговорност: Донирана лабораториска опрема во СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп (ФОТО)

Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ Прилеп за потребите на училишната лабораторија доби донација од Витаминка, лабораториска опрема. Станува збор за нова и за користена но функционална опрема на која што учениците ќе може да учат но и да изведуваат потребни експерименти соодветно наставниот план.

„Донацијата се состои од: микроскоп и аналитичка вага, различни лабораториски садови, реагенси за изведување на лабораториски експерименти, со што ќе допринесеме за подобро и поквалитетно образование на нашите идни лекари, медицински сестри, фармацевти, технолози“, изјави Натали Петреска, директор на Контрола во Витаминка.

Витаминка има воспоставено редовна соработка со локалните основни и средни училишта во рамките на што често одговара на потребите на училиштата со разни донации и помош, но и со едукативни тури во капацитетите на компанијата каде што учениците се запознаваат со процесите и методите на Витаминка коишто им се предмет на изучување.

Прилепските училишта ООУ “Кочо Рацин” и СОУ “Ристе Ристески-Ричко” ги одбележаа своите патрони празници (Фото)

Делегација од ООУ „Кочо Рацин“-Прилеп, преставници од училиштето како и од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп и делегации од останатите училишта од Прилеп, во чест на раѓањето 22 декември, на еден од најистакнатите македонски автори и основач на современата македонска литература, Кочо Рацин, денеска се поклонија и положија цвеќе на бистата во училиштето и на Могилата на непобедените.

Во спомен на патрониот празник дел од учениците од ООУ „Кочо Рацин“- Прилеп подготвија и пригодна програма во театарот „Војдан Чернодрински“ каде беа рецитирани стиховите од херојот и поетот, Кочо Рацин.

Во знак на почит кон својот патрон и СОУ „Ристе Ристески Ричко“ го одбележаа патрониот празник, 21 декември.

Во чест на патронот бројна делегација од училиштето, преставници од останатите училишта од градот и од Општина Прилеп и Советот на општината, положија цвеќе на споменикот Методија Андонов Ченто и на Могилата на непобедените. А во чест на патронот во училиштето беше одржана и свечена академија пред присутните гости и претставници на локалната власт.

КБ Пензиско друштво и Амбасадата на Словенија донираа креветчиња, постелнини и играчки во прилепските градинки

Денеска ЈОУДГ „Наша иднина“ доби донација од компанијата КБ Прво Пензиско друштво и Амбасадата на Р.Словенија во Р.Македонија. Донацијата од 10 бебешки крветчиња, постелнина, 10 транспортни креветчиња, душеци и нови играчки беа распределени во детската градинка „Гоце Делчев“.

Донацијата лично ја предаде Амбасадорот на Република Словенија, Н.Е, Милан Предан, и директорката на компанијата КБ Прво Пензиско друштво, Весна Стојановска. При оваа прилика тие истакнаа дека се среќни што донацијата стигна во вистинските раце -„Сакавме да направиме нешто за заедницата и сме среќни што децата ќе имаат подобри услови во градинката. Донацијата е по повод Новогодишните празници и Денот на независноста на Р.Словенија “ –рекоа донаторите со надеж дека ќе пробудат интерес и кај други компании да донираат во развојот на децата од предучилишната возраст.

„Новогодишните и Божиќните празници се прекрасни денови за нови пријтелства, за благодетност и дарување. И, еве, токму во овие убави предновогодишни и божиќни празници, дечињата од Јавната Општинска Установа, Детска Градинка „Наша иднина“добијаа донација од нашиот братски народ од Република Словенија. Во оваа прилика сакам да им ги честитам Божиќните празници на граѓаните на Р.Словенија, да им се заблагодарам за подароците за нашите дечиња и да им го честитам Денот на независноста на Р.Словенија, 26-ти Декември! Се надевам дека пријателство на нашите два народи ќе остане вечно! – при оваа прилика се заблагодари градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски.

Иницијативата за оваа донација ја покрена Советот на родители од градинката „Гоце Делчев“ а дечињата од градинката се заблагодарија со изведба на пригодна музичка програма,во која сите присутни уживаа.