Eвропските вредности на дело: Демолиран македонскиот културен клуб во Благоевград

Синоќа е демолиран Македонскиот културен клуб во Благоевград, Никола Јонков Вапцаров, дознава НОВА. Вандализмот бил пријавен во 21:40 часот во локалната полициска станица.

При патрола, бугарската полиција забележала дека е скршено стаклото на македонскиот клуб на улицата „Димитар Димов“ во Благоевград. Четири камења се пронајдени пред клубот, дознава НОВА.

За среќа во настанот нема повредени Македонци.

Инаку пред малку Основниот суд во Крива Паланка им изрече парични казни и мерка протерување од Македонија на бугарскиот пратеник и уште двајца бугарски државјани кои утрово нападнаа македонски полицајци на граничниот премин Деве Баир.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.