дома блог страница 1314

Да застанеме со Весна во оваа битка: Хуманитарен концерт на 27 декември во Арт Кафе – Апореа

Прилепчани се секогаш тука кога е најпотребно! Хуман Прилеп е повторно на потег – да и помогнеме на Весна во оваа тешка битка.

Во продолжение ви ја пренесуваме пораката од семејството на Весна:

– Прекрасни луѓе, славете го животот секое ново утро и секој ден како последен, бидејќи тој нема цена. Секој ден е нова надеж, а со наша помош таа расте. Голема благодарност до сите роднини, пријатели, колеги, познаници и непознати кои ја поддржувате Весна во нејзината битка.

Ајде сите заедно да бидеме хумани и да и помогнеме на оваа жена, мајка, другарка, пријателка, а пред се голем борец.

На ден 27.12.2022 (Вторник) ќе се одржи хуманитарен концерт по повод битката со “чудовиштето” канцер. Концертот ќе се одржи во Арт Кафе – Апореа, а ќе настапат The Hounds и Cyrillic. Влезот е со симболична цена од 100 денари.

Научна средба по повод чествувањето на 80 години од загинувањето на “Ордан Михајлоски-Оцка”

По повод чествувањето на 80 години од загинувањето на патронот на општинското музичко училиште Ордан Михајлоски-Оцка, за прв пат беше организирана научна средба на која се разговараше за живот и творештвото на Оцка во литературата и музиката.

Од предавачите на овој научен собир г-дин Рубинчо Белчески – кустос при прилепскиот музеј и проф. д-р Александар Трајкоски, професор по музички науки на универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА во Скопје и воедно внук на Ордан Михајлоски-Оцка, посебен осврт беше даден на најзначајното дело напишано во тој период, песната „А бре Македонче“.

Презентирањето на сите детали од историјатот на оваа песна, од нејзиното создавање па се до нејзиното користење во многу филмови, манифестации, како и откривањето на авторството беше проследено со големо внимание од сите колеги на основното музичко училиште, сегашни и поранешни ученици во училиштето, како и гости, односно потомци од фамилијата на Ордан Михајлоски – Оцка.

За прв пат од страна на семејството беа прикажани фотографии од животот на Оцка, како и презентирана неговата единствена издадена песна „Во Пепелиште“ напишана во 1938 година а објавена за прв пат во списанието Нов Ден бр. 50 во 1950 год.

Овој настан беше заокружен со врачување на благодарници од страна на директорот на музичкото училиште на предавачите, за нивната соработка и придонес во чествувањето на овој јубилеј. Благодарница на протоереј Златко Ангелески за неговата неизмерна поддршка и соработка во дигитализацијата на училишниот архив, како и на сите поранешни ученици од музичкото училиште кои без двоумење ја прифатија поканата да учествуваат на јубилејниот концерт организиран од музичкото училиште и Општина Прилеп како покровител на овој настан.

Кулминација на турнирот во мал фудбал “Св. Никола” во Прилеп: Вечерва бoрба за влез во големото финале

Кулминација на турнирот во мал фудбал “Свети Никола 2022”

Вечерва во салата на ОУ „Добре Јованоски“ се полуфиналињата во сениорската конкуренција.

Во 19 часот се среќаваат Скара на кило „Кај Кусио“ (Прилеп) – Гостилница „Кај Мече“ (Скопје) и Гостилница „Кај Џек“ (Охрид) – Виталија Ветаџока Стара фурна (Прилеп/Скопје).

Четирите најдобри екипи вечерва ќе се борат за влез во големото финале и наградниот фонд за првото место во вредност од 240.000денари.

Овие екипи вчера постигнаа убедливи победи во четвртфиналните дуели: Скара на кило „Кај Кусио“ – Зона премиер (Скопје) 5:1, Виталија Ветаџока Стара фурна – Влав шпед (Крушево) 5:1, Гостилница „Кај Мече“ – Рустика кетеринг (Прилеп) 3:0, Гостилница „Кај Џек“ – Андринико (Скопје) 5:3.

Нека победат најдобрите! Се гледаме во сала!

Во продолжение и линк за следење на натпреварите во живо: https://www.youtube.com/@Markov_Gard/streams

Дедо Мраз дојде во Прилеп – се спушти по Градскиот Саат и донесе пакетчиња за голем број дечиња (Видео)

Група ентузијасти кои имаат за цел да им ги разубават Новогодишните празници на прилепчани, и оваа година по трет пат го повикаа во Прилеп дедото со бела брада, а тој овој пат се спушти со јаже по Градскиот Саат во центарот на градот.

Дедо Мраз донесе колетчиња за дечиња од ООУ “Добре Јованоски” и дечиња од социјално загрозени семејства, но и за голем број други дечиња кои случајно поминаа во центарот на градот.

Еден убав настан кој заслужува пофалби, а се надеваме дека ваквата иницијатива во иднина ќе биде поддржана од голем број компании, со цел да Дедо Мраз да израдува што поголем број дечиња.

Убавина! Дедо Мраз со балон дојде во Кисела Вода и донесе пакетчиња за преку 3.000 дечиња (Фото галерија)

Со голем балон на топол воздух, Дедо Мраз денес слета во паркот во Кисела Вода и донесе пакетчиња за преку 3000 дечиња. Ова беше финалето на новогодишниот настан кој го организираше Општина Кисела Вода и кој за најмладите овозможи двочасовна забава-театарска претстава од општинските градинки и концерт на изведувачите од детскиот фестивал „Поточиња“.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ја истакна желбата на локалната самоуправа да им ги разубави празниците на сите граѓани и да им овозможи на најмладите со подарок и со спектакуларен настан кој ќе го паметат да ја испратат старата и дочекаат Новата 2023 година.

-Новогодишниот период е време кога ja прославуваме радоста, кога еден на друг си посветуваме повеќе внимание, кога со возбуда го очекуваме новиот почеток кој треба да донесе здравје, среќа, успех и други убави нешта за нашите најсакани. Се чини дека најважни за сите нас, сепак, се децата чии желби се најискрени и најтопли. Општина Кисела Вода одлучи да им ги разубави празниците на сите најмлади, да направи нешто несекојдневно за нив и силно верувам дека денешниот настан ќе го паметат долго време. Нашата честитка годинава изгледа вака- со театарска претстава, со концерт на омилените “Поточиња” и со новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои се тука присутни. Нив ги донесе Дедо Мраз, а тој, како никаде и никогаш досега, само за децата од Кисела Вода, пристигна со балон. Со настан за паметење да започнеме нова година за паметење-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, честитајќи ја уште еднаш Новата 2023-та година и додавајќи дека овој настан ќе премине во традиционален.

Отворен СН Мото Центарот – нова супер модерна станица за технички преглед по европски стандарди во скопскиот регион (Фото галерија)

Со сечење на црвената лента и богата музичка програма синоќа свечено беше отворен СН Мото Центарот – нова и современа станица за технички преглед во скопскиот регион, која ги задоволува највисоките европски стандарди во функција на поголема безбедност во сообраќајот.

СН Мото центарот е инвестиција на СН Осигурителен Брокер АД Битола, тешка 2,4 милиони евра. Центарот е мултифункционален објект кој се простира на 6.000 метри квадратни, лоциран на улица Калош Дани број 22, Момин Поток-Карпош во Скопје. СН Мото Центарот располага со 1.847 метри корисна површина, како и со најсовремена опрема и стручни кадри. Во неговото функционирање се вложени искуството и традицијата на квалитет по кои СН Групацијата е препознатлива.

Црвената лента ја пресекоа првите луѓе на СН Групацијата, Христо Кондовски, Претседател на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола и Зоран Пејчиновски, Главен извршен директор на СН Осигурителен Брокер АД Битола.
На свеченото отворање тие порачаа дека визијата е СН Мото Центарот да прерасне во синоним за квалитетна и ефикасна услуга на задоволство на возачите во скопскиот регион во функција на поголема безбедност во сообраќајот.
Покрај технички преглед, возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, Цемт сертификати, Хомологација, ПТЕУ, Меѓународна возачка дозвола, Полномошно и Пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен Брокер АД Битола се нудат и сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.

Тука се нудат и услугите на Центарот за обука на професионални возачи, односно обука и полагање со кои се добиваат сертификати за управител, АДР возач, советник за безбедност и професионален возач. Во СН Мото центарот е сместен и шалтер за издавање на тахографски картички, како и тир карнети и Т1.

Во присуство на голем број гости, соработници и партнери на компанијата, како и вработени во СН Групацијата по повод свеченото отворање беше организирана богата музичка програма во чии рамки настапи камерното дуо во состав на Марија Вршкова, пијано и Владимир Костов, виолина – годинашни добитници на СОКОМ наградата, кои неодамна настапија на Менхетн во Њујорк.

Свеченото отворање на СН Мото Центарот беше заокружено со перформанс на трите музички и визуелни магионичарки од триото „Тринити Стрингс“, Ирена Стојановска и Александра Мирсинова на виолина и Марта Куч на виолочело, трите дел од ансамблот на Македонска Опера и Балет. Гостите ги забавуваше и DJ BRUS.

Aмерика под снег и мраз: Над 200 милиони Американци во студ ќе ги дочекаат празниците

– Повеќе од 200 милиони луѓе во САД се засегнати од студот и невремето проследено со мраз и снежни виулици што го зафати континентот во деновите пред престојните празници.

Мразот и опасните услови го пореметија одвивањето на сообраќајот во поголемиот дел од земјата, со откажани илјадници летови.

Во многу сојузни држави условите се премногу опасни за возење, предупредуваат властите, бидејќи милиони Американци излегуваат на патиштата и се упатуваат кон аеродромите за да ги прослават престојните божикни и новогодишни празници.

Со денеска на пладне се регистрирани повеќе од четири илјади откажани летови, а најпогодени се аеродромите во Сиетл на северозапад, Њујорк, Чикаго на север и Детроит.

Во округот Ири во американската сојузна држава Њујорк беше прогласен и полициски час.

Повеќе од милион Американци денеска напладне останаа без струја во сојузните држави Северна и Јужна Каролина, Конектикат и Тексас.

Проценките на Американското здружение на возачи се дека околу 112 милиони луѓе треба да поминат најмалку 80 километри во периодот од денеска до 2 јануари.

Неколку држави прогласија вонредна состојба, како што се Њујорк, Оклахома, Кентаки, Џорџија и Северна Каролина.

Интензивни врнежи од снег се регистрирани во северните делови на САД, особено во регионот на Големите езера.

Отворена изложбата “Моите соништа на монументалните платна” на добитникот на Третоноемвриска награда за животно дело, Кирил Гегоски-Гегата

Во Ликовната галерија синоќа, 23.12.2022, беше отворена изложбата на слики “Моите соништа на монументалните платна”од нашиот уметник Кирил Гегоски-Гегата.

Уметникот се претставува со две големи платна и повеќе студии акрил на платно создавајќи кохерентна ликовна целина.

Според Викторија Димеска, историчар на уметност, Гегоски создал нови апстрактно асоцијативни конотации и донесува нова концептуална свежина.

-Со промислено и внимателно распоредување на асиметричните форми уметникот создал хармонични и обединети композиции.Вметнувајќи ги кривите и динамични линии ја разигрува конструкцијата и ги дефинира асоцијативните форми.
Со вибрантната колоритна звучност и тонската одѕвонувачка чистина Гегоски го поедноставил сложениот катактер на материјата и ја усовршил функцијата на бојата – рече на отворањето на изложбата Викторија Димеска.

Лукот е многу здрав, но овие 5 групи на луѓе НЕ СМЕАТ да го јадат

Лукот е една од најздравите намирници чии чудесни лековити својства се неверојатни за општото здравје на организмот.

Луѓето уште многу одамна го користеле за лекување на бројни здравствени тегоби.

Содржи околу 400 активни состојки, а богат е со витамини и минерали како што се аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.

Но, и покрај сите овие лековити својства, сепак постојат 5 типа на луѓе кои не смеат да го консумираат.

Пациенти пред операција

Доколку се подготвувате во скоро време да се подложите на хируршки зафат, се препорачува да не консумирате лук најмалку две седмици претходно, за да не дојде до продолжено крвавење.

Лица со низок притисок

Оваа чудесна намирница го намалува крвниот притисок, па ако патите од низок притисок, може себеси да си нанесете повеќе штета отколку корист со негова консумација.

Луѓе кои имаат проблем со црниот дроб

Иако лукот има антибактериско и антивирусно дејство и може да ги елиминира бактериите и вирусите, не треба да се користи во спречување на вирусот хепатитис.

Имено, некои соединенија кои се содржат во лукот може да предизвикаат стимулации во желудникот и цревата, што може да ја инхибира секрецијата на дигестивниот сок во дигестивниот тракт. На тој начин влијае врз варењето на храната и влошува многу симптоми на хепатитисот, како што е мачнината.

Покрај тоа, некои од неговите компоненти ги намалуваат црвените крвни зрнца и хемоглобинот, што значи дека претераната употреба на лукот може да доведе до анемија.

Лица кои боледуваат од очни болести

Пациентите кои боледуваат од очни болести, особено оние со лошо здравје, исто така треба да го одбегнуваат лукот.

Традиционалната кинеска медицина промовира дека редовното консумирање на лукот во големи количини, во подолг временски период може да ги оштети очите и црниот дроб, но исто така и да предизвика губиток на памтењето, зуење во ушите и други здравствени проблеми.

Луѓе кои ги мачи дијареа

Пациентите кои патат од дијареа треба да го одбегнуваат сировиот лук, бидејќи неговиот состав може да ги стимулира цревата и да доведе до хронично воспаление и влошување на едемот.

Следете во живо: Четвртфинални дуели на турнирот во мал фудбал “Св. Никола”

За тие кои не успеаја да дојдат до влезница за вечерните исклучително интересни четфртфинални дуели на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2022”.