200 eвра си се 200 евра…

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил напиша дека ние Македонците сме гостопримлив народ за сите со добра мисла кои сакаат да ја посетат нашата земја

„Секој кој со добра мисла сака да ја посети нашата убава земја е добредојден. Крива Паланка покажа што е патриотизам и како не се потклекнува на навредите и провокациите. Горд сум на професионалноста на сите полициски службеници на граничниот премин Деве Баир и на мојот другар Дарко“, пишува тој.

Неговиот пост се однесува за професионалноста на полицајците и недоличното однесување на Бугарите кои добија парична казна и три годишна забрана за влез во Македонија. Но, еден од приведените синоќа преку Фејсбук нудеше награда од 200 евра за оној кој ќе го открие името и презимето на еден од полицајците на граничниот премин Деве Баир, па министерот Николовски на ФБ им го даде името – бeсплатно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.