дома блог страница 1313

Следете во живо: Ветераните на Победа и Пелистер како најава за големото финале

Вечерва завршува традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2022”. Во големото финале со почеток од 19:00часот, ќе се борат екипите на СКАРА НА КИЛО „КАЈ КУСИО“ и ГОСТИЛНИЦА „КАЈ ЏЕК“. Овие две екипи ќе се борат за шампионскиот пехар, како и за парична награда во вредност од 240.000денари.

Пред големото финале, публиката ќе има и можност да го погледне ревијалниот натпревар помеѓу ветераните на Победа и Пелистер, а линкот за следење во живо на овој натпревар е во продолжение:

Прилеп веќе 7 мeceци има бyгapcко здpyжение: “Јас cyм пpилепчанец, кој си се чyвcтвyва како Бyгapин”, вели пpeтceдателот на здpyжението Мpcecки (Видео)

Јас сум прилепчанец, кој себе си се чувствува како Бугарин од Македонија. И бидејќи во Прилеп има многу Бугари, а кои поради свои лични причини и мислења, не го искажуваат својот став за етничката припадност, одлучив Здружението на Бугарите „Југ“ да го регистрирам во Прилеп, вели Зоран Мрсески.

– Целта на ова Здружение не е да прерасне во Клуб, туку институционално да се бориме против дискриминацијата на малцинствата во Македонија, вели за ТВ Алфа, претседател на Здружението на Бугарите „Југ“, Мрсески, кој одамна не живеел во Прилеп.

Тој изјавил дека е македонски Бугарин кој живее и ќе живее во Македонија.

– Видете, јас сум македонски Бугарин. По потекло сум Бугарин, сум пораснал во Македонија и планирам да живеам во Македонија. Не може тоа мене никој да ми го оспори како јас ќе се чувствувам, нели, тоа си е мое лично демократско право, како и на секој еден граѓанин. Ние во нашето Здружение имам членови од сите етнички заедници, вели Мрсески.

По однос на поплаката која што тој и неколку негови истомисленици од Македонија пред неколку дена ја упатија во Софија пред пратениците од парламентарната Комисија за Бугарите во странство дека Бугарите во Македонија биле систематски дискриминирани, дури тој однос споредувајќи го со војна, Мрсески вели дека тоа се однесувало на насилствата кои се случиле во Битола и Охрид.

– Сите знаеме што се случи во Битола, сите знаеме што се случи во Охрид и вие како новинари не го осудивте тој чин. Видете насилството мора да се осуди од било која етничка заедница да се прави насилство. Во тој случај, значи едноставно се води војна против Бугарите,тврди Мрсески.

Запрашан за тоа како Македониците се чувствуваат во Бугарија, ако се знае со какви проблеми тие се соочуваат таму и колку се обесправени, Мрсески се прогласи за ненадлежен да го коментира тоа, препорачувајќи Македонците во Бугарија тоа да си го решавале со бугарската држава, како што тој, како Бугарин тоа го правел со македонската држава.

Инаку, откако вчера Алфа откри дека во Прилеп веќе седум месеци постои Здружение на Бугарите, прилепчани бурно реагираа на социјалните мрежи. Според нивните коментари, зачестеното отворање на бугарски здруженија и клубови во Македонија, била тивка окупација на македонските градови.

Здружението на Бугарите „Југ“ во Централниот регистар е регистрирано во мај годинава, со седиште на улицата „Максим Горки“ бр. 126, каде живеат родителите на Мрсески.

KAРОЛИНА ДУРЛО ЗА “АЛФА ТВ”

Гимназиска поетска вечер – “Со љубов за Рацин”

„Со љубов за Рацин“, оваа година учениците и професорите од гимназијата „Мирче Ацев“ го започнаа одбележувањето на патрониот празник.

На 22 декември 2022 г. во Арт кафе – Апореа се одржа поетска дружба со убавиот стих и убавата музика, посветена на творецот на социјална македонска лирика, Кочо Рацин, кој е роден токму на овој ден, во 1908 година, во Велес.

Преку убавите стихови со љубовни и социјални мотиви од Кочо Рацин, ги разбудивме сетилата на многубројните гости, родители и професори, ученици, вљубеници во убавиот стих и убавата македонска музика.

Стихови рецитираа учениците: Искра Спиркоска, Елена Јандреовски, Ненад Кулески, Софија Оџаклиеска, Никола Мавчев, Милана Капкоска, Ива Тркалеска, Јована Илиоска, Љубица Дисоска, Христина Мицевска, Матеја Илијевска, Сара Талевска, Петар Р. Стојановски, Нина Алинчанец, Мила Здравеска, Натали Ширкоска, Матеј Филипоски и Гордана Димеска.

Поетската вечер со прекрасни македонски мелодии ја збогатија учениците: Маја Марија Богдан, Александра Игнатоска, Кирил Младеноски, Ивана Стојаноска и Ива Трајкоска.

Галеријата со фотографии можете да ја погледнете ТУКА.

Николоски сподели шокантна информација: За една година од Македонија се иселиле над 130.000 граѓани (Видео)

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Само вистина на телевизија Канал 5 вели согласно Заводот за статистика од државата се иселиле над 130.000 граѓани, додека пак во високо образовани има намалување за 10.000 жители само за еден квартал.

Според Државниот завод за статистика која е владина институција, активно населени во вториот квартал за 2021 година е 945.412 граѓани, а активно население за 2022 година е 812.056 граѓани, или тоа е 133.000 луѓе разлика. Само во високо образование имаме намалување за 10.000 жители за само еден квартал, односно втор квартал 2022 година 204.464 и трет квартал 194.774 значи 10.000 високо образовани се иселиле од државата. Еве ги бројките тие се од Државен завод за статистика, вели Николоски.

Николоски го праша Битиќи дали е точно дека Македонија во 2026 година согласно податоците од Министерството за финансии ќе треба да врати над 1 милијарда евра како долг резултат на задолжување од страна на владата на СДСМ.

Дали во 2026 година заради ваше задолжување Македонија треба да врати 1 милијарда и 373 милиони евра. Дали треба да врати? Ова е од финансии од ваша институција, профил на отплата на долгот на централната власт и на гарантираниот долг во милиони евра. Дали во 2025. 2026 и 2027 година треба да ги враќате обврзниците од по 700 милиони евра кои што ги земате годинава, лани и преклани. Обврзници кои што вие ги земате за трошење, праша Николоски и додаде дека во време на криза во Украина, владата на СДСМ ќе троши 733 милиони евра по основ на договорни услуги согласно Буџетот за 2023 година.

Колку ви се трошоци проектирани за договорни услуги во Буџетот за 2023 година. Јас ќе ви кажам 733 милиони евра, оваа година е 674 милиони евра. Споредено кога имаше светска економска криза во 2009 година биле 370 милиони евра, кога била европска должничка криза биле 373 милиони евра. Во криза во војна во Украина наместо да намали со трошење владата, владата за договорни услуги користи 733 милиони евра. Ова се дискреционите трошења, рече Николоски.

Екипи од Прилеп и Битола на шаховски турнир во Лерин (Фото)

На покана на културниот клуб од Лерин, по повод шаховскиот турнир кој се одржа помеѓу екипи од Лерин, Битола и Прилеп, заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски оствари средба со градоначалникот на Лерин, Василис Гианакис.

Покрај доделувањето на наградите на средбата се разговараше и за продолжување на соработката за заедничко учество на повиците од INTERREG програма за прекуграничната соработка со Грција. Општините Битола и Лерин уште од 2012 година заеднички учествуваа на првиот повик за прекугранична соработка каде успешно беше имплементиран и првиот проект за заштита од шумски пожари и склучен е меморандум за соработка на полето за противпожарна заштита.

Од страна на заменик градоначалникот Бојан Бојкоски во името на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, беше упатена покана до Градоначалникот на Лерин да ја посети општина Битола со цел продлабочување на соработка и на други полиња помеѓу двете општини.

Соларна “офанзива” во Македонија

Соларна “офанзива” се случува во Македонија. Ако во 2019-тата имало 35 нови фотонапонски електроцентрали со моќност од 5,8 мегавати, во 2020-тата се 29 со инсталирана моќност од 7 мегавати, додека лани имало 48 соларни електрани со моќност од 14 мегавати.

Според проценките за само 10 месеци во државата се инсталирани енергетски капацитети од вкупно 141 мегавати и тоа дури 98 мегавати фотоволтаици, 37 мегавати од ветер, 6 мегавати мали хидроелектрани и биогас.

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали.

Најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали, односно годинава имаат издадено лиценци за 86,8 MW инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали, додека  6,4 MW се за мали хидроцентрали и 2,5 MW за термоелектроцентрали на биогас, или вкупно се издадени лиценци со предвидено просечно годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија на ниво од 95,7 MWh. Овие електроцентрали се приклучени на електродистрибутивната мрежа.

Оптимистичките прогнози велат дека до јуни 2024 година Македонија ќе има 300 мегавати инсталиран капацитет, што претставува половина од годишното производство на РЕК Битола.

Компанија инсталираше 15 илјади панели на 10 хектари

Една од компаниите која неодамна ја посети и премиерот е ТабМак во Пробиштип која за сопствени потреби има инсталирано една од поголемите фотонапонски централи во Република Северна Македонија. Со над 15 илјади панели на 10 хектари и дополнителни 6.000 на кровната површина на погонот, оваа компанија во време на енергетска криза покрива 25 % од потребите за електрична енергија за производството.

Вакви капацитети се поставени на голем број на компании низ целата земја, со што се прават огромни заштеди на потрошени пари на електричната енергија, имајќи го во предвид силниот скок на цената на струјата на светските берзи изминатиот период.

Поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите

На предлог на надлежното министерство, Владата усвои законски измени за поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите.

Се укинуваат барањата до општината за да поставите фотоволтаик и сами да си произведувате струја.

Наместо барање доволно ќе биде само да ја известите општината дека се поставува фотоволтаик со копија од лична карта, имотен лист за објектот или договор за закуп, како основен проект и документите од лиценцираната компанија која ќе го поставува.

Отстранувањето на досегашните административни пречки ќе им помогне на граѓаните и фирмите побрзо да доаѓаат до посакуваните фотоволтаици, особено значајно во време на енергетска криза.

Со измените и дополнувањата на Законот за градење, се овозможува на објектите во индивидуална сопственост да бидат поставени фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати, а на стопанските објекти со моќ до 40 киловати.

Со последните законски измени за олеснување на процедурата за поставување фотоволтаици комплетно е поедноставена и олеснета процедурата за поставување на соларни панели, нема повеќе непотребна бирократија и постапката која претходно траеше и до еден месец, сега е сведена на само еден ден.

Кои се најголемите капацитети кои произведуваат струја преку фотоволтаици во Македонија во моментов?

1. ФЕЦ “ГЕН-И СОНЦЕ 1”, моќност 9999.15 kW, Свети Николе
2. ФЕЦ “ГЕН-И СОНЦЕ 3”, моќност 4993.69 kW, Свети Николе

3. ФЕЦ “КЕР-АЗ”, моќност 2000 kW, Свети Николе
4. ФЕЦ “ГЕН-И СОНЦЕ 2”, моќност 1998.1 kW, Свети Николе
5. ФЕЦ “ВОЈШАНЦИ СОЛАР”, моќност 1.479,36 kW, Неготино

Фотоволтаиците им помагаат на фирмите, но големи предности има и за обичните домаќинства

Сонцето е бесплатен, речиси неисцрпен извор на енергија кој ни е достапен во неограничени размери и без штетни климатски влијанија. Сонцето зрачи 960 милијарди киловат-часови дневно на површината на земјата. Оваа количина на енергија теоретски би можела да ги задоволи светските енергетски потреби за 180 години.

Во приватните домаќинства, сончевата енергија моментално се користи на два начина:

Сончевата топлинска енергија се користи за подготовка на топла вода за домаќинство
Во соларните ќелии, фотоволтаичниот ефект се користи за производство на електрична енергија од сончевите зраци.

Предности на користење на сончевата топлинска енергија:

Неисцрпно снабдување со сончева енергија: Сончевата енергија е бесплатна; нема штетни емисии на CO2; Може да се интегрира во постоечките системи за греење; Намалено влијание на поскапувањата на енергијата

Услови кои мора да се исполнат во вашиот дом:

Соодветни покривни површини за вградување соларни колектори; Колекторите треба да бидат насочени кон југ каде што е можно; Колекторите треба да бидат изложени на сонце без сенка во текот на денот; Постоен систем за греење што може да се надгради

Преземено од: линк

Антонио Крајоски од Прилеп го освои второто место на Државното првенство во американски билјард – дисциплина 9-ка (Фото)

Вчера во просториите на “Гран клуб” во Скопје, за прв пат во Македонија се одржа јуниорско Државно првенство во американски билјард – дисциплина 9-ка.

На првенството учествуваа јуниори од цела Македонија, а од Прилеп претставник беше Антонио Крајоски. Тој покажа врвна игра и се закити со сребрениот медал, откако во финалето го изгуби мечот од Андреј Ѓурчиновски од Скопје.

-Ова треба да биде уште еден поттик за сите млади од Прилеп да почнат да се занимаваат со овој спорт, со цел билјардот во нашиот град да се развива на едно повисоко ниво. Билјардот не е повеќе само “комарџиски” спорт, туку прерасна во еден врвен спорт насекаде во светот, па и кај нас. Честитки за Антонио Крајоски за освоеното второ место, велат во соопштението од прилепскиот билјард клуб.

Прилепчани претерале со предновогодишно славје синоќа: Фатени десетмина кои возеле под дejcтво на алкoxoл

Во текот на изминатата вечер (24/25.12.2022)во периодот од 22.00 до 03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 36 возачи.Од нив 16 на територија на Битола, 10 во Прилеп,5 Ресен 4 Демир Хисар,и 1 Македонски Брод За време на контролата биле санкционирани и 29 останати прекршоци.

Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила.

Македонски ветер за македонска енергија

Енергетската криза која го зафати светот по руската агресија на Украина ја потврди потребата од поголема енергетска независност на земјите во Европа, но и потребата од фокус на обновливите извори на енергија. Транзицијата од фосилни горива на обновливи извори во Северна Македонија започна и пред енергетската криза, а токму кризата беше мотив плус за да се забрзаат процесите.

Движејќи се низ државата видливи се сѐ повеќе ветерни паркови кои произведуваат македонска енергија од македонски ветер. Возејќи по автопатот Скопје-Штип, кај Свети Николе се гледа ветерниот парк „Блогословец“ кој започна да се гради во 2021 година, а се очекува целосно да биде завршен следната, 2023 година. Овој ветерен парк ќе има осум ветерници кои ќе произведуваат 36 мегават часови електрична енергија и претставува инвестиција од 61 милиони евра.
Кај Богданци веќе се активни државните ветерници, исто со капацитет од 36 мегават часови. Овој ветерен парк ќе биде надграден со уште три нови ветерници со што капацитетот ќе се издигне на 50 мегават часови.

Најголемата инвестиција во историјата на државата е исто така е во ветерници – 500 милиони евра од германската WPD. Оваа компанија ќе изгради 69 ветерници со капацитет од 415 мегавати на потегот Куманово – Крива Паланка.

Ваквите активности само ја потврдуваат посветеност на Владата на надминување на енергетската криза, но и обезбедување на државата и граѓаните за иднината. Северна Македонија пополека станува зелен енергетски центар во Европа со инвестициите не само во ветерници, туку и фотоволтаици. Освен што се олеснија процедурите за инсталирање на фотоволтаици за домаќинствата и компаниите, се поголеми се и инвестициите на државата во капацитети за производство на електрична енергија од сонцето.

Во последните девет месеци пуштени се во употреба 27 мегавати фотоволтаични централи, а започна и трансформацијата на електраната Осломеј. Веќе се гради фотонапонска електрана од 10 мегавати, а преку јавно приватно партнерство оваа електрана ќе произведува 100 мегавати електрична енергија од македонското сонце. По 30 години пропаднати тендери и одлагања, пред реализација и е историскиот проект за хидроелектраната „Чебрен“.

Со овие инвестиции, енергетскиот сектор, кој беше заборавен изминатите 30 години, добива нова сила и енергија, која ќе значи сигурност за граѓаните, но и стабилност и цврста основа за развој на македонската економија.

(Видео) Русите со морничава божиќна реклама им ги честитаа празниците на Европјаните

“Russia Today” со морничава реклама им го честита Божиќ на Европјаните.

Видеото на Твитер го сподели новинарот на БиБиСи Френсис Скар, а во него се предвидува дека 2023 година ќе биде најмрачна до сега.

“Russia Today има порака до Европјаните”, пишува во описот на видеото: