дома блог страница 1307

Фатен 52-годишен штипјанец кој извршил 12 кpaжби во цркви на подрачјето на Прилеп, Битола, Крушево и Демир Хисар

По преземени мерки и активности, на 29.12.2022 во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Т.Б(52) од Штип.

Тој се сомничи дека извршил 12 кривични дела „тешка кражба“ во цркви на подрачјето на Битола, Демир Хисар, Прилеп и Крушево.

Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. Против него, до ОЈО Битола е поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Маестрална преработка на “Заветна” – Игор Џамбазов и Гуру Харе

Само едно ќе кажеме…. УЖИВАЈТЕ!

Се претера со цигарите: Одиш во ресторан, јадеш врвна храна, добиваш врвна услуга, си одиш дома труеш ко пепељара

Се претера со цигарите. Одиш во ресторан, јадеш врвна храна, добиваш врвна услуга, си одиш дома труеш ко пепељара. Можеме ли да сме толку мизерни и неразумни – живееме во еден од најзагадените градови во светот, а и цела држава не е цвеќе за мирисање и наместо итни измени на Законот за заштита од пушење да бидат донесени, сe’ е удрено на весеље.

А бевме авангардни со тој закон, многу поразвиени земји од нас го немаа кога ние го имавме. Кафана/ресторан е дел од нашиот менталитет, нам таа работа ни е важна, тоа е дел од нашето постоење. Ама треба истото да биде достоинствено. Вака, непушачите сме заложници на пушачите и на интересите на угостителите, а и на големо се врати навиката за пушење, што е поразително! И не се вадете со тераси, одвоени простории, такво нешто не постои!

future in capital letters..

фотографија: Шлакески Маринко

„ДРЖАВНА БОЛНИЦА“ (2010) – Маринко Шлакески (драмски текст – извадок)

ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ: Сега сме два два.. Ќе не истребат… Ќе не истребат сите до еден.

ТРЕТИОТ ПАЦИЕНТ: Па и не останавме многу. Понекогаш мислам дека можеби и подобро е да нè нема вакви какви што сме сега. Ќе исчезнеме па што, голема работа.

ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ: Тоа за тебе е само „голема работа“?

ТРЕТИОТ ПАЦИЕНТ: А за тебе што е?

ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ: За мене не е исто.

ТРЕТИОТ ПАЦИЕНТ: Што не е исто за тебе.

ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ: Не е исто да нè претворат во празни кутии без мозок како овие двајца овде. Ги гледаш?

ТРЕТИОТ ПАЦИЕНТ: (се загледува во двајцата изврзани со завои) Мене не ми прави голема разлика. Мислам дека дури вака е и подобро, знаеш? (продолжува да брои капки)

ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ: Не нè истребуваат, ова е пострашно. Нè претвораат во друго. Те има ама не си ти.

ТРЕТИОТ ПАЦИЕНТ: Ништо страшно. Исто е.

ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ: За мене не е. Види ги! (покажува кон првиот и четвртиот) Што е ова?

ТРЕТИОТ ПАЦИЕНТ: Вака барем нема да морам да го слушам. Морализира и јаде гомна.

ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ: Не беше лош човек, сепак. Барем беше човек. Ова сега не знам ни што е. Сега сме „ние“ и „тие“. Не мислиш дека треба нешто да се прави?

ТРЕТИОТ ПАЦИЕНТ: Остави ме… бројам. (продолжува да ги брои капките)
(во собата се втурнува сестрата)

СЕСТРАТА
Прозивка!

„ДРЖАВНА БОЛНИЦА“ (2010) – Маринко Шлакески
(извадок)

Шампионска и историска година за БК “АС” од Прилеп: Јовчески им вети поддршка и им посака уште поголеми успеси (Фото)

Боксерскиот клуб „АС“ – Прилеп заокружува една успешна, и за овој клуб, но и за Прилеп историска сезона во македонскиот бокс.

Напорната работа резултираше со државен шампион, освоени голем број медали и за прв пат во клубската историја освоен шампионски трофеј во младинската бокс лига.

По тој повод денеска тренерот Дарко Чатлески и дел од младите боксери беа на прием кај градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Доминантно во младинската конкуренција, прилепчани предводени од тимот на Чатлески ја освоија титулата во оваа конкуренција, која што е признание за нивната работа и труд кој го покажуваа за време на тренинзите и внатре во рингот.Напорната работа на тренерот Дарко Чатлески резултира со успеси и многу освоени медали на државно ниво. Им посакав многу успех во новата 2023 година, здравје пред се и се надеваме дека со наша поддршка ќе му донесат на Прилеп успеси и од меѓународната сцена – напиша Јовчески.

Битиќи: Од 1 јануари би требало да има поголемо намалување на цените на прехранбените и на други производи

Сметам дека од 1 јануари би требало да очекуваме уште поголемо намалување на малопродажбите цени на основните прехранбени производи, но и на другите производи, затоа што голем дел од товарот што тие навистина можеби го гледаа им го тргаме и Владата им излегува во пресрет, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на попладневното продолжение на седницата за пратенички прашања.

Битиќи ја поздрави и оквалификува како разумна одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за цените на електричната енергија од 1 јануари 2023, што беа објавени вчера.

Со одлуката, потсети тој, вкупната цена на електрична енергија за малите потрошувачи на регулираниот пазар се намалува за 20,15 проценти и нема зголемување, туку намалување на цената на електрична енергија и таа ќе се применува за 70.000 компании во државата, што значи 98 проценти од вкупниот број.

– Иако овие компании и во овој временски период плаќаа значително пониска цена од пазарната цена на електрична енергија сметавме дека на сите нив треба во наредниот временски период да им осигураме предвидливост и услови и тоа како да помогнат не само на нивното работење, туку севкупно на квалитетот и на животниот стандард на граѓаните. Оваа е конкретна мерка која ќе значи намалување на вкупните нивни трошоци. Во ова влегуваат сите микро, мали и средни претпријатија, односно фризерници, берберници,кафулиња, компании коишто во овој временски период и тоа како кажуваа дека зголемените трошоци за електрична енергија значат навистина тешко работење, рече Битиќи.

Според него, вчерашната одлука на РКЕ значи и исто така и справување со состојбите кај домаќинствата.

– Кај домаќинствата цената на електрична енергија за првиот блок наспроти уверувањата на одредени структури се намалува за цели 4,11 отсто. За вториот блок се намалува на 3 отсто. Цената на третиот блок се корегира и се зголемува за незначително 0,85 проценти, а за четвртиот блок цената на електричната енергија се зголемува за 7,65 отсто. Инаку, за потсетување иако за четвртиот блок е значително зголемувањето, 99,2 проценти од домаќинствата во државата ќе добијат намалени цени на електрична енергија, затоа што припаѓаат во првиот и вториот блок и мал процент од нив припаѓаат во третиот блок. Доколку продолжат домаќинствата да штедат многу мал процент ќе имаат зголемени реални трошоци за електрична енергија, рече Битиќи.

Одлуката за електричната енергија и намалувањето, дополни тој, секако дека ќе отиде во полза на домаќинствата.

– Дополнително иако изминатиот период имаше значителни критики зошто се покажува во фактурите за електрична енергија различна цената на електричната енергија и цената за пренос и дистрибуција, од 1 јануари ќе можат да видат дека и овој сегмент за граѓаните РКЕ излезе со одлука за да се намалат овие трошоци. И тоа значи цента за пренос на електричната енергија се намалува за 8,66 посто, цената за дистрибуција за 20 проценти. Севкупно трошоците за лежарина наспроти трошоците за електрична енергија се намалуваат за 20,6 проценти во овој период, истакна Битиќи.

Како што наведе вицепремиерот, намалувањето на цените кај домаќинствата, посочи, е за да се намали можноста за уште еден удар кај граѓаните од зголемување на инфалцијата и ценовниот шок кој го чувствуваат сите, но исто така и за да се помогне на сите мали потрошувачи кои во изминатиот период тврдеа дека цената на електричната енергија е еден од факторите за зголемување на цените кај малопродажбата и големпродажбата.

– Затоа, да, очекувањето е дека со сите мерки кои ги носи Владата, како што е продолжување на замрзнување на маржата за одредени прехранбени производи, и дополнително намалување на цената на електрична енергија, сметам дека од 1 јануари би требало да очекуваме уште поголемо намалување на малопродажбите цени на основните прехранбени производи, но и на другите производи, затоа што голем дел од товарот што тие навистина можеби го гледаа им го тргаме и Владата им излегува во пресрет, рече Битиќи.

Тој ги повика инспекциските служби и самите претпријатија, како што рече, заедно да почнат да се однесуваат разумно.

– Инспекциските служби да ги зајакнат контролите на компаниите, трговците и угостителите, во однос на маржите на цени и секое неетеичко оденсување на пазарот не би требало да се толерира, а секако трговците и сите други претпријатија конечно да покажат поголемо етичко и морално однесување на пазарот и доза на солидарност, што е потребно во време на криза, рече Битиќи во одговор на прашање од пратеничката Санела Шкриељ.

Плодна година за Џудо клубот “Сеишин” од Прилеп: 2022 ја завршија на првата позиција во генерален пласман во Македонија (Фото)

На 28.12.2022 година СРЕДА 19.30 часот Џудо Клубот Сеишин-Прилеп го одржа предновогодишниот коктел при што се одржа пригодна свеченост и доделување награди за најдобрите натпреварувачи за натпреварувачката 2022 година на ниво на клубот, потоа доделување признанија за заслуги и помагачи на клубот како елаборирање на постигнитатите резултати и останати активнисти во 2022 година.

Краток осврт на постигнати резултати,организација и учество на настани во 2022 г.

Во натпреварувачката 2022 година Џудо Клубот СЕИШИН- Прилеп зеде учество на следните натпревари во џудо:

08 Државни Првенства со освоени 89 медали (22 златни, 40 сребрени и 27 бронзени); 11 Меѓународни Турнири со освоени 98 медали (26 златни,32 сребрени и 40 бронзени медали); 4 Балкански Првенства (10 членови на клубот како РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ) со освоени 7 медали (3 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали) како и две 7 ми места; 1 европски куп за кадети во Ѓиор Унгарија со 2 натпреварувачки и освоено 7 место;

Во натпреварувачката 2022 година дел од членовите на Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп зедоа учество и на престижни првенства во боречки вештини сродни на џудото и тоа:

1. Балканско Првенство во САМБО во Софија Бугарија, при што како членови на машката и женската Самбо Репрезентација за кадети освоени се вкупно 2 Балкански медали (2 бронзени медали).

2. Европско Првенство во Кураш во Кожани Грција, каде дел од Кадетите и Јуниорите на клубот како членови на Македонската Кураш репрезентација каде се освоени 8 медали (4 златни, 1 сребрен и 3 бронзени медали).

Имено на овие Првенства освоени се вкупно 204 медали и 3 Пехари. Пехарите се освоени на следните Првенства:

Меѓународен Турнир „Мацура Куп“ Солун Грција 2022 за најдобра странска екипа. Меѓународен Турнир „Скопје Опен -2022“ за најдобар клуб.

Државно Екипно Првенство за Сениори-ки за освоено 2 место Екипно. Најзначаен успех за 2022 година е освоеното 1 место во генерален пласман на ниво на Македонија.

Клубот оваа година организира 2 Државни Првенства (Екипно Сениори и Ветерани) и 1 Меѓународен Турнир (традиционално 12-ти по ред, со најголем број на натпреварувачи 385 и најголем број клубови учесници досега 43), а особено е важно што присуствуваа 2 странски еминентни џудо стручњаци Бојан Миличевиќ -Црна Гора (Директор на маркетинг комисијата на Балканска Џудо Федерација) и Зоран Миловиќ -Црна Гора ( џудо мајстор 8-ми дан и автор на литература за џудо спорот).

Исто така клубот Сеишин годинава организираше 2 стручни национални семинари за џудо тренери и џудо судии како и 1 Меѓународен стручен семинар за тренери и судии кој беше предводен од Германскииот џудо експерт Јурген Клингер 7 ми дан. Потоа нашиот клуб беше домаќин на џудо експерт од Франција Жилиен Бруланд кој одржа тридневни стручни тренинзи во клубот а истовремено го запозна нашиот град нашите традиции и знаменитости и доби статус почесен член на клубот.

Потоа нашиот клуб технички организираше 1 Манифестација – Светски ден на Џудото каде заедно со здруженијата за лица со попреченост потреба „Порака“ и „Зуница“ од Прилеп го одбележаа овој ден под мотото „ИНКЛУЗИЈА“.

Клубот со свои претставници зеде учество уште на 2 Меѓународни џудо кампови и тоа во Босна и Херцеговина и Србија.

Потоа стручните лица на клубот зедоа учество на 5 стручни семинари за џудо тренери и џудо судии: Меѓународен семинар со џудо експерти под мотото „Подобри го својот клуб“; Семинар за лиценцирање џудо тренери и џудо судии; Меѓународен семинар за џудо тренери и судии во Лисабон Португалија (измени на џудо правила за нов олимписки циклус); Национален семинар за едукација на џудо тренери и судии во врска со измени на џудо правила; Меѓународен семинар за џудо тренери и судии со Германски џудо експерт;

Се одржаа и 3 заеднички џудо тренинзи со други клубови. Во преодниот период клубот организираше летни физички подготовки а истовремено и дружења. Истите се одвиваа на отворените спортски терени во град Прилеп.

Џудо Клубот Сеишин во текот на 2022 организираше 2 полагања за ученички појаси со своја 3 члена стручна комисија и претставник од Дан комисијата при ЏФРСМ, согласно правилата и процедурите во Федерацијата.

Исто така во рамките на организираното полагање од страна на Дан Комисијата при ЏФРСМ учество зедоа 17 наши членови при што: шест се здобија со Мајсторски појаси 1 Дан, еден со 2 Дан, три со 5 дан, еден со 4 Дан, како и шест со кандидати мајсторски 1 КЈУ (кафеав појас).

На иницијатива и со помош на член на управата, клубот доби и нова клубска канцеларија, каде не само на раководството на клубот туку и на членовите им е овозможено да одржуваат средби поврзани со џудо спортот.

Неколку членови на клубот се носители на ДРЖАВНИ СТИПЕНДИИ (СПОРТСКА НАДЕЖ од Агенција за Млади и Спорт и Талентирани Ученици-СПОРТИСТИ од Министерство за Образование и Наука).

Сите членови на клубот кои се здобиле со награди од освоени места од Државните и Балканските Првенства се имаат здобиено со еднократна парична награда од општина Прилеп согласно правилникот за наградување на спортисти во општината.

Од хуманитарен аспект нашиот клуб зеде активно учество во хуманитарната акција на денот по повод предвремено родени деца ( на иницијатива на родител на наш член) каде нашиот клуб додели и ваучери за бесплатно вежбање.

Потоа дел од повозрасните членови зедоа активно учество во помошта за доизградба на манастирот Св.Никола во с.Загорани.

Џудо Клубот Сеишин во преодниот рок за време на новогодишните и Божиќните празници ќе направи кратка пауза и одмор за своите членови а потоа ќе се започне со интензивни тренинзи и подготовки за новата натпреварувачка 2023 година.

Донесен буџетот на општина Прилеп за 2023 година, ќе изнесува 24,7 милиони евpa

Главното прашање по кое дебатираа советниците, на деншната 20та Седница на Советот на Општина Прилеп, беше Предлог-буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, како и одлуката за негово извршување.

Предлог-буџетот го образложи градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески кој напомена дека правната рамка од која се водел предлагачот при неговото изготвување, биле Законот за буџети и на Законот за финансирање на ЕЛС.
„Вкупните Приходи во Предлог Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, се проектираат на 1.520.704.000,00 (приближно една милијарда и петстотини и дваесет милиони денари) денари, што во споредба со Буџетот за 2023 бележат пад за 1,46%, и се планира да се остварат во следните категории на приходи : Најголемо е учеството на приходите од дотациите: даночните приходи со 252,6 милиони денари, капиталните приходи со 76,838 милиони денари, неданочните приходи со 103,4 милиони денари, трансферите со 155,6 милиони денари, приходи од донации со учество од 28,9 милиони денари и пренесени вишоци (депозит) со 12,785 милиони денари.„ – истакна градоначалнкиот на Општина Прилеп, Јовечески.

„Вкупните расходи во Предлог Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, се проектираат на 1.520.704.000,00денари, што во споредба со Буџетот за 2022 бележат тренд на опаѓање за 1,46 %. Од вака проектираните расходи за 2023 година, за финансирање на надлежностите од локално ниво се планираат следните расходи: за финансирање на основното и средното образованието се планираат расходи во вкупен износ од 806,7 милиони денари; за финансирање на социјална заштита на деца и стари лиц се планираат расходи во вкупен износ од 154 милиони денари;за финансирање на Градска библиотека се планираат расходи во износ од 14 милиони денари, за финансирање на противпожарната заштита, се планираат расходи во износ од 32 милиони денари.

„Билансот на расходите на Основниот Буџет за 2023 година, е проектиран во износ од 502,8 милиони денари. Со учеството на капиталните расходи во износ од 275 милиони денари или 34, 84%, Основниот Буџетот за 2023 година има РАЗВОЕН карактер. “ констатира градоначалникот, Јовечски и истакна „При планирањето на капиталните програми и проекти направена е максимална диверзификација на капиталните расходи со цел инкорпорирање на гомем број на предлози и барања на месните, урбаните заедници, невладиниот сектор и бизнис секторот. Капитални проекти и програми на кои во Буџетот за 2023 година им даваме приоритет се следните: 88 милиони денари наменети се за изградба и реконструкција на улици и локални патишта на територија на Општина Прилеп, изградба и реконструкција на тротоари и пешачки патеки; зимско одржување и заштита и за одржување на хоризонтална и вертикална сигнализација на патишта на територијата на Општина Прилеп; 44,4 милиони денари за изградба на градинка во населба Точила; 19,7 милиони денари за поставување на модуларна катна гаража, 18,4 милиони денари за изградба на главен довод цевковод во с.Канатларци, 7 милиони денари за завршни работи на деловниот простор под северната трибина на Градскиот стадион, 19,2 милиони денари за заштита и одржување на паркови и зелени површини и одржување на јавната чистота; 59 милиони денари наменети се за изградба, реконструкција и одржување на Јавното осветлување и трошоци за потрошена електрична енергија; 27 милиони денари наменети се за урбанистичко планирање; за поддршка на спортот и физичка култура планирани се 4,5 милиони денари, за поддршка на културните манифестации планирани се 4,1 милиони денари. Со реализирањето на планираните проекти од Буџетото за 2023 година не можеме да бидеме задоволни и не смееме тука да застанеме, туку во годината што е пред нас ќе бараме дополнителни финансиски средства преку задолжување, за да ги реализираме капиталните проекти од витално значење за градот и Општината, а тука пред се ќе ги споменам изградбата на влезот од кај Македонски Брод, изградбата на кружен тек кај мостот Табана, кружни текови на виталните сообрајќаници во градот. И, со вакви можности на Буџетот правиме максимални напори за реализација на капиталните проекти во комуналната инфраструктура со цел да се подобри квалитетот на живеење на граѓаните, кои имаат право, како даночни обврзници да го почуствуваат бенефитот од редовното плаќање на даноците на имот и комуналните такси, односно да ја почуствуваат локалната самоуправа како нивен сервис“ рече градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчечески пред советниците.

На 20 та редовна Седница на Советото на Оптшина Прилеп,последна во тековната година, пред советниците се најдоа и беа прифатени: предлог-одлука за утвдување на вредност на бодот за платите на административни службеници, за 2023 година, одлука за определување на висината на благајничкиот максимум, предлог-програма за субвенционирање на Јавните Комунални Претпријатија основани од ЕЛС Општина Прилеп за 2023 година, предлог-програма за субвенционирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливи категории на граѓани за 2023 година, предлог-Буџетскиот Календар на Општина Прилеп, за 2023 година, одлука за измена на Одлуката за утврдување на висината на комунални такси, предлог-програма за обезбедување на оброк за учениците во прво одделение од основните училишта во Општина Прилеп за 2023 година, програма за култура, за 2023 година, програма за спомен обележја на Општина Прилеп за 2023-2028 година, програма за доделување на еднократна парична помош за новороденче, програма за уредување на градежно земјиштето на подрачјето на Општина Прилеп за 2023 година, предлог-одлука за усвојување на финансиски план на ЈКП Пазари Прилеп, за 2023 година, предлог-одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈКП Пазари Прилеп, за 2023 година, одлука за давање согласност на Програмата за субвенционирање на трошоците од работењето на ЈКП Пазари-Прилеп, за 2023 година, одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП за ПУП Прилеп за 2023 година, одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈП за ПУП Прилеп -планирани активности во 2023 година и давање согласност на Одлуката за расходовање и отуѓување на основни средства на ЈП за ПУП Прилеп, одлука за давање согласност на Финансискиот план за работењето на ЈП за ПУП Прилеп за периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година, одлука за прифаќање на донација на Општина Прилеп и предлог-одлука за давање согласност за користење на името на Општината.

При изработка на буџетот на Општина Прилеп за 2023 година беа разгледани идеите и потребите на граѓаните добиени преку отворените ден на општината, урбаните месни заедници, невладиниот сектор и бизнис секторот, со цел креирање на поквалитетен Буџетот за 2023 година, во интерес на потребите на граѓаните на Општина Прилеп.

Замина кpaлот на фyдбалот: Почина Пеле

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина на 82-годишна возраст. Едсон Арантес до Насименто – Пеле беше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Смртта ја потврдил неговиот агент Џо Фрага.

Пеле освои рекордни три титули на светските првенства и стана една од најистакнатите спортски фигури во минатиот век.

Од 2021 година се лекува од рак на дебелото црево, а последниот месец го помина во болница. Неговото семејство последните десетина дена ги мина со него во клиниката „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.

Касами: Ако напролет нема избopи, ќе opганизиpaме пpoтecти

Од пролет ако власта нема слух за предвремени избори, да го артикулираме незадоволството на граѓаните и ако треба да организираме граѓански протести. Цениме дека оваа влада не се справува најдобро со економската и енергетската криза кога секој ден има покачување на цените на производите, рече градоначалникот на Тетово и лидер на БЕСА, Биљал Касами.

Тој во изјава за медиумите посочи дека во партијата ќе разговараат кога би се случиле протестите.

-Уште немаме сериозен предлог во органите на партијата, само разговараме. Засега како најдобар период за предвремени избори би бил пролет, но за поконкретен датум и месец немаме зборувано, кажа Касами.