дома блог страница 1306

Се роди првото бебе во Новата 2023 година во Прилеп

Првото родено бебе во прилепската болница во Новата 2023 година е женско.

Бебето се роди во раните утрински часови, а денеска на пладне мајката и новороденчето ќе ги посети градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој ќе им дарува пригодни дарови.

Повеќе информации во текот на денот.

Се роди првото бебе во 2023-та година во Македонија

Првото бебе во 2023 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.

Бебето е од машки пол, тешко е 3720 грама, долго е 51 сантиметар и е родено со Апгар 8/9.

Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете.

Битолската гимназија “Јосип Броз Тито” одбележува 130 години институционално постоење (Фото)

По повод 130 години од работата на Гимназијата како воспитно – образовна институција, денес во Офицерскиот дом, беше прикажан документарен филм за работата на училиштето. Пред филмската проекција, свое обраќање имаше градоначалникот на општина Битола, кој ги поздрави присутните, потсетувајќи се на времето, кога и тој се школувал во ова училиште:

„Најголемата вредност за човештвото е неговото богато знаење, кое никогаш неможе да биде одземено. Човек, колку повеќе знае, толку повеќе може да планира, создава и реализира.

Во своето 130 годишно институционално постоење, нашето средно општинско училиште Гимназијата „Јосип Броз Тито“, како едно од најстарите, најреномираните и најквалитетните училишта во Македонија, докажа дека квалитетниот наставен кадар, кој низ годините работел во училиштето, образувал успешни генерации кои своето огромно знаење, продолжиле да го докажуваат низ големи достигнувања во медицината, архитектурата, градежништвото, инженерството, информатичката технологија, новинарството и многу други области.

Како некогашен ученик на Гимназијата „Јосип Броз Тито“, со гордост можам да потврдам дека, ова училиште отсекогаш негувајќи ги квалитетите, македонскиот јазик и култура, било и останало место за интелектуален и научен напредок. Тука се одржал првиот училишен час по македонски јазик во цела држава по завршувањето на Втората светска војна. Во гимназијата се образувале голем број академици, ректори на битолскиот и скопскиот универзитет, градоначалници, почесни конзули и многу други значајни личности во сите области од општественото живеење.

Она што особено ме радува како градоначалник е успехот на учениците, кои се речиси убедливо најдобри на сите натпревари по сите предмети во државата и надвор од неа, вклучувајќи го и спортот. Ја покажуваат својата хуманост вклучувајќи се во голем број активности, се залагаат за напредок во области кои што се надвор од наставните програми, ги развиваат своите таленти, учествуваат во меѓународни проекти. Верувам дека и во иднина нашата позната „Горна гимназија“ ќе биде симбол на квалитетно образование, а нејзините сегашни и идни ученици ќе ја испишуваат македонската историја“, рече градоначалникот Тони Коњановски во своето обраќање пред присутните.

Потсетувајќи на историските достигнувања, директорката Лидија Споа, посака, гимназијата „Јосип Броз Тито“, да продолжи да работи, градејќи континуиран напредок:

„Гимназијата како и секогаш, останува афирматор на севкупните позитивни промени на свеста што треба сите нас да ни укаже дека треба да се интегрираме на личен и колективен план.

Зад нас е година што од нас ги исцрпи најкреативните потенцијали што ги вложивме да ја направиме Гиманзијата уште поубаво место за интелектуален напредок на наставниците и на учениците.

За тоа зборуваат нашите резултати за освоените награди по сите предмети, поаѓајќи од опшитнските, регионалните, државните и меѓународните натпревари и олимпијади“, рече меѓудругото директорката Лидија Споа.

Како дел од настанот, учениците од прва до четврта година од Горната Гимназија, одржаа и предновогодишен концерт, под менторство на професорот Владко Симоновски, во рамките на кој беа изведени познати нумери од популарни бендови.

162 настапи и издаден нов албум во 2022година, а вечерва ќе приредат спектакуларен настап во центарот на Прилеп

Прилеп ќе ја одбележи “најлудата ноќ” во годината со музичка програма и огномет на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.

Граѓаните кои се одлучат Новогодишната ноќ да ја поминат во центарот на градот, ќе имаат можност да се забавуваат со Диџеј Dejan Pete, “Балканика бенд” и најпознатите прилепски рокери “Тhe Hounds”.

Забавата ќе започне во 21:30часот, а ќе кулминира со настапот на “The Hounds” чиј настап почнува во 11:30ч. Дечките од групата својот настап го најавија потенцирајќи дека во 2022 година имале дури 162 настапи, а тука е и нивниот втор студиски албум.

Лука, Јана и Софија најчести имиња, а имало и Аника, Инара, Хана, Олег, Јан…

Јана и Софија го делат првото место како најчести женски имиња, а со убедливо водство кај машките имиња е Лука – дури 213 родители си го крстиле детето со тоа име.

Според последните податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година меѓу најпопуларните имиња кај новородените женски бебиња се Јана, Софија, Ана, Мила, Хана, Бисера, Мелек, Алина…, додека кај машките деца најчести имиња се Лука, Дамјан, Михаил, Марко, Ајан, Амар, Хамза….

Како специфични имиња кои родителите им ги даваа на своите новороденчиња се Аника, Инара, Асја, Бора, Дуа, Олег, Јан, Тиар и Арт.

Според Државниот завод за статистика, минатата година се родиле 18.648 бебиња, од кои 9.531 машки и 9.117 женски.

Според месецот на раѓање, како што покажува статистиката, најголем број дечиња се родени во јули, дури 1 735.

Мицкоски: Македонија е нашиот заеднички дом, да покажеме заеднички патриотизам (Видео)

„Годината која изминува остава свои траги. Добри и помалку добри. Спомени, по некоја добра работа, многу емоции, за жал и загуби и предизвици. Неспособна власт, беспарица, енергетска криза, поскапувања. Тргуваа со националното достоинство, нема правда, а и мирот е кревок. Трпаат порази на секој чекор за кои вие не сте виновни. Порази кои власта ги прави на ваша сметка и во ваше име. Премногу е! Ова мора да има крај“. Вака лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја започна новогодишната честитка во видео обраќање до граѓаните.

„Мора да станеме сите заеднички, да чекориме напред, промените почнаа и враќање нема. Ние имаме право на иднина која ќе е подобра за нашите деца. Таа иднина ние ќе ја обезбедиме.

Македонија е нашиот заеднички дом, да покажеме заеднички патриотизам. Да не губиме време, да ја завршиме работата, народот да има повеќе пари, власта да има повеќе одговорност.

Власта треба да се врати кај народот. Време е. Да создадеме иднина во која веруваме. Иднина која ја заслужуваме

Силно верувам во Вас, верувајте и Вие во себе“, порача Мицкоски.

Тој вели дека во 2023тата ќе биде година во која промените ќе ја доживеат својата полна сила. Ќе има многу проекти, поголеми број на помали и една голема победа.

„Ќе биде подобро. Доаѓаат подобри времиња.

Предавствата ќе паднат, моралот ќе се врати, законитост ќе има.
Драги пријатели, испратете ја старата и дочекајте ја Новата 2023та година во добро друштво и расположение, со луѓето кои ги сакате и ви значат. Искористете ги моментите и подарете љубов, сетете се на оние кои не се со Вас, прегрнете ги оние кои се со Вас. Посакајте добро здравје, радост и среќа на сите и трудете се да направите се што е во ваша моќ за да овозможите што повеќе добрина.

Да сте живи и здрави.

Ви посакувам среќна, весела и успешна 2023та година“ се вели во новогодишната честитка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Новогодишно обраќање на градоначалникот Јовчески (Видео)

Почитувани мои сограѓани,

Пред нас е најубавиот период во годината. Се ближат празничните денови, Новогодишните и Божиќните празници.
2022 година, беше година полна со предизвици за сите нас, соочени со економска, политичка и енергетска криза, сепак вложивме многу труд, енергија и максимално искористување на расположливите потенцијали со цел да ги реализираме потребите и барањата на граѓаните, како и да ги исполниме нашите ветувања.

Предизвици секогаш имало и ќе има. Но со посветеност, разбирање и чесна работа, ќе се потрудиме, со заедничка сила да ги пребродиме, а од нив да го извлечеме само најдоброто.

Поддршката која што ја добивам од Вас, граѓаните, како и од моите соработници и советниците на Советот на Општина Прилеп, е мојот единствен мотив да продолжиме кон остварување на целта, а тоа е Прилеп да го направиме поубаво место за живеење за сите.

Празничните мигови носат светлост во секој дом , хармоничната атмосфера на претстојните празници нека донесе топлина во срцата.

Ви посакувам благосостојба, спокој и мир во вашите домови. Да шириме радост, среќа и љубов. Во новата година да продолжиме сплотено и да ја развиваме нашата општина. Ви посакувам добро здравје, среќна, просперитетна и бериќетна Нова 2023 година!

Ковачевски: Следната година ќе биде подобра (Видео)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во новогодишната честитка до граѓаните порача дека во новата 2023 година државата ќе продолжи да напредува и да ги остварува целите и ќе биде подобра за граѓаните.

„Можам со сигурност да кажам дека наредната година ќе биде подобра. Платите и пензиите ќе продолжат да растат, завршени се големи проекти важни за државата, а продолжуваме понатаму со нови инвестиции кои ќе значат подобар живот за сите. Затоа што никого не оставаме сам. Никој, никогаш нема да биде оставен сам“, порача Ковачевски во новогодишната честитка до граѓаните.

Премиерот Ковачевски во честитката порача дека целото негово знаење и искуство ќе го искористи за подобрување на животниот стандард на граѓаните, со цел наредната година да биде подобра.

Во новогодишната честитка премиерот Ковачевски се осврна на годината што изминува, во која фокусот беше ставен на справување со последиците од пандемијата, како и од економската и енергетската криза, но и на исполнување на евроинтегративниот процес.

„Во исто време моравме да носиме тешки одлуки за нашата европска иднина. Тоа, за мене лично, беше најголемиот предизвик во мојот живот. Можеби и најтешкиот затоа што знаев дека сум одговорен за мојот народ, за секој еден граѓанин, за вашата, за нашата иднина. Оваа зима се погриживме сите македонски домови да се топли, исто како и овој. А тука сме да се погрижиме да има и доволно храна на сечија празнична трпеза. Сакам да искажам посебна благодарност до сите граѓани кои во овие празнични мигови неуморно и посветено работат за нашето здравје, нашата безбедност и нашиот мир. Среќна Нова година и среќен Божиќ, да сте живи и здрави“, порача премиерот Ковачевски во новогодишната честитка.

Cопственикот на компанијата „ИГМ трејд“ од Кавадарци е единствениот милијардер во Македонија

Илија Гечев, сопственикот на компанијата „ИГМ трејд“ од Кавадарци, е единствениот милијардер во Македонија, објави српскиот магазин „Недељник“, кој првпат ја состави листата на 100-те најбогати луѓе во регионот, пишува „Сакамдакажам.мк“.

Гечев се наоѓа на 18. место на оваа листа, со проценето богатство од 1.054.946.440 евра. Со него се затвора кругот на милијардери во поранешна Југославија, што го предводи хрватскиот „крал на осигурувањето“ Дубравко Гргиќ, кој има богатство од 2,84 милијарди евра.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

Фатен 52-годишен штипјанец кој извршил 12 кpaжби во цркви на подрачјето на Прилеп, Битола, Крушево и Демир Хисар

По преземени мерки и активности, на 29.12.2022 во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Т.Б(52) од Штип.

Тој се сомничи дека извршил 12 кривични дела „тешка кражба“ во цркви на подрачјето на Битола, Демир Хисар, Прилеп и Крушево.

Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. Против него, до ОЈО Битола е поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.