Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина на 82-годишна возраст. Едсон Арантес до Насименто – Пеле беше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Смртта ја потврдил неговиот агент Џо Фрага.
Пеле освои рекордни три титули на светските првенства и стана една од најистакнатите спортски фигури во минатиот век.
Од 2021 година се лекува од рак на дебелото црево, а последниот месец го помина во болница. Неговото семејство последните десетина дена ги мина со него во клиниката „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.
Од пролет ако власта нема слух за предвремени избори, да го артикулираме незадоволството на граѓаните и ако треба да организираме граѓански протести. Цениме дека оваа влада не се справува најдобро со економската и енергетската криза кога секој ден има покачување на цените на производите, рече градоначалникот на Тетово и лидер на БЕСА, Биљал Касами.
Тој во изјава за медиумите посочи дека во партијата ќе разговараат кога би се случиле протестите.
-Уште немаме сериозен предлог во органите на партијата, само разговараме. Засега како најдобар период за предвремени избори би бил пролет, но за поконкретен датум и месец немаме зборувано, кажа Касами.
На 28.12.2022 во 17.50 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Е.А.(33) и С.А.(52), двајцата од Прилеп. Е.А. се сомничи дека во текот на денот извршил обљуба врз 63-годишна жена од Прилеп, додека С.А. дозволил пред него во неговиот дом да биде извршена обљубата врз жената која ја познава од претходно.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
По дојавата за наводно поставени експлозивни направи во три прилепски училишта, Градоначалникот на Прилеп свика итна седница на Општинскиот кризен штаб, на која стана збор за актуелностите со дојавите на бомби во прилепските училиштата и за безбедносната состојба во градот.
Градоначалникот на Прилеп истакна дека безбедноста на децата, учениците и воопшто, на граѓаните на Прилеп е на прво место и нагласи дека како прв човек на градот ќе остане во контакт и во координација со сите надлежни институции до целосно расчистување на овие случаи кои предизвикаа паника кај родителите, децата и вработените во образовните колективи каде беше потенцирано дека се поставени експлозивни направи. Воедно, на седница на Општинскиот кризен штаб тој побара од МВР да ги преземат сите мерки за справување со лажните дојави за бомби во прилепските училишта, со цел да не се повтори и да не се создава паника кај граѓаните на Прилеп, кога е во прашање безбедноста на градот.
На седницата на Општинскиот кризен штаб присуствуваа: градоначалникот Борче Јовчески, претседателот на Совет на општина Прилеп, претставници од општина Прилеп, од МВР – ОВР Прилеп, преставници од ТППЕ Прилеп, јавните комунални претпријатија, јавните здравствени установи, преставници од подрачната единица на ЦУК – Прилеп и Дирекцијата за заштита и спасување.
На 28.12.2022 на ул„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Д.Р.(30), Џ.Р.(33), Д.Б.(34) и Ф.М.(41), сите од Битола.
Тие биле затекнати како вршат продажба на разновидни пиротехнички средства. Пиротехничките средства биле одземени,а лицата биле задржани во полициска станица.
По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
По неколку годишна пауза нашиот шоумен и вокален солист, Оливер Лозаноски, на своите обожаватели им подари најубав новогодишен подарок.
Станува збор за новата песна “ЖЕНИ”, која е авторско дело на композиторот Мендо Ташкоски.
Како гости во оваа композиција учествуваат виртуозот на хармоника Димитар Митровски и Катерина Поповска како пратечки вокал. Песната е снимена во најдоброто музичко студио на овие простори, МТ музичко студио во Прилеп.
Цели седум дена го нема 64-годишниот Киро Пупуноски од Крушево.
Семејството го пријавило случајот во полиција, но сега бара помош и од граѓаните кои можеби некаде ќе го сретнат пензионерот Киро, кој боледува од деменција.
– Роден е на 20 март 1958 година. Се вика Киро Пупуноски, а ова е неговата фотографија. Киро е пензионер, а последниве 3 години боледува од деменција. Секоја корисна информација да се сподели со ќерката Билјана Чонеска од Крушево – велат од семејството Пупуноски.
„Amazon“ тестирањето на услугите на „Prime Air“ го прошири на нови подрачја во Тексас и Калифорнија.
Ако на некоја компанија и е важно начинот на достава да се модернизира и да се забрза, тоа секако е „Amazon“. Еден од начините на кои доставата може да се забрза е преку беспилотни летала и компанијата уште од 2013-та година најавила развој на свои услуги преку „Prime Air“. Развојот на дроновите и услугите, не е тешко да се заклучи, не оди по текот по кој се надевала компанијата, но сепак е забележан одреден напредок.
Компанијата неодамна најавила тестирање на беспилотна достава на неколку нови локации во две американски сојузни држави – Калифорнија и Тексас. Тоа на „LinkedIn“ го најави и потпретседателот на „Prime Air“, Дејвид Карбон, со фотографија од дрон кој носи мала кутија поврзана со јаже. Напишал дека тоа е само еден мал чекори кој во текот на годините ќе прерасне во џиновски чекор, нагласувајќи дека технологијата ќе отклучи иднина на достава во која безбедноста ќе биде императив, а купувачите на прво место. Нашите луѓе бидат темелот на кој се е базирано – ги пофалил вработените во „Amazon“.
Се што треба да направат купувачите кои учествуваат во овој тест е внатре во своите мобилни апликации да одберат таков начин на достава и многу брзо да очекуваат доаѓање на беспилотно летало кое ќе им го спушти нарачаниот производ.
Дроновите, секако, нема да можат да го заменат превозот на големи далечини од доставните центри, но изгледаат идеално за достава до домашна адреса. Со оглед на тоа дека во градовите често има метежи и сообраќајот е бавен, беспилотните летала се чинат како идеално решение за таквите проблеми при доставата.
Секако, притоа тие мораат да бидат безбедни и за другите летала, но и за луѓето и инфраструктурата на земјата, односно мораат да ги почитуваат строгите регулативи и безбедносни барања. Треба да се води сметка и за временските услови, создавањето на бука на тие летала и друго. Освен „Amazon“ и други компании тестираат сличен начин на достава, а една од нив е и „Wing“ на „Google“, кој досега се покажал како одлично решение за достава на производи со помали димензии и на помала оддалеченост, иако во текот на тестирањето на услугите наишле на некои неочекувани проблеми, како напади од птици на нивните дронови.
Во изминатите неколку години Амазон забрзано вложува во софтверот за логистика и “Last Mile Delivery” или она што значи достава до адресата на крајниот муштерија.