Отворен пункт за донирање во центарот на Прилеп, градот ќе одвои околу 500.000 денари за Турција и Сирија

Од денеска секој ден од 10 до 16 часот е отворен пунктот во центарот на Прилеп, на камената бина на плоштадот „Александрија“ за донирање за настраданите од земјотресот во Турција и во Сирија. Прилепчани веднаш се одзваа и почнаа да донираат облека, обувки, постелнина, храна.

Прилепскиот градоначаланик Борче Јовчески, кој токму за време на земјотресот ги зацврстуваше односите со збратимената општина Бајрампаша во Истанбул уште при посетата ја најави сета можна помош за настраданите подрачја. Општината ќе донира и околу 500 000 денари.

-Во понеделник ќе имаме вонредна седница на Совет на Општина Прилеп на која што ќе донесиме одлука за директна финансиска помош. Понуден е обучен тим од ТППЕ Прилеп во координација со ДЗС подрачна единица Прилеп, за директна помош со човечки ресурси во подрачјата каде што има потреба, а исто така и бизнис секторот и стопанската комора од нашиот град веќе испраќаат помош, Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.