дома блог страница 1301

Прилепчани го одбележаа денешниот празник Св. Наум Охридски: Годинава домаќин поранешниот, а догодина актуелниот градоначалник (Фото)

Денеска се празнува Св. Наум Охридски, монах и презвитер. Свети Наум му беше најблизок соработник на божествениот Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Тој е еден од основоположниците на словенската писменост и просвета.

Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија. Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугарија, Плиска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина последните 10 години од животот

Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни. Затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.

Прилепчани празникот традиционално го одбележаа пред храмот посветен на Св. Наум кај “Паркот на револуцијата”.

Во Прилеп за прв пат се изгради православен храм во чест на овој светител и посветен на него. Камен темелникот за изградба на овој велелепен храм беше поставен во 2012 година и тој е еден од 4-те храмови во Прилеп кои се изградија за само неколку години, а останатите се: “Св. Петка” во населба Точила, “Св. Пантелејмон” во кругот на општата болница и “Св. Константин и Елена” во типската населба.

Денес, во присуство на голем број верници се чествува овој светител и со Света Божествена Литургија и молитва за здравје се одбележува овој голем празник!

Меѓу домаќините беше и поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, а за догодина меѓу пријавените домаќин ќе биде и актуелниот градоначалник Борче Јовчески.

За многу години!

Прекрасно празнично изненадување! “Вечниот Бог” во изведба на Ламбе, Антониа и децата од “Златно славејче” (Видео)

Со најголема љубов и доверба, Ви го подаруваме спотот за третата верзија на „Вечниот Бог“ снимена јануари 2023 во режија на Дејан Пројковски, Горан Наумовски – директор на фотографија и Стојан Стојановски – камера и монтажа, а во изведба на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно славејче – стои во описот на најновиот спот од Здружението “Бадникови поворки”

Создадовме дело што треба да го предизвика вниманието на новата генерација деца, на коишто имаме света должност да им ја пренесеме нашата православна традиција на празнување Бадник и Божик, онака како што нашите претци ни ја оставиле нам во предание.

Едноставноста на амбиентот и скромната трпеза во спотот, сведочат за вистинските вредности на Христијанинот и за миг ни ги ослободуваат сетилата од пренатрупаноста на секојдневието, за да можеме да го почувствуваме Божик во срцето, да се Роди Христос во јаслите на нашите души.

Низ ова визуелно дело, ги поучуваме нашите деца, наместо кон обилна телесна гозба, да стремат кон ангелската храна, кон слатката гозба на верата, на правдата, на христијанската радост. Па така, на Божик, да ги посетиме и прегрнеме ближните, заборавените, немоќните, да споделиме, да си простиме!

Останатиот дел од екипата што го создаде ова аудио-визуелно дело за да остави трајна вредност во нашата колективна меморија, е составена од:

Актери: Крсте Јовановски, Петар Мирчевски, Валентина Грамосли

Лука Николоски, Јордан Цветкоски, Теофанија Костоска, Јустина Петреска, Лука Аритоновски, Петар Танески, Јована Блазеска, Теодора Бпреслиева, Марија Филипов Илиева, Ристе Филипов

Владимир Димовски – аранжман и оркестрација

Владимир Цветковски – виолина, Владимир Димовски – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Иван Еминовиќ – клавијатури и синтисајзер, Симона Богоевска – харфа, Кристина Љушкоска – флејта, Петар Христов – сопран, саксофон, алт саксофон, Мојца Седеу – тимпани, чинела

Хор – Златно славејче / Студио „Алшар“ – Ивица Јанкуловски

Маргарита Миновски – шминка, Викторија Бурсаќ – стилист, Венко Пашовски, Летка Филипова, Ромео Петрески, Аце Ставрески, Горан Ангелоски, Дејан Донески, Здружение за грижи и воспитување на деца на Охрид

Да му благодариме на Бога што после двегодишна пандемија, конечно можеме да го прославиме Божик сите заедно, со небесна радост и да се помолиме со Христовото Раѓање, во нашите срца да се родат добри дела! ‘

Уживајте во продолжение:

Еве што треба да направите со бадниковото гранче после празниците

Божиќ е еден од најголемите верски празници, а традицијата е полна со убави обичаи до кои многу верници се придржуваат.

Меѓутоа, кога Боижиќ ќе помине, често сме сведоци на тажните слики: бадникови дрвца фрлени по улиците и тоа главно крај контејнерите и кантите за отпадоци.

Што треба да се направи со бадниковото дрвце после Божиќ е најчесто прашање кое се поставува овие денови. Како што православието наложува, бадниковото дрвце треба да се остави негде во природа, но многу е важен начинот на кој тоа се прави.

Не треба да се остави со додатоците со кои се продава по маркетите. Значи, отстранете ги украсните додадоци, а самото гранче и листовите оставете ги во шума или парк. Оставањето со непотребните додатоци претставува непочит кон верата.

Не оставајте го гранчето на бетон, два чекори од контејнер, туку покрај некое дрво.

Бадниковото гранче се нарекува и дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност. Како што дабовото дрво најдолго држи жар, така оној што ќе си постави во домот верува дека го чека вечен живот дури и по смртта. Бидејќи дабот симболизира долговечност, здравје и издржливост народните верувања велат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот неговите особини ќе се пренесат на сите оние луѓе што живеат во тој дом.

Божиќен концерт во недела во Офицерски во Битола

Во недела, по повод големиот христијански празник Божиќ, во Офицерскиот дом во Битола, со почеток од 19:00 часот, ќе се одржи „Божиќен концерт“.

На концертот, ќе настапат Машкиот хор „Свети Нектариј Битолски“, Детскиот хор „Свети Стилијан“ од Битола и хорот „Свети Ахил Преспански“ од Ресен.

Влезот за концертот е слободен, но поради ограничениот број на места, бесплатни влезници може да се подигнат, денес 05.01.2023 и утре 06.01.2023 од 17:00 до 21:00 часот од Офицерски дом.

Под мотото “Сложно и се’ е можно”, “Скопско” и РФМ повикаа да навиваме на Светското во ракомет

„Навиваме сложно и сѐ е можно“ е главната навивачка порака која „скопско“ ја испрати за поддршка на нашите ракометари, кои повторно ќе заиграат на Светско, овој пат во Шведска и Полска, од 12 до 29 јануари 2023.

Како горд поддржувач на македонската ракометна репрезентација и важен „играч“ во сите навивачки и славенички моменти, „скопско“ ја продолжи децениската соработка со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со специјално дизајнирана амбалажа, посветена и инспирирана од нашите репрезентативци.

„Во насока на креирање вистинска навивачка атмосфера, пред и за време на првенството, на пазарот се лансирани и специјално дизајнирани „скопско“ и „скопско smooth# пакувања кои се посветени на ракометот и македонската репрезентација. Продажбата на оваа специјална серија е веќе започната и ги содржи имињата, броевите и потписите на најистакнататите играчи од новата генерација ракометари, кои денес се носители на нашата игра, како и името на нашата најголема ракометна легенда и наш сегашен селектор – Кире Лазаров. Скопско има одговорност да го поддржи овој моментум и луѓето кои го даваат својот максимум на теренот – нашите ракометари и херои, а како автентичен македонски бренд е должен на луѓето да им даде глас и начин да ја искажат својата поддршка и гордост“, – изјави Катерина Теовска, маркетинг менаџер во Пивара Скопје.

Шестиот настап на Светските првенства, нашата репрезентација ќе го започне во Краков, каде ќе се играат сите натпревари од групата Ф, во која противници за влез во втората фаза ќе ни бидат Норвешка, Аргентина и Холандија.

„Нашите очекувања се секогаш високи, ние сме една млада екипа со неколку искусни играчи која ветува многу во иднина. Нѐ очекува можам да кажам една тешка група, ние сме максимално подоготвени и го продолжуваме тој континуитет на големи натпреварувања“ – изјави Филип Кузамновски и се заблагодари на поддршката. На ова се надоврза нашиот млад репрезентативец Игор Ѓоргиев кој ја потврди спремноста на репрезентацијата и ја повика Фалангата од која очекува максимална поддршка.

Според верувањата, овој зачин задолжително треба да го ставите на бадниковата трпеза вечерва, а еве и зошто

Велат дека на овој ден птиците престануваат да пеат, лисјата на дрвјата престануваат да треперат, а водите во реките престануваат да течат.

Според традицијата на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број – 7, 9, 11 – колку повеќе се – толку подарежлива ќе е новата година во домот. Задолжително е јадењата да се само посни.

Лебче со паричка – Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и др.

Суви пиперки со грав / сарма со зелка – Карактеристика на полнети пиперки за трпезата на Бадник е дека се користат суви пиперки, кои претходно треба да се потопат во топла вода за да омекнат и потоа да се измешаат со сварен грав. Другата опција се традиционалните сарми, полнети со ориз.

Компот од суви сливи – тоа е вид компот од суво овошје. Ако не ви се допаѓа, може да додадете кое сакате суво овошје.

Овошје (јаболка, ореви, мушмули, дуњи) – Во минатото на Бадник се кршеле оревите кои биле наречени за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината.

Кисела зелка – Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови.

Печена тиква – Важно е трпезата на Бадник да има и нешто слатко за да е благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите затоа него можете да го ставите врз печената тиква.

Лук – Лукот има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, слободно расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести.

Покрај наведената храна на трпезата на Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат болестите и несогласувањата.

Денес е голем празник: Се празнува Св. Наум Охридски – Чудотворец, исцелител и просветител

Денеска е Св. Наум Охридски, монах и презвитер. Се упокои на денешен ден во 910 година во манастирот „Свети Наум“, на брегот на Охридското Езеро.

Свети Наум му беше најблизок соработник на божествениот Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Тој е еден од основоположниците на словенската писменост и просвета.

Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија. Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугарија, Плиска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина последните 10 години од животот

Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни. Затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.

Вечерен поздрав од маглив Прилеп (ФОТО)

И маглата може да биде живописна. Изгледа по малку страшно, но ќе признаете фотографиите се одлични.

ФОТО/Maртин Мирчески

Да ти се наполни срцето – Македонија се крена на нозе за него: Марко започна со терапија, спремен е да победи

Младото момче Марко Здравковски за кого цела Македонија се обедини да му помогне да ја победи болеста, започна да ја прима терапијата во Франција.

Марко се огласи и им се заблагодари на сите кои донирале за него.

-Би сакал да ве известам дека конечно почнав со потребната терапија во Франција. Ви благодарам на сите вас кои одвоивте време и средства за да бидам чекор поблиску до лекот. Се собра почетната сума за првите 6 месеци и се надевам дека ќе има подобрување по првите неколку третмани. Имам прекрасни пријатели и родители со чија помош успевам да верувам дека на крајот од денот се ќе биде добро. Затоа што, нема лоши денови. Само онакви кои потешко се поднесуваат. Спремен сум да извојувам победа, вели Марко.

Немаат cтpaв ниту од најсветото: Kpивична за штипјанец кој огpaбил цpква во битолско

СВР Битола поднесе кpивична пpиjaва пpoтив Т.Б.(52) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кpивично дело „тешка кpaжба“.

Во периодот од 29.11. до 01.12.2022, пpиjaвениот со yпотpeба на физичка cила влегол во црквата „Свети Никола“ во с.Кукуречани и одзел пари – информираат од СВР Битола.