дома блог страница 1302

Teшка cooбpaќajка на патот Македонски Брод-Кичево – се cyдpиja два автомобили

На 03.01.2023 во 16.00 во ОВР Македонски Брод било пpиjaвено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево, кај место викано ,,Ветарник“, се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, yпpaвyвано од М.М.(73) од с.Лисичани, Општина Пласница и патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Е.Ј.(47) од с.Зајас, кичевско.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил сопатникот од возилото „голф“, А.А.(47) од с.Зајас, додека возачот Е.Ј. се здобил со телecни повpeди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод – информираат од МВР.

Над 100 дечиња во Прилеп ќе го најават Христовото раѓање

По двегодишна пандемиска пауза, повторно се организираат Бадниковите поворки во Прилеп. Оваа година поворките се одржуваат под мотото ,,Бадник и Божиќ во полн сјај”.

Пријавени се над 100 дечиња досега, но на пробата на петти и на денот на поворката организаторите од здружението ,,Бадникови поворки” очекуваат да се приклучат повеќе дечиња.

Поворката ќе започне од Камената бина во 10:00 часот на 06.01.2023, каде што децата ќе ги отпеат песничките ,,Вечниот Бог”, ,,Тропар на Рожденство Христово” и ,,Кондак на Рожденство Христово”.

Тука дечињата ќе бидат пречекани од градоначалникот на Прилеп, г-динот Борче Јовчески кој симболично ќе ги дарува.

Пеејќи ја ,,Вечниот Бог”, поворката продолжува кон уличките низ старата чаршија, потоа се враќаме до божиќната пештера и се упатуваме кон најблискиот храм, црквата Св.Кирил и Методиј (Параклис).

Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот.

Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божиќната пештера во која е претставен целиот настан на Христовото Раѓање – Божиќ.

Библија за секое дете на Божиќната литургија во храмот Св. Петка во Точила (ФОТО)

Почитувани прилепчани, верници и драги родители, храмот „Св. Петка“ во населбата Точила во Прилеп, ве поканува на божиќните богослужби и со задоволство ве известува дека секое дете кое лично ќе присуствува на Божиќната света Литургија (сабота со почеток во 8.30), по завршувањето на богослужбата ќе добие Библија за млади читатели!

Советуваме децата и да се причестат. Во однос на подготовката за причест, според учењето на Црквата се препорачува децата од мали нозе да се учат на пост но, во случајов, барем последните неколку дена пред Божик.

Ова не е задолжително за децата до седумгодишна возраст. Убаво би било но, не мора да постат ниту, пак, некој друг треба да пости за нив.

За повозрасните деца се препорачува, поучно, да постат (пост на масло) како што рековме, барем последните два-три дена пред Божик. Утрото пред богослужбата младите треба да бидат гладни и жедни, освен бебињата до едногодишна возраст.

в.д.старршина на храм Св. Петка
Протоереј Љупче Петрески

Eве кога ќе се изврши исплатата на финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани

Министерството за труд и социјална политика, ги известува граѓаните дека паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 12.01 2023 година.

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе се објави на 5–ти јануари 2023 година и тоа:

На веб страната на Министерството за труд и социјална политика (корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош)

На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување)

На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија (невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).

Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.

Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта [email protected].

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија, по истекот на три дена од денот на објавувањето.

Maглата ќе се задржи уште малку: Еве какво ќе биде времето до крајот на неделата, очекувајте високи температури

До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време, информира УХМР. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет.

Утре и в петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат.

Температурата утре ќе се движи од минимални -2 до максимални 14 степени, а во Скопје утринскaта се очекува да биде еден, додека дневната осум степени.

Се празнува Светата великомаченичка Анастасија

Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господ Исус, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко и стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот горчливо ја мачеше со затвор и глад.

А уште поголеми маки ? наложи кога дозна дека таа тајно ги посетува христијанските маченици по затворите, им носи понадици, ги служи, им ги мие раните, им ги одврзува јажињата. По Божја Промисла беше ослободена од свирепиот маж. Царот го испрати Публиј во Персија, а тој патувајќи по морето потона. Тогаш Св. Анастасија почна слбодно да им служи на мачените христијани и своето големо наследство да го троши делејќи им милостиња на сиромасите. Еднаш царот Диоклецијан беше во градот Аквилеја и нареди да му го доведат Христовиот исповедник Хрисогон. Него по патот го придружуваше Св. Анастасија. На заповед од царот на светиот Хрисогон му ја отсекоа главата.

Тогаш пострадаа и трите сестри Агапија, Хионија и Ирина (под 16 април): првите две беа фрлени во оган, а третата прострелана со стрела. Нивните тела ги зеде Света Анастасија, ги завитка во бело платно и откако ги обложи со многу аромати чесно ги погреба. Потоа отиде во Македонија и таму им помагаше на Христовите страдалници. Овде ја препознаа како христијанка и за ова ја фатија и ја водеа на сослушување и мачење кај разни судии. Сакајќи да умре за возљубениот Христос, Анастасија непрестајно во срцето ревнуваше кон Него. Еден началник на жреците Улпијан сакаше сладострасно да ја оскверни, но одеднаш ослепе и издивна.

Осудена на смрт со глад Света Анастасија прележа во затворот триесет дена без храна, хранејќи се единствено со солзи и молитва. Потоа ја ставија на кораб со уште неколкумина христијани за сите да ги потопат, но Бог ја сочува и од таа смрт. Најпосле ја положија над оган да виси приврзана со рацете и нозете со четири јазли, па ја предаде својата света душа на Бога. Пострада и премина во Христовото Царство во 304 година.

И после зошто цела Македонија оди за Нова година во Белград – Еве зошто! (ВИДЕО)

Спектакуларен дочек на Новата година во српската престолнина. И после не чудетете се зошто илјадници Македонци ја дочекуваат Новата година и празниците во Белград…

Добро утро со една убава македонска песна

Македонскиот народен мелос е непресушна инспирација на творење… Прекрасна песна 150 години стара од Беломорскиот дел на Македонија, возобновена од Трајче Каралиоски. Уживајте во продолжение:

Битола: Teла на две починати лица пpoнajдени во куќа во Битола

На 02.01.2023 во СВР Битола било пријавено дека околу 10.15 часот во домот во Битола биле пронајдени починати две лица на возраст н 88 и 63 години, двајцата од Битола.

Екипа од Итна медицинска помош конcтатиpaла cмpт без видливи траги на нacилство. По наредба на Јавен обвинител, над телата на починатите нема да се врши обдyкциja – информираат од СВР Битола.

Два албански сателити се лансирани во орбитата, истакна албанскиот премиер Еди Рама

Два албански сателита „Албанија 1“ и Албанија 2 денеска беа лансирани од базата Кејп Канаверал на Флорида во рамки на мисијата „Транспортер-6“ на американската компанија Спејс Икс, соопшти албанскиот премиер Еди Рама.

Тој на својот Фејсбук профил истакна дека „Албанија сега има повеќе високотехнолошки способности за контрола, заштита и управување со својата територија, обезбедувајќи витални податоци во реално време за голем број клучни аспекти за одржлив развој“.

Албанските сателити беа ставени во орбитата со ракетата „Фалкон 9“, која е дел од мисијата „Транспортер-6“ и е шеста што во орбитата испорача 114 микросателити и други вселенски летала.

Албанија исклучиво ќе ги користи сателитите за обработка на геопросторни информации (ГИС), како и за обезбедување производи за сликање и други компоненти, наведува „Албенијан пост“.

Меѓу другото, два сателита ќе им бидат ставени на располагање на институциите кои вршат задачи поврзани со територија, вода, шуми, пожари, урбан отпад или земјоделско производство,пренесе индексонлајн.рс.