дома блог страница 1300

Верувања за Бадник: Јадењата на трпезата треба да бидат во непарен број, еве што се’ треба да има

Се вели дека на Бадник птиците престануваат да пеат, лисјата на дрвјата престануваат да треперат, а водите во реките престануваат да течат.

Според традицијата на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења.

Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број – 7, 9, 11 – колку повеќе се – толку подарежлива ќе е новата година во домот. Задолжително е јадењата да се само посни.

Лебче со паричка – Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и др.

Суви пиперки со грав / сарма со зелка – Карактеристика на полнети пиперки за трпезата на Бадник е дека се користат суви пиперки, кои претходно треба да се потопат во топла вода за да омекнат и потоа да се измешаат со сварен грав. Другата опција се традиционалните сарми, полнети со ориз.

Компот од суви сливи – тоа е вид компот од суво овошје. Ако не ви се допаѓа, може да додадете кое сакате суво овошје.

Овошје (јаболка, ореви, мушмули, дуњи) – Во минатото на Бадник се кршеле оревите кои биле наречени за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината.

Кисела зелка – Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови.

Печена тиква – Важно е трпезата на Бадник да има и нешто слатко за да е благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите затоа него можете да го ставите врз печената тиква.

Лук – Лукот има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, слободно расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести.

Покрај наведената храна на трпезата на Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат болестите и несогласувањата.

Благојче Дамевски седнува на кормилото на Победа – Бабунски се пресели во Битола

Поранешниот фудбалер на Победа, Благојче Дамевски, ќе биде новиот тренер на Победа низ пролетниот дел од шампионатот.

Дамевски, кој е поранешен долгогодишен капитен на Победа, беше дел од стручниот штаб на тимот во есенскиот дел а сега и дефинитивно ќе го преземе кормилото на тимот во пролетниот дел, по заминувањето на досегашниот тренер Бобан Бабунски.

Бабунски на едно коло до крајот од есенскиот дел замина од клубот, а денеска официјално е именуван за нов тренер на битолски Пелистер.

Благојче Дамевски во понеделник на стадионот „Гоце Делчев“, ќе ја има официјалната прозивка на тимот пред стартот од подготовките за продолжението на првенството.

Верни на традицијата и обичаите: И старо и младо синоќа во Прилеп беше собрано околу коледарските огнови (Фото)

Прилепчани ја продолжија традицијата на собири во своите маала околу коледарските огнови. Со вкусна посна трпеза, греана ракија, вино и многу музика и оро, синоќа се празнуваше Коледе, речиси секаде низ градот.

Сите маала почнувајќи маало имаа свои огнови, а прилепчани се дружеа околу нив. Коледарите имаа пријатни временски услови, па затоа ги имаше и во толку голем број околу огновите.

Додека румената ракија ја подгреваше атмосферата, се приготвуваше вкусна риба на скара, а тука беше и посното гравче.

Им посакуваме на сите коледари во Прилеп традицијата да им трае уште многу годни, добро здравје и уште поголемо расположение догодина.

Прекрасно празнично утро во Прилеп: Над 100 ангелчиња го најавија Христовото paѓање (Фото галерија)

По двегодишна пандемиска пауза, повторно се организираше Бадникова поворка во Прилеп. Оваа година поворките се одржуваат под мотото ,,Бадник и Божиќ во полн сјај”.

Пријавени беа над 100 дечиња кои поворката ја започнаа од Камената бина во 10:00 часот, каде што ги отпеаја песничките ,,Вечниот Бог”, ,,Тропар на Рожденство Христово” и ,,Кондак на Рожденство Христово”.

Тука дечињата беа пречекани од градоначалникот на Прилеп, г-динот Борче Јовчески кој симболично ги даруваше.

Пеејќи ја ,,Вечниот Бог”, поворката продолжи кон уличките низ старата чаршија, потоа па назад до божиќната пештера и се упатија кон најблискиот храм, црквата Св.Кирил и Методиј (Параклис).

Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се водилка кон местото каде што се раѓа Богомладенецот.

Симболично прикажано, кај нас тоа е патот до божиќната пештера во која е претставен целиот настан на Христовото Раѓање – Божиќ.

За многу години!

Само во Витлеем и Крушево: По десетти пат вечерва се одржа верската поворка “Дева” (Видео/Фото галерија)

Убаво, празнично е пред Божик во Крушево.

По десетти пат на плоштадот “Никола Мартиноски” во Крушево, вечерва во пресрет на големиот празник Божик, се одржа традиционалната манифестација „Дева“.

Што е Дева?

Накратко, Дева е празник кој го слави појавувањето на ѕвездата која го најавува Христовотo раѓање.

Како се чествува?

Машки деца или возрасни мажи ги посетуваат домовите на Крушевчани држејќи во раката шестокрака ѕвезда и пеејќи песна со која го најавуаат Христовото раѓање. Домаќините за тоа ги даруваат со муштулук.

Што е Дева во чест на новото раѓање?

Тоа е проект на СОУ „Наум Наумовски – Борче“ од Крушево изработен во рамките на одржливиот развој на туризмот. Се потпира на три компоненти:

-економска да обезбеди приход на месното население. Затоа се тука индивидуалните производители од Крушево. Тука се и угостителските објекти од градот, наши редовни поддржувачи, кој имаат за цел да се претстават и да го испочитуваат празникот

-еколошка компонента, која во нашиов случај е запазена со минимална заштеда на електрична енергија. Како? Така што секој од нас, утрешната Бадникова вечера ќе ја помине во блажена атмосфера само под светло на бадниковите свеќи

-и трета компонента – социјална, која има за цел да го потпомогне месното население. Затоа е тука касичката, во која се собираат средства за првото бебе кое ќе се роди помеѓу две Деви на територијата на градот Крушево. Во тој дел покрај вас, многу ќе помогнат и нашите учениците, кои со ѕвездата ќе ги посетат домовите во Крушево и ќе го најават раѓањето Христово.

Младите демонстрираат вековна традиција. Велат, само во Крушево, па дури до Витлеем. Предбожиќни песни, навестувањата, голем број изработени шестокраки црвени ѕвезди, како онаа во Витлеем кога било навестено Исусовото раѓање.

Крушевчани се горди на традицијата која им ја објаснуваат детално на посетителите и на гостите, а тие, пак, гостите, воодушевени од впечатоците – на градскиот плоштад среде Крушево пробуват од посната трпеза, се топлат со напитоците во петојануарската зимска вечер и воодушевено се подготвени да им раскажувата на блиските и на пријателите – Предбожиќната петтојануарска вечер во Крушево вреди да се доживее.

Билјана Проеска пред присутните истакна дека чест и задоволство е што оваа година настанот бележи 10 години.

“Во изминативе години, ншата ѕвезда израдува 9 новороденчиња: Матеа Трајкоска, Клара Ристеска, Александар Богданоски, Стефанија Николоска, Христијан Крстески, Василија Димитриоска, Виктор Николоски, Марко Петкоски, Михаела Ристеска. Го очекуваме десеттото новороденче во оваа 2023 и продолжуваме во втората декада. Воведуваме нови содржини со кои ќе ви овозможиме овој настан да го паметите как еден од најубавите во вашиот живот. Нека е за многу години Дева”.

„Дева“ е еден од најзначајните празници и обичаи за Крушево и крушевчани, бидејќи на уникатен начин ги претставува културата и традицијата на градот. Она што е важно да се знае е дека само во Крушево и во Витлеем се празнува овој празник, односно најавувањето на раѓањето Христово.

Распорeд на богослужби за Божиќните празници во храмот Свето Благовештени

– Бадник – коледе – Петок (06.01.2022) Царски часови со Василиева литургија со почеток во 07.00 часот.

– Рождество Христово – Божик – Сабота (07.01.2022) утринска празнична Богослужба со Света Златоустова литургија со почеток во 07.00 часот. Секое дете, кое ќе ја посети црквата ќе ја добие книгата Библија за млади.

– Собор на Пресвета Богородица – втор ден Божик – Недела (08.01.2022) утринска празнична Богослужба со Света Архиерејска Златоустова литургија со почеток од 07.00 часот. Чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Петар.

– Св. Првомч. и архиѓакон Стефан – Понеделник (09.01.2022) утринска празнична Богослужба со Света Златоустова литургија со почеток во 07.00 часот.

Нека Рождеството Христово, донесе здравје, мир и спокој во сите православни домови во нашиот град Прилеп.

Наместо да застане, дрвокpaдец yдpил со возилото во шумски полицaeц од Прилеп

На 04.01.2023 во ОВР Прилеп, Р.М.(40) од Прилеп, вработен во Шумската полициja, пpиjaвил дека додека бил на служба со колеги во атарот на с.Царевиќ, прилепско, затекнале патничко возило џип марка “сузуки”, управувано од Б.П., како бесправно превезува огревни дрва.

Според пријавеното, откако се доближиле до него му дале знак да застане, тој не застанал, ја зголемил брзината и со возилото го yдpил Р.М.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.

Koледapчињата ce пpви ангели на Бадник – на овој ден ceмejcтвото и домот ce цpква

Бадник е денот пред Божик. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање.

Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се нашите земни ангели. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè будат со песна и со радост. Тие се првите гласници на празникот – весници на радоста. Нашите ангели за Бога и за Бадник. Рано в зори секоја куќа го слуша прекрасниот детски глас, како глас на ангелите за раѓањето на Христа Спасителот.

За добрата вест се наградува, а за коледарите награда е отворената врата, пречекот, радоста и обичните дарови – плодови од природата: ореви, костени, јаболка, круши, смокви, сливи и ситнурии. Се радуваат на малку и на едноставност, а тоа е добро школо за нас возрасните дека, всушност, толку и ни треба. Доволна е насмевка и радост, срдечност и љубов.

Тоа се богатствата што ги добиваме од децата и такво е Бадничкото семејно празнување. Негова одлика е љубовта и едноставноста. Тоа е денот кога се чувствуваме најблизу до оние што ни се најблиски и до она што ни е најблиску: до децата и до родителите, до себеси и до своите, до семејството и до природата. Најблиску до луѓето и до Бога.

Затоа на Бадник семејството е Црква. Секоја куќа е Црква. Во секој дом се пали свеќа, темјан и кандило. Во сите домови се принесува молитва од Домашната црква. Молитва заедно со принос – благодарност на Трпезата. Како в црква Евхаристија. Таква е заедницата на љубовта. Заедница на заедничарењето. Радост со најблиските, љубов крај своите.

И сето тоа со пости, за душа да се гости. На Бадник завршуваат Божикните пости. Тоа е последната посна трпеза пред Божик, а полна со разновидна храна и овошје. Дарови од Бога, Нему принесени.

Бадник значи будност. Зборот Бадник доаѓа од старомакедонскиот збор Б’дник, Будник, што значи: Бдеење, Будност, Неспиење во ноќта спроти Божик. Будни заради очекувањето на Денот на Христовото раѓање.

Таа будност, тоа бдеење на Бадник, доколку не е молитвена будност, со присуство на сеноќно бдение, тогаш е богоугодна и домашната будност со читање на Библијата – читање за настаните поврзани со Христовото раѓање или будност во домашен разговор за библиските настани. Така е најдобро и така најпријатно се подготвува верникот за пречек на Господа. Тој Го чека Бога со насочени мисли, чувства и волја кон Него.

И Бадничката богослужба е исполнета со библиски читања за пророштвата и записите во Библијата за доаѓање на Христа Спасителот. На овој празник, во богослужбата има најмногу читања на библиските текстови и настани поврзани со доаѓањето на Спасителот на светот. Но, Бадник не е само вечерта и само ноќта, туку и целиот ден. А дента има богослужба и добро е да се појде в црква, на молитва. Но, сепак, поим за Бадник е бадниковата вечер.

Бадник е ноќта на мирот, радоста, љубовта и сплотеноста, кога будни го дочекуваме раѓањето на Господа Исуса Христа. Таа будност не мора да значи само будно око од неспиење, туку уште повеќе значи будност духовна – да бидеме духовно будни!

Бадник е роденденската ноќ на Спасителот.

Одлична можност за младите од овие 7 општини: Аплицирајте за проектот “Fast Forward” кој е поддржан од Американската амбасада

ПРО ЛОКАЛ објавува ПОВИК за вклучување на 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен и Крушево во активностите на проектот “Fast Forward – „Развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина”

ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

Економско зајакнување на младите во 7 рурални општини од Пелагонискиот регион;

Зајакнување на претприемачките капацитети на младите од руралните средини во Пелагонискиот регион.

АКТИВНОСТИ

Во рамките на проектот предвидени се обуки (3 модули со по 2 сесии) за 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, Кривогаштани, Долнени и Крушево кои ќе ги водат докажани експерти од областа на претприемништвото. Обуките се на теми:

Генерирање на претприемачки идеи: унапредување на капацитетите на младите за започнување сопствен бизнис; Донесување одлуки и деловно планирање- пазарна валидација на бизнис идеи; Развивање бизнис план.

Обуките се еднодневни и ќе се одржуваат во Битола.

Патните трошоци до/од местото на одржување на обуките се покриени од проектот.

КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО

Место на живеење во некоја од таргетираните општини: Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен или Крушево,

Возраст од 18 до 29 години, Претприемачки дух и желба за започнување на сопствен бизнис.

ВРЕМЕНСКА РАМКА за реализација на обуките

февруари 2023 – мај 2023

НАЧИН НА АПЛЦИРАЊЕ

Заинтересираните млади потребно е да испратат Пријава во која ќе ги наведат личните податоци и Мотивациско Писмо во кое треба да се наведат причините за учество во активностите на проектот на следната адреса [email protected] најдоцна до 20.01.2023 година, со назнака: За учество во проект FAST FORWARD.

КОНТАКТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Сите заинтересирани млади лица од засегнатите општини можат своите прашања за проектот и неговата имплементација да ги постават на [email protected] или на телефонските броеви 075/322-323 и 071/307-301.

Уaпceн прилепчанец измамник кој се барал со потepница за одлежyвање казна затвop во траење од 2 години

На 04.01.2023 во 16.20 часот на ул.„Руди Чаевец“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Б.(43) од Прилеп, со живеалиште во Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.