Прилепскиот бренд ги победи сите останати: Ракијата на “Сарика” го освои првото место на “Неделата на виното” во Неготино

126 мостри на црвени, бели и розе вина и ракии беа доставени по јавниот повик од страна на општина Неготино за учество во натпреварот за избор на најдобри вина од реколтата 2022 година и ракии од индивидуални производители од цела Македонија.

Со дегустацијата на мострите на 10.02. и официјално започнаа активностите од „Неделата на виното“ која општина Неготино ја организира по повод верскиот празник Свети Трифун-заштитникот на лозарите и винарите.

Оценувањето на 28 мостри црвени вина, 36 бели, 14 вина розе и 48 мостри на ракии го изврши 5-члена комисија составена од енолози од Здружението на енолози на Македонија, при што ракијата на прилепската винарија “Сарика” со 90 освоени бода го освои првото место, а во конкуренција на розе вина прилепчани освоија второ место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.