дома блог страница 1273

Уште едно бегство – 3атворите во Македонија како хотел “промаја” кој сака си оди

Уште еден затвореник му избега на „Сокол“ од затворот Скопје во Шуто Оризари. Второ бегство за две недели, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред два дена од затворот каде директор е Филип Андов Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево. И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот од пред две недели бил дел од таканареченото „слободно одделение“. Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години, по опсежна акција за апсење на нарко дилери, а од затворот Шутка бега на пет месеци пред истек на казната. Ова повеќе не може да се гледа како случајност, ова се системски пропусти, ако не и намерни системски пропусти. Ова повеќе не е држава, туку територија на мафијата, во којашто затвореници кога сакаат непречено излегуваат од затвор. Пред само две недели од Шутка си замина Нафи Абдиовски, затвореник со цел фотоалбум со цело СДС, власта му премолче на миленикот Сокол. Сега се случува уште едно бегство, а власта пак молчи и се крие. Уште колку затвореници треба да излезат од Шутка за да се побара одговорност? Мора ли крв да падне, како во Идризово, за да се реагира?, прашува Стоилковски.

Тој додава дека ваков дебакл нема никаде во светот, а СДС се уште си го чува Сокол за директор, а во затворската полиција луѓе коишто по наредба и по потреба ги обезбедуваат собирите на СДС.

-Затворите станаа решето, од нив бега секој што има врска со СДС, мафијата и нивните структури распоредени во затворската хиерархија. Потребни се оставки и одговорност и од миленикот на СДС, Филип Андов Сокол и од министерот за правда, Никола Тупанчевски. Ниту право, ниту правда, ниту систем има со СДС. Потребна е одговорност и таа ќе дојде по изборите, вели Стоилковски.

Прилепчанка нападната од свој сограѓанин во сопствениот двop

На 27.01.2023 во 17.40 часот во Полициска станица Прилеп, В.Б.(41) од Прилеп пријавила дека на 24.01.2023 во 20.00 часот, во нејзиниот двор во Прилеп, била физички нападната од Д.Р. од Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.

Николоски: Новата декларација од Бугарија е најдобар доказ дека бугарските барања немаат крај

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес конференција одговорајќи на новинарско прашање дали смета дека новата Декларација на комисијата за надворешни работи на Бугарското собрание значи нова провокација, вели дека таа е најдобриот доказ дека бугарските барања немаат крај, а клучниот проблем е што владата на СДСМ и ДУИ не ја почитува Декларацијата изгласана во македонскиот парламент каде се исцртуваат македонските црвени линии.

-Прво со овој предлог на Декларација на комисијата за надворешни работи на Бугарското народно собрание уште еднаш се потврдува тезата дека барањата на Бугарија немаат крај. Тоа е најдобар демант на сите оние изјави кои што беа давани во текот на 2017та година дека прашањата со Бугарија се затворени кога се потпиша таканаречениот Договор за пријателство и добрососедство кој што не е ниту за пријателство, ниту за добрососедство и во кој што Македонија беше понижена, особено македонскиот народ со тоа што се прифати дека македонскиот и бугарскиот народ имаат заедничка односно споделена историја. Така што овие најнови активности на Бугарското народно собрание одат токму во потврда во оваа теза дека бугарските барања немаат крај. Тоа е прво, изјави Николоски.

-Второ она кое што многу загрижува е што, да ја потсетам јавноста македонското собрание донесе Декларација во која што беа испишани таканаречените црвени линии кои што владата треба да ги почитува во односите помеѓу Македонија и Бугарија. Ништо од овие црвени линии не е испочитувано. И клучното прашање не е зошто Бугарија носи декларации, тие може какви декларации да си носат, клучното прашање е зошто тие документи кои што македонското собрание ги усвојува и се обврзни, не се почитуваат од владата на СДСМ и ДУИ, нагласи Николоски.

Денес се празнува Преподобен Антониј Велики: Честит именден Антонио, Антонија, Антон, Антоанета

Египќанец, роден околу 250 година во некое село Кома, близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството.

Најпрвин, се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне обеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестана молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи со неискажливо трпение демонските искушенија.

Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и слово на патот кон спасението. За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на светиот Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес. Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска подражавачи и ученици.

Иако беше некнижевен, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше свети Атанасиј Велики. Кога некои елински философи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“ Засрамени, философите се разотидоа, зашто видоа дека самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј.

Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата. Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси и само така можеше да ги преобразува и другите. Исполнет со многубројни години и добродетели, свети Антониј се упокои во Господа во 335 година.

Прилепчанец фатен со 28 ампули диjaзепам

На 28.01.2023 во 18.00 часот во Прилеп од полициски службеници од ОВР Прилеп приведен е А.А.(40) од Прилеп, затоа што кај него се пронајдени и одземени 28 ампули дијазепам.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вибер воведува нови измени: Две опции кои секојдневно ќе ги користите

Популарната апликација за комуникација – Вибер, одлучи да промени одредени опции за да ја олесни и дополнително да обезбеди комуникација помеѓу одредени брендови и компании и поединци.

Во иднина на оваа апликација ќе се појави специјална папка наречена „Business inbox“ во која автоматски ќе се префрли секој разговор што сте го правеле со некоја компанија.

Во тоа сандаче ќе можете да ги поставите најгоре разговорите кои ви се потребни, но ќе имате и полесен преглед на компаниите, бидејќи тие сега ќе бидат одвоени од приватните пораки. Самата папка ќе биде на врвот на листата на приватни разговори, така што нема да се „изгубите“ во пораките.

Друга нова функција што ја воведува Вибер е „Комерцијална сметка“ која ќе им овозможи на компаниите да прикажуваат некои основни информации како веб-страница, телефон за контакт и е-пошта и полесно да комуницираат со луѓе кои сакаат да воспостават соработка со нив.

Со помош на комерцијалните сметки, ќе има поголема безбедност на податоците, како за клиентите, така и за компаниите и фирмите, а корисниците ќе можат да споделуваат информации за комерцијалните профили, со што ќе се зголеми видливоста на самиот бренд.

Киријос: “Ви реков! Создадовме чудовиште!”

Контроверзниот австралиски тенисер воодушевен од исходот на големото финале на Австралија Опен.

Новак ја освои 10. титула во Мелбурн и рекордниот 22. Грен слем во кариерата, бидејќи во финалето го победи грчкиот тенисер Стефанос Циципас со 3:0 во сетови, а начинот на кој ја освои титулата го импресионираше неговиот голем ривал Ник Кирјиос.

Кирјиос редовно ги следеше натпреварите на Новак во Австралија и не штедеше пофалби за Србинот. Тој во свој препознатлив стил ја коментираше играта на социјалните мрежи и неговите духовити објави го привлекоа вниманието на љубителите на тенисот ширум светот.

“Ви реков. Создадовме чудовиште. Браво Новак… Седнав на каучот и уживав во целото шоу”, напиша Киргиос на Твитер.

Доколку некој имаше сомнеж – Србинот е најдобриот на сите времиња!

Нова Ѓоковиќ го освои својот десетти трофеј од австралискиот грен-слем турнир.

Со овој трофеј Ноле се изедначи со Рафаел Надал по бројот на освоени грен-слем титули. Но токму фактот што овој рекорд го стигна на Австралија опен, го прави Ѓоковиќ најдобриот тенисер на сите времиња.

На 35 години Србинот игра во животна форма и најавува дека оваа година ќе има повеќе вакви трофеи во неговата витрина.

„Сакам да освојам што е можно повеќе Грен слемови – трофеите како овој се мотивација во оваа фаза на мојата кариера. Не сакам да се споредувам со другите, но добро е да се биде во конкуренција за најдобрите на сите времиња. Знам колку енергија вложив во освојување трофеи, а сепак имам многу мотивација. Ќе видиме каде ќе ме однесе, немам намера да застанам сега.

Се чувствувам добро, имам добро чувство за тенисот. Јас играм. Мислам дека можам да го освојам секој Грен слем, против кој било. Ништо не е загарантирано, многу тенисери сакаат трофеи и прво место на листата. Многупати сум бил во ваква ситуација и знам што ме чека.

Не знам колку години ќе играм и на кои Гренд Слемови, зависи и од мојата состојба. Добро е да имаш поддршка од најблиските, да имаш баланс со приватното со животот, да си ментално силен, да си способен да се бори за трофеи. Сè уште чувствувам дека има време пред мене“.

Полицијата и УЈП синоќа влегоа во над 200 локали и казина – еве што пронајдоа

Синоќа по полноќ до 4 часот утринава, полицицијата спроведе акциска контрола во угостителски објекти на 272 локации.

Во контролата беа опфатени и 18 казина на подрачјето на Скопје и Куманово. При акцијата приведени се лица за дрога и оружје, а констатирани се и други прекршоци, соопшти МВР.

„За време на контролата, на територија на СВР Скопје, поточно на подрачјето на Чаир, е констатиран еден прекршок по чл.80 од Законот за оружје, при што кај Б.И.(31) од Косово е пронајден и одземен нож, а на подрачјето на Кисела Вода прекршок по Законот за странци, при што е приведен О.О.(32) од Република Турција поради непријавен престој во државата.

Притоа, од спроведената акциска контрола на подрачјето на СВР Велес од страна на полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за службени кучиња, СВР Скопје и СВР Велес, како и инспекциски служби на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, во угостителски објект во Велес констатирано е кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, при што лицето е лишено од слобода, прекршок по чл.21 од ЗППЈРМ поради присуство на малолетници во објектот, прекршок по Законот за оружје кај лице кое врши работа од областа на приватното обезбедување, а притоа не поседува лиценца и договор за работа (член 46 став 3 од Закон за приватно обезбедување), поради што и ова лице е приведено во полициска станица.

Од страна на Управата за јавни приходи констатирано е дека објектот работи спротивно на Законот за регистрирање на готовина, а од страна на Државниот инспекторат за труд ќе бидат направени дополнителни проверки за утврдување на статусот на лица затекнати при извршување работа во објектот“, се наведува во извештајот на МВР.

Моќна порака до целиот македонски народ од Гого, кој ако слушне “северна” може сите без заби да ги испрати дома (Видео)

Македонецот Горјан Гого Славески продолжува со фантастичните настапи во бокс со голи раце, откако ноќеска дојде и до петтата победа по ред во БКФЦ серијата совладувајќи го со нокаут Кубанецот Јосденис Чедено.

Ова беше елиминаторска борба за добивање шанса за пресметка за титула во велтер категоријата, што значи дека шестиот дуел за македонскиот боксер ќе биде за престижниот шампионски појас.

-Македонски народе, одиме по светска титула!“, извикуваше Гого по големата победа.

Славески е веќе 28-годишен спортист, кој веќе години наназад живее и тренира во Мајами, а со бокс се занимава уште од 17-годишна возраст кога почнал да ја претставува Македонија на регионална сцена.