Не успеавме во Скопје, ќе може ли Македонија да ја изненади вечерва Португалија на гостински терен?

Македонската ракометна репрезентација и гостува на Португалија во натпревар од 4. коло Група-1 во квалификациите за Европското првенство 2024.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се обидат да се реваншираат за поразот (23:29) во Скопје пред три дена.

Подмладената македонска репрезентации во „Борис Трајковски“ покажа дека има квалитет да се надигрува со Португалците.

-Физички се посилни од нас и не е срамота да се изгуби од ваков противник. Како што кажав и по натпреварот во Скопје незаслужено изгубивме со голема разлика. Ќе се обидеме во реваншот да не ги повториме грешките кои ги направивме на првиот меч. Имаме млада репрезентација и се надевам дека како што изминува времето и како што ќе собираат искуство, ќе дојде до израз квалитетот. Најважно е да се пласираме на ЕП, но сега треба да мислиме само на мечот со Португалија, изјави Лазаров.

Почетокот на натпреварот во Порто е закажан за 18:30 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.