Меси ги уценува богатите сопственици на ПСЖ: “Исполнете ги овие два услови за да останам во клубот”

Чениците на ПСЖ прават се за да го задржат во своите редови најдобриот играч на сите времиња.

Француските медиуми пренесуваат дека Аргентинецот се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, но сериозно размислува за продолжување на соработката со парижаните.

Сепак, тој постави два неверојатни услови за новиот потпис.

Наводно бара годишна плата од 40 милиони евра и загарантирано место во стартниот состав. Аргентинецот сака да биде сигурен дека ќе игра без разлика на неговата моментална форма и кој ќе биде тренер на тимот следната сезона.

„Аргентинецот сака да остане во форма, бидејќи планира да игра на Копа Америка следната година “, пренесуваат француските медиуми.

Договор се уште не е постигнат, но се очекува во периодот што следи да има преговори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.