дома блог страница 1272

Локализиpaн пожapoт кој бecнeeше околу манастирот Св. Никола кај Прилепец

Пожapoт кој денеска беснееше во близина на манастирот Св. Никола кај село Прилепец е ставен под контрола со помош на пожapникapите од Територијалната противпожapна едница Прилеп.

Попладнево околу 17:30часот, од управата на манастирот објавија фотографии на социјалните мрежи и побараа помош од граѓаните да помогнат во гаснењето на огнените јазици.

Од ТППЕ Прилеп потоа информираа дека нема потреба од паника помеѓу граѓаните и дека пожapoт е под контрола.

Според управата пожapoт е локализиран и гopи над манастирот, но опacнocт засега не постои.

Прилепчани мобилизирајте се! Гopи околу познатото светилиште – секој кој може е повикан да помогне!

Голем пожар моментално беснее во близина на манастирот Св. Никола кај селото Прилепец. Огнените јазици се простираат на неколку места, па од одборот на манастирот ги повикуваат на помош сите прилепчани кои се во можност да дојдат и со себе да понесат соодветен алат за гаснење и опрема.

Бензините пocкапyваат, а дизелот поевтинува: Ова се новите цени на гopивата кои ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31% во однос на одлуката од 6.3.2023 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните
цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,321 ден/кг и сега ќе изнесува 41,667 ден/кг.

Од 14.3.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,667 (денари/килограм)

И официјално зголемена минималната плата: Еве колку ќе изнесува сега

Минималната плата ќе изнесува 20.175 денари и ќе биде зголемена за 2.175 денари, објави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Тоа е резултат на грижата на Владата за сите категории граѓани. Да обезбедиме континуирано одржлив животен стандард и поддршка на куповната моќ на нашите граѓани. Ова е единствениот исправен пат и начин за обезбедување социјална правда и правичност – дури и во време на глобална економска криза на која и претходеше здравствената криза предизвикана од пандемијата, напиша Битиќи во објава на Фејсбук.

Во моментот во Владата се одржува Економско-социјалниот совет на чиј дневен ред е висината на минималната плата која досега изнесуваше 18.000 денари.

Секој момент се очекуваат изјави од владините претставници, синдикатите и работодавачите.

Рано е за збогум на зимата: Неделава очекувајте врнежи од снег

УХМР за утре најавува стабилно и ралативно топло време. Во среда, како што информира, ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Според УХМР, во четврток ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, наместа и над 70 километри на час, а дневната температура значително ќе се намали.

Од петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и потопло.

Девојките од клубот за ритмичка гимнастика “Авантгард” oд Прилеп се вратија со грст медали од Меѓународниот куп “Eвита” во Србија (ФОТО)

Клубот по естетско ритмичка гимнастика “АВАНТГАРД” од Прилеп се закити со грст медали на Меѓународниот куп “ЕВИТА КУП”- Свилајнца во Србија.

На турнирот учество зедоја над 500 учесници од соседните држави, меѓу кои и натпреварувачи од повеќе успешни клубови од Србија.

Поединечно, гимнастичарките од Прилеп ги постигнаа следните резултати:

Марија Тошеска категорија 2010 реквизит обрач (второ место), Јована Везенкоска категорија 2013 реквизит обрач – (трето место), Илина Кузманоска категорија 2014 топка – (прво место), Теa Петреска категорија 2011 јаже – (прво место), Јана Димоска категорија 2012 обрач-(четврто место), Галена Ацеска категорија 2013 без реквизит – (седмо место), Мелани Ристеска категорија 2014 без реквизит – (15 место), Анастасија Нешкоска категорија 2010 реквизити лента и обрач (20 место).

Со овие резултати од клубот “АВАНТГАРД” од Прилеп, по којзнае кој пат покажаа дека упорноста, трудољубивоста и посветеноста даваат успех. Честитки за нивните девојки и желби за уште поголеми успеси во иднина.

Зеленски се скара и со украинската православна цpква: “Ни го поткопуваат украинското единство”

Казнените дејствија на официјален Киев против огранок на Православната црква во земјата која историски е поврзана со Москва, се дел од настојувањето да се постигне „духовна независност“ изјави викендов претседателот на Украина Володимир Зеленски. Како што посочи тој, одамна воспоставената Украинска православна црква (УОЦ) го поткопува украинското единство и соработува со Москва, јави „Јерусалим пост“.

Ваквите пораки на Зеленски доаѓаат откако претходно властите од Киев наредија на огранок на УОЦ да ја напушти својата стара 980 годишна престолнина во манастирски комплекс Печерск Лавра, што го натера рускиот православен патријарх Кирил да побара од папата Франциск и другите верски водачи да помогнат да се прекине репресијата.

„Оваа недела беше направен уште еден чекор кон зајакнување на нашата духовна независност“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање, без директно да се повика на наредбата и додаде дека Украинците реагирале позитивно на одлуката на Киев.

„Ќе продолжиме со ова движење“, рече тој. „Нема да ѝ дозволиме на терористичката држава никаква можност да манипулира со духовниот живот на нашиот народ, да ги уништува украинските светилишта – нашите Лаври или да ги краде вредностите од нив.

Инаку, рускиот патријарх Кирил предходно силно ја поддржа руската инвазија на Украина. Во својот апел, тој ги повика верските водачи и меѓународните организации „да ги вложат сите напори за да го спречат принудното затворање на манастирот“.

Службата за безбедност на Украина од октомври изврши претреси во црквите на УОК, воведе санкции за нејзините епископи и финансиски поддржувачи и отвори кривични случаи против десетици свештеници.

42 години од формирањето на специјалната антитерористичка единица “ТИГАР”

Денеска во касарната „Илинден“ се одбележува 42 година од формирањето на специјалната антитерористичка единица „ТИГАР“.

На 13 март 1981 година за првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името „Тигар“.

Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи како на пример диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.

По повод денешниот ден во 11:00 часот во касарна „Илинден“- Скопје (базата на „САЕ- ТИГАР“), ќе се оддржи свечена церемонија по повод Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР, на која свое обраќање ќе имаат претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и Командантот на САЕ ТИГАР Драган Прокоповски.

Делегации на МВР и Владата ќе положат свежо цвеќе и оддадат почит на спомен плочата на загинатите припадници на „САЕ- ТИГАР“.

Денеска ќе се знае колкава ќе биде минималната плата

На Економско-социјалниот совет денеска се очекува да биде донесена одлука за висината на минималната плата која секој март се усогласува на годишно ниво.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во петокот во изјава за МИА објави дека денеска ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе се разговара за висината на минималната плата.

Очекувањата на Владата се дека минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува околу 20.000 денари.

Со измените на Законот за минимална плата, се воведоа нови критериуми согласно кои минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата.

Денеска одлука за новите цени на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука на РКЕ, за еден денар се зголемија цените не бензините и Екстра лесното масло
за домаќинство, додека дизелот поскапе за половина денар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,722 ден/кг и сега ќе изнесува 41,988 ден/кг.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,988 (денари/килограм)