42 години од формирањето на специјалната антитерористичка единица “ТИГАР”

Денеска во касарната „Илинден“ се одбележува 42 година од формирањето на специјалната антитерористичка единица „ТИГАР“.

На 13 март 1981 година за првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името „Тигар“.

Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи како на пример диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.

По повод денешниот ден во 11:00 часот во касарна „Илинден“- Скопје (базата на „САЕ- ТИГАР“), ќе се оддржи свечена церемонија по повод Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР, на која свое обраќање ќе имаат претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и Командантот на САЕ ТИГАР Драган Прокоповски.

Делегации на МВР и Владата ќе положат свежо цвеќе и оддадат почит на спомен плочата на загинатите припадници на „САЕ- ТИГАР“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.