дома блог страница 1271

Добра вест за дизелашите: Од полноќ значително намалување на цената

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука за нови цени на горивата од вечерва на полноќ.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 2,5 денари, и според новата цена ќе чини 82 денари по литар.

Цената на бензините останува непроменета, односно ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по цена од 86 денари, додека ЕУРОСУПЕР 95 и од утре ќе изнесува 84 денари по литар.

Останува иста и цената на мазутот 41,3 денари, а екстра лесното масло поевтинува за 2 денари и според новата цена ќе изнесува 80,5 денари.

Има снег во Прилеп, само треба да се помачите за да дојдете до него и да дишете чист воздух (Фото галерија)

Прилепчани се жалат дека зимава се уште не ја дочекале првата снежна прекривка. Така е, ама и не е така…

Снег има, ама ретко кој сака да се помачи за да стигне до него. Селечка Планина со сите свои убавини постојано ги мами прилепчани да ја искачат и да уживаат во чистиот воздух и снежната белина.

Додуша снегот е во пивисоките предели, ама кој е упорен ќе дојде до него.

Пу, пу не важи: Велеше дека се кpиминалци, а сега ќе му бидат партнери во Влада

Партијата Алијанска за Албанците е на прагот да постигне договор за влез во владата со што би се зголемило парламентарното мнозинство.

Нивниот лидер Арбен Таравари во изјава за медиумите по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека 90 проценти од работата е завршена.

-Верувам дека да, но воопшто не разговаравме за кадровски решенија. Сметам дека следните денови треба да ги отвориме и тие прашања. Гледајте, не е дека ќе се согласиме баш со сѐ. И ние имаме црвени линии, но денеска воопшто не разговаравме за ова прашање, рече Таравари.

Но ова мислење Таравари го немаше додека беше Генерален секретар на партијата, тогаш за Таравари, партијата ДУИ беше криминална.

-Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот, велеше Таравари пред само неколку години.

Оттука се поставува прашањето, што го премислило Таравари да го промени мислењето?

Акциска на СВР Битола: Фатен возач со 2,12 промили алкoxoл

Денеска (31.01.2023) во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 65 возачи. Меѓу санкционираните е и професионален возач, кај кого при контрола се измерени 2,12 промили алкохол. Притоа, 46 од санкционираните возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Првите тренинзи на Ноле на 4-годишна возраст: Погледнете како изгледал најдобриот на сите времиња во 1991 година (Видео)

32 години подоцна 22 Гренд слем титули и најдобар во светот на сите времиња! Првите чекори на Ноле на тениските терени, на само 4-годишна возраст:

Во петок сите во “Good Fellas” Прилеп: Хуманитарна забава за малата Дина! Секоја помош е добредојдена!

Oрганизацијата “ДРИМ ТИМ ОД ДЕЦА ЗА ДЕЦА” – Прилеп, oрганизира хуманитарна забава за собирање на средства за лекување на двегодишната Дина од Прилеп.

Малата Дина неодамна имаше операција, при што беше отстранет поголем дел од туморот на главата. Малото ангелче полека закрепнува, но средства за лекување и понатаму се потребни.

Хуманитарната забава која ја организираат од “Дрим Тим Од Деца За Деца”, ќе се одржи на 03.02.2023 година во Good Fellas Prilep, a ќе настапат домашните изведувачи: Марија Јаковлеска, Филип Николоски и Connect Bend.

Влезницата е 100 денари.

Инаку се’ уште се активни бројчината за донации како и gofundme сајтот: https://gofund.me/ccada031

Можете да донирате по 100 денари со повик на телефонските броеви: ☎️ A1 143 463 ☎️ T-Mobile 143 133

Денарска сметка: 210501616680716 – Шифра: 562 – Цел на дознака: Донација за Дина

Девизна сметка: MK07210501616680716 – Swift TUTNMK22

Алачки го “проба колбасот на градоначалникот” – гостинката и’ рече: “Пази да не ти залетне” (Видео)

Фолк-пејачката и водителка Андријана Алачки се најде во една несекојдневна ситуација кога гостинките во нејзиното кулинарско телевизиско шоу ја натераа да го проба колбасот на градоначалникот.

Иако од видеото не може да се разбере за кој градоначалник станува збор, сепак според реакциите на гостинките и на водителката, колбасот е неверојатно вкусен.

Дури па една од гостинките ѝ вели: „Пази да не ти залетне“, а водителката ѝ возвраќа: „Што човек ќе беше овој ваш градоначалник… мх, мх, мх“.

Дедо Добре има 82 години и боледyва од Алцхајмер, ама од социјално му ги укинале 4.700ден. за нега – му рекле дека можел сам

На Осумдесет и двегодишниот Добре Лазевски од Скопје, кому му е дијагностицирана деменција со Алцхајмер, како и Алцхајмерова болест во напредната фаза, не му е потребна нега и може сам да се грижи за себе. Ваква одлука донела Комисијата на јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје-Карпош, која му ја укинала помошта од 4.711 денари, пишува мкд.мк

За семејството на Лазевски оваа одлука е апсурдна и тие денес поднесоа жалба на ваквото Решение до Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје-Карпош. Месечната сума од 4.711 денари овој човек ја земал во период од околу 5 години, а семејството вели дека болеста не се повлекува, туку прогресира. Тие прашуваат како може за пациент со ваква дијагноза да се процени дека може сам да се грижи за себе.

„Не можам да сфатам човек со таква дијагноза, на кого фатен му е центарот за говор, тешко оди, да го транспортираме треба да се ангажираме повеќе лица… ми велат дека сам може да се грижи за себе. Документи се носат на неколку месеци, а за тоа ние го носиме од едно на друго место за пак да собереме документација. Татко ми ги исполнува условите да дојде комисија дома и да го прегледа, а тие згора на сѐ, уште велат дека сам за себе може да се грижи и му го укинуваат и тој надомест што го зема, а за него се грижи мајка ми”, вели за мкд.мк Весна Цветиновска, ќерката на пациентот кого Комисијата го одбила.

Согласно со Законот за социјална заштита право на надоместок за помош и нега од друго лице има лице со навршени 26 години возраст, со умерена, тешка или длабока интелектуална попреченост, лице со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице, како и лице со трајни промени во здравствената состојба, на кое му е неопходна помош и нега од друго лице заради тоа што не може само да ги врши основните активности од секојдневниот живот доколку ова право не може да го оствари врз основа на други прописи.

Висината на надоместокот за помош и нега од друго лице се утврдува во зависност од обемот на потребата за помош и нега од друго лице.

Потребата за помош и нега од друго лице со наод, оцена и мислење ја утврдуваат стручни комисии формирани во јавни здравствени установи во состав од тројца доктори специјалисти или супспецијалисти.

Се сменија работите: САД му стави ВЕТО на Косово

Српската редакција на „Еуроњуз“ денеска објави дека САД апелирале одредени земји-членки на Советот на Европа (СЕ) да спречат влез на Косово во СЕ, сè додека Приштина не го смени ставот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО).

„Еуроњуз“ повикувајќи се на дипломатски извори објави дека министерствата за надворешни работи на одредени европски земји членки на СЕ, добија нота од амбасадите на САД во која се наведува дека Вашингтон смета дека прашањето за пристапување на Косово во СЕ не треба да биде ставен на дневен ред на Комитетот на министри на Советот на Европа.

– Според нашите сознанија, САД бараат прашањето за членството на Косово во Советот на Европа да не биде ставено на дневен ред додека Косово не донесе поконструктивен став за ЗСО, што би го отворило патот за предлог на основен договор меѓу Белград и Приштина, посочува „Еуроњуз“.

Според медиумот таквиот став на САД е договорен со Италија, Франција и Германија. Косовските власти во мај минатата година поднесоа барање за членство во Советот на Европа.

Три лица го нападнале обезбедувањето во казино во Прилеп

На 31.01.2023 во ОВР Прилеп, Н.Т. (25) од Прилеп пpиjaвил дека на работното место како обезбедување во казино во Прилеп, бил физички нападнат од три лица гости во објектот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – стои во соопштението од ОВР Прилеп.