Министерството по 30 години не ги поддржа, но “Мал Битолски Монмартр” ќе се одржи, со донации, па и со кредит ако треба

На седница на Меѓународниот управен одбор кој е задолжен да ја следи реализацијата на 42-рото издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” донесен е предлог кој е доставен до организаторот Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола за одржување на оваа манифестација од глобални рамки.

Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола оваа 2О23 година слави 55 години од своето основање при кое примарна цел ја има бесплатната едукација на млади ликовни уметници и таленти при што само за учебната 2О22/2О23 година во студиото членуваат над 18О ученици.

По одлуката на Министерството за образование и наука по 3О години без писмено Решение и образложение да ја прекини поддршката што генерираше со финансиска криза која трае 9 месеци во прашање беше донесена работата на студиото, но и реализацијата на проектите по кои таа е препознатлива.

Управниот одбор на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на Седница ја разгледа финансиската состојба – најавите за финансиска поддршка од Општина Битола компаративно со резултатите од Годишниот Конкурс на Министерството за култура кое додели 24О.ООО денари за двете манифестации при што се констатира дека тие средства не покриваат ни 2О% од целокупните потребни за реализација по што се прегледаа најавите за донации но и евентуално земање на наменски кредит.

Беа претставени и извештаи од средбите со челниците на УНЕСКО но и Еврокомесарот за култура – образование – наука – спорт и млади.

Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола со тоа на УО донесе Одлука со која ќе ги реализира 41 светска детска ликовен конкурс и изложба “Битола” и 42 издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр”.

Воедно беше контатирано дека заклучно со 15 март 2О23 година на светскиот детски ликовен конкурс “Битола” пристигнал 65О пратки од 71 држава кои генерирале фонд од над 44.ООО детски ликовни цртежи од над 38.ООО ученици од цел свет.

Беше потврдена првичната Одлука за “Мал Монмартр Битола” да се поканат 25 екипи од 22 држави од Јапонија – Индија – Кина па се до Словачка – Турција – Португалија – Бугарија – Србија и Израел.

Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола со ова ги најавува и претстојните прес конференции. Една на почетокот на април за соопштување на резултатите – следната на 2О мај пред почетокот на МБМ и првата седница на Меѓународниот управен одбор за МБМ која ќе се реализира во Битола на 24 мај 2О23 година.

Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола само во првите три месеци од 2О23 година од три светски детски ликовни конкурси освои над 3О награди од кои 15 од УНЕСКО – Франција а последните се од Светскиот детски ликовен конкурс и изложба на млади ликовни таленти и уметници во Нова Загора – Бугарија каде наградени се: Матеј Јаневски 9 години – Јана Сивакова 9 години и Сара Наумовска 14 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.