дома блог страница 1267

Мицкоски: Срамота е да бидеме робови во сопствената држава

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиска делегација од пет члена оддадоа почит на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Со нив на Кале пристигнаа и стотици поддржувачи и симпатизери на партијата со транспаренти кои останаа зад полицискиот кордон.

Мицкоски изјави дека е срамота ова што денеска се случува со толкаво полициско обезбедување да не можат граѓаните слободно да оддадат почит на еден великан како Гоце Делчев.

„ Срамота е ова денеска што ни се случува, да бидеме робови во својата држава, да бидеме заробеници кои ги држат во кафези, и кои што не можат во 21 век во слободна Европа да оддат почит на великанот, на човекот кој што Титан за македонската држава“ изјави тој.

Според него ова што денеска се случува е примитивна естрадна политика. Тој вели дека се почусвтвувал разочаран додека чекорел низ две барикади поставени на контролен пункт под Калето до црквата.

„Ние да се зближуваме, наместо да се зголемува нашето пријателство ние денеска за жал сме подалечни од кога било во нашата историја. Пред 68 месеци кога дојдоа на власт тие ветуваат живот, дека ќе ја однесат во Европа, а ние денеска во однос на корупцијата сме рамо до рамо со Тунис и Индија а во сите останати параметри сме последни на Балканот, и за жал никогаш подалечни од нашите соседи. Денеска има безбедносни мерки од прв степен, хеликоптери надлетуваа како во воените времиња, “изјави Мицкоски.

Скандал: Бугари пцуеја по нашата полициja на граничниот премин “Деве Баир”: “Вие цигани не ни дозволувате да влеземе” (Видео)

Бугарски возачи се расправаа и ги пцуеја македонските полицајци и цариници на граничниот премин Деве Баир.

Бугарите не дозволувале да им биде извршена контрола на возилата и со недолични зборови се карале со македонските полицајци на Деве Баир – објави “Канал 5” Телевизија.

Без грам срам: Прилечанец среде бел ден кpaдел во маркет

На 03.02.2023 во 10.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР прилеп го лишиле од слобода Џ.П.(40) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект на ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп, при што одзел повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во прилепско Чепигово пронајдена рачна бомба од Првата светска вojна

На 03.02.2023 во 14.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Чепигово, прилепско, била пронајдена неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна.

Бомбата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – информираат од МВР.

Виктор Стојанов, лидерот на бугарската фондација „Македонија“ не ја преминал границата

Лидерот на фондацијата Македонија, Виктор Стојанов по своја желба ја напуштил колоната за чекање на Деве Баир, бидејќи не можел да чека системот за контрола да се врати во функција. Откако тој и неколку други бугарски државјани се скараа со полициски службеници и упатија погрдни зборови кон нив, решил да си замине.

Портпаролката на СВР, Куманово, Ивана Младеновска за РСЕ изјави дека лидерот на бугарската фондацијата Македонија, Виктор Стојанов самоиницијативно ја напуштил колоната на возила која се наоѓала на граничниот премин Деве Баир меѓу Северна Македонија и Бугарија и се вратил назад, бидејќи не можел да чека системот за контрола да се врати во функција.

Од Министерството за внатрешни работи претходно денеска кажаа дека на граничните премини паднал системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување.

„МВР информира дека системот на сите гранични премини не е во функција, но екипи работат на негово оспособување . Селективно се пропуштаат само итни случаи“, велат од МВР.

Прилепчани мирно го започнаа викендот: Во акциска на МВР синоќа фатени само 4 возачи под дејство на алкoxoл

Во текот на изминатата вечер (03/04.02.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирано е дека 14 возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие биле соодветно санкционирани.

Од нив 7 на територија на Битола, 4 во Прилеп, 2 Ресен и 1 Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 12 останати прекршоци.

Прилепчанка во делегацијата на СДСМ на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски, заедно со пратеничката Даниела Колева и членката на Извршниот одбор oд Прилеп, Ивона Кузмановиќ, се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.

-Гоце Делчев е еден од најзначајните македонски револуционери, национален херој чие наследство го чуваме, го почитуваме и силно го промовираме.

Визијата на Гоце за слобода, правда и еднаквост денеска е визија на социјалдемократите. Делото на великанот Делчев, кој го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, останува силен мотив за нашите сегашни и идни генерации, за развој и напредок на слободна, независна и европска држава, е пораката од генералниот секретар Миле Зечевиќ – по повод 151 година од неговото раѓање.

Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев, се наведува во партиското соопштение.

Голем број граѓани стојат пред барикадите: Еве каква е состојбата околу црквата Св. Спас (Видео)

Погледнете каква е атмосферата во живо од чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, великанот на Македонија.

Состојбата од црквата Св. Спас од минута во минута ја пренесѕваат од порталот “Инфомакс”.

Уaпceн кpaдец во прилепско: Влегол во куќата на 81-годишен дедо и укpaл пapи

На 03.02.2023 во 11.00 часот во с.Слепче, прилепско, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Д.В.(39) од с.Велгошти, охридско.

Тој се сомничи дека на 02.02.2023 во периодот од 09.00 до 16.00 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во куќата на С.В.(81) од с.Слепче и одзел пари.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Чудна светлина и звук синоќа ги остави битолчани без спиење (Видео)

На социјалните мрежи се шири видео од безбедносна камера од Битола, на кое е снимена чудна светлина и звук минатата ноќ – нешто налик на гром, иако синоќа во Битола паѓало снег.

Видеото предизвика голем број коментари, а никој точно не пишува за што станува збор.

Погледнете во продолжение:

-Не е баш за зафрканции беше страшно голема бука и јака зеленкаста светлина каде што следеше уште два пати но со послаб звук а беше најавено дека некоја комета се приближува можеби е тоа но за чудо ни една од ТВ куќи ништо не кажаја да знаеме што се случи – пишува во еден од коментарите.