“Дај свој придонес- засади дрво“- еко-акција на компанијата ⋮IWConnect по повод Денот на пролетта во Прилеп

По повод Денот на пролетта денес во населба Точила во Прилеп се спроведе акцијата “Дај свој придонес – засади дрво“, во која своја поддршка, освен ⋮IWConnect како иницијатор на оваа акција, дадоа и Општина Прилеп и ЈП “Комуналец“.

ИТ компанијата ⋮IWConnect која има глобален простор на делување и е фокусирана на создавање на дигиталнo-оптимизирани технолошки решенија преку употреба на најновите светски технологии од областа на интеграциите, анализа и менаџирање со податоци, тестирање, развој на софтвер и апликации, поддршка на бизнисите итн. Како компанија која се заснова на богато минато, а се фокусира на иднината на дигитализацијата и конекциите, ⋮IWConnect е општествено одговорна компанија која редовно инвестира во Македонија.

Па така овој пат се спроведе акција за засадување на садници во населбата Точила. Садниците ги засадија 30 вработени од канцеларијата на ⋮IWConnect во Прилеп, со помош на ЈП Комуналец. Секој вработен засади свое дрво, а вкупно 120 садници беа засадени во оваа населба каде има доста големи маркети, аптеки, ресторани и кафулиња, теретани и спортски клубови, и важи за една од најпосетените населби на град Прилеп.

Ја избравме оваа локација затоа што сметавме дека има потреба од дополнително зазеленување, а со самото би опфатиле и поголем дел од населението во град Прилеп. Со ова се надеваме дека ќе ја разубавиме целата населба, а во исто време ќе добиеме и почист воздух за децата кои ги посетуваат игралиштата во оваа населба.

“Целта ни е да создадеме подобри услови за живот и работа за сите нас кои живееме тука. Со нашите изминати акции засадивме 3000 дрва во Oпштина Битола, а сега започнуваме и со зазеленување на градот Прилеп со првична акција од засадување на 120 дрва. Како општествено одговорна компанија, сакаме да дадеме пример како треба да се чува животната средина и да се се зголеми квалитетот на амбиенталниот воздух.” – рече Славчо Јанкоски, раководител на канцеларијата во Прилеп на ⋮IWConnect.

⋮IWConnect денес уште еднаш изрази благодарност до Општина Прилеп и до ЈП Комуналец кои помогнаа со засадување на садниците на јавните површини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.