дома блог страница 1234

Се согласувате ли? “Цените на основните производи се намалени до 10%”, вели Ковачевски

Цените на основните прехранбени производи се намалени до 10 проценти и тоа може да се види насекаде. Кај месните производи има намалување од пет до 12 проценти, а доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата може да се забележи дека два месеци по ред таа се намалува. Ова значи дека мерките кои Владата ги презема вродија со плод, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање.

Ковачевски посочи дека Владата мерките ги носи во координација со стопанските комори и со претставниците на сите сектори во рамките на стопанските комори, односно производителите на основни прехранбени производи.

Како што рече, тие добиваат субвеницонирана цена на електрична енергија од 80 евра за мегават час, што е за неколку пати помала цена на електрична енергија од она што го купуваа на берзата претходно.

-Меѓутоа, цената на струјата, односно струјата, е еден влезен параметар во финалната цена, а на цената на струјата влијае и зголемената цена на суровините на светските берзи, тука пред се мислам на месото, млекото, житото..Свесни се и компаниите дека државата во рамки на своите можности прави максимум што може за да им помогне, бидејќи давањето на електирчна енергија од 80 евра по мегават час кога цената на електирчна енергија беше и 500 евра за мегават час значи финансиски издаток за државата со цел да имаме намалување на цените, потенцираше Ковачевски.

Доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата, Ковачевски рече дека два месеци по ред стапката на инфлацијата се намалува, а годишната инфлација со која ја завршивме годината е на нивото со другите европски држави

-Нормално дека државата носи мерки. Ние го продолживме ограничувањето на маржите, но за дополнителни фискални олеснувања во моментов не се разговара. Тоа не значи дека во иднина нема да се разговара, но мора да се внимава и на буџетот. Буџетот има своја приходна и расходна страна. Ако постојано ја зголемуваме расходната страна а ја намалуваме приходната страна, тоа ќе се одрази негативно врз други параметри на буџетот, додаде Ковачевски.

Орбан ги праша Унгарците дали сакаат воведување санкции за Русија – 97% гласаа пpoтив

На националната консултација во Унгарија, 97 отсто од граѓаните кои учествуваа гласаа против антируските санкции на ЕУ, изјави Александра Сенткирај, портпарол на унгарската влада.

“Владата ги сумираше резултатите од националните консултации. Овие резултати се јасни – 97% од Унгарците се против санкциите кои предизвикуваат сериозна штета. Санкциите кои не престанаа но предизвикаа и продолжуваат да предизвикуваат невидени економски тешкотии во Европа“, рече Сенткирај во видео порака објавена на профилот на унгарската влада на социјалните мрежи.

„Резултатот од консултациите ќе биде испратен до унгарските власти, а ние ќе инсистираме да го слушне и Брисел. Тоа е неопходно затоа што наместо да се ревидира политиката на санкции, тие сакаат да воведат нови санкции… Пораката од консултациите е јасна – неопходно е да се ревидира политиката на санкции на Брисел. Не ни требаат санкции кои водат во ќорсокак, туку мировни преговори“, рече таа.

Сенткирај, исто така, изрази благодарност до речиси 1,4 милиони граѓани кои учествуваа на консултациите.

Националната консултација во Унгарија траеше од 14 октомври до 15 декември, а граѓаните беа замолени да го кажат своето мислење за санкциите за енергетските извори од Руската Федерација и санкциите што предизвикаа намалување на бројот на руски туристи и зголемување на храната. цените. За разлика од референдумите, националните консултации немаат праг на излезност.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на крајот на септември изјави дека земјата е прва во Европа која започна национални консултации за да го дознае мислењето на граѓаните за санкциите на ЕУ против Русија. Тој ги повика сите граѓани на земјата да се изразат и на тој начин „да стават крај“ на поскапувањето на енергенсите предизвикано од санкциите што Брисел ги „наметна на земјите од ЕУ“. Според него, цените во Европа за неколку дена би се намалиле за половина доколку ЕУ ја промени политиката на санкции.

Затвореник од Идризово се “врзал” со прилепчанец – Тој од затвop лажно нудел услуги на луѓе, а вториов им ги собирал парите

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против Б.У.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.

Првопријавениот Б.А., кој е на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, во текот на 2022 година во повеќе наврати измамил повеќе лица од различни градови од државата.

Тој им се јавувал телефонски и лажно претставувајќи им се ги доведувал во заблуда и им нудел различни услуги.

Додека, второпријавениот Б.У. со уште едно лице го организирале преземањето на парите. Откако ги земале парите го прекинувале контактот со лицата – информираат во дневниот билтен на МВР.

Џамбаски од центарот на Скопје: “Да живее Бугарска Македонија”

Да се слушне од Скопје до Софија – „Да живее Бугарија! Македонија е бугарска!“ порача европратеникот Ангел Џамбаски од центарот на главниот град.

Со зборовите „Вечна памет на Мара Бунева“ и „Да живее Бугарија! Македонија е бугарска!“ бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски и членовите на бугарската Фондација „Македонија“ денеска пред спомен-плочата на Бунева го одбележaa денот кога била убиена македонската револуционерка, пренесува порталот ЕКСПРЕС.МК.

Иако за време на неговото интервју за „Слободен печат“ тој посочи дека ликот на Бунева треба да ги сплотува Македонците и Бугарите, сепак, во неговото обраќање реториката беше сосема поразлична.

-Не треба да не гледате како противници, ние сакаме да се обединеме, ние сме братски народ. Моите предци се од Битола … Во Македонија има луѓе кои се нарекуваат Македонци. И ние го почитуваме тоа. Ние ќе го браниме нивното право да се нарекуваат како што сакаат. Ние со нив немаме спор. Нашите спорови се на север од Македонија, на запад и на југ. Ние во Македонија и со Македонија немаме спор“, изјави Џамбаски.

Синоќа yaпceн 29-годишен прилепчанец – полициjaта му пpoнaшла мapиxyaна

Денеска (14.01.2023) во 02.00 часот на ул„Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле одслобода Х.Р.(29) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.

Ќе се намали ли породолното од 9 на 5 месеци? Владата се уште нема демантирано

Владата и министерството за труд и социјална политика не ги демантираат информациите според кои породилното боледување ќе трае само 5 наместо досегашните 9 месеци – пишува порталот “Експрес.мк”

Овие неофицијални информации се појавија во дел од документ објавен од државни службеници на социјолните мрежи за кој се тврди дека е предлог на владата кој треба да биде усвоен во Собранието.

Според делот од документот објавен на социјалните мрежи од лица кои имаат пристап до владините предлог закони, платеното боледување за породилно отсуство кое го покриваше државата треба да се намали од 36 недели на 20 недели за едно родено дете или 28 месеци за близнаци или повеќе родени деца одеднаш.

Според досега непотврдениот документ за кој се вели дека е владин предлог во ставот 2 од членот 161 за мајчино отсуство, мајката ќе може да оди на породилно 15 дена пред породувањето а треба да се врати на работа по 45 дена од раѓањето на детето.

Првичните анализи на документот кој засега не го коментираат ниту демантираат владата и министерството за труд и социјална политика се дека со оваа мерка ќе се удри на наталитетот затоа што многу мајки нема да можат или не сакаат да се вратат на работа по само 45 дена од породувањето.

Причините за ваква владина предлог мерка која што се уште не е официјално потврдена се дека во државните фондови кои го покриваат мајчиното отсуство нема доволно пари за плаќање на надоместокот за мајките и затоа се крати периодот на платено мајчино отсуство од работа.

Според реакциите на социјалните мрежи ако владата навистина планира вакви промени ќе се соочи со сериозен отпор во јавноста.

Извор: “Експрес.мк”

Искусниот прилепчанец за прв пат ќе игра надвор од Македонија: Од Прилеп се сели во Германија

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија и довчерашен член на Прилеп, Пеце Ѓорѓиоски својата кариера ќе ја продолжи во Германија.

Фото/24 ракомет.мк

Ѓорѓиоски, кој на почетокот на оваа сезона ги засили редовите на Прилеп, е најновото засилување во амбициозниот тим на Цвикау.

Ова ќе биде прв интернационален предизвик за искусниот ракометар, кој во својата досегашна кариера освен за РК Прилеп играше уште и за Тутунски Комбинат, Пролет, Пелистер, Охрид, Работнички, Радовиш, Тиквеш и Струга.

Ѓорѓиоски беше од голема важност за РК Прилеп во досегашниот дел од Суперлигашката сезона, па неговото заминување ќе значи значително ослабување на клубот.

На месец и пол пред рокот – 98 насто од тутунот откупен по рекордни цени!

Откупени се 20 800 тони, што е 98 насто од целиот род. Квалитетот беше добар, се бараше тутунот и експресно се купуваше. Вакво нешто не паметиме – вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Овогодинешната реколта тутун е речиси откупена, а до крајниот законски рок има уште месец и половина. Досега се преземени 98 насто од ланскиот род по просечна цена од 288,1 денари, велат од Сојузот на земјоделските здруженија, нагласувајќи дека ваков брз откуп и побарувачка од 10 откупни компании не се памети.

Откупувачите не смеат да ги затворат вратите, зашто законскиот рок за откуп е до крајот на февруари и ќе се преземе она мало количество што останало, а се проценува најмногу на 100 тони, ако не и помалку.

Од Сојузот сметаат дека веќе полека се насочува вниманието на новата реколта за која договорите ќе почне да се споменуваат ведаш по откупот. Апелираат до откупните претпријатија да седнат заедно да се разговара за повисоки цени кои треба да го направат исплатливо производството и да се задржи на нивите.

– Откупени се 20 800 тони, што е 98 насто од целиот род. Квалитетот беше добар, се бараше тутунот и експресно се купуваше. Вакво нешто не паметиме. Со време укажавме дека нема многу род, ниту приближно колку што планираа откупувачите на околу 26 000 тони. Цената е солидна иако целосно не ги одразува зголемените трошоци за производство – вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Од Сојузот сметаат дека веќе полека се насочува вниманието на новата реколта за која договорите ќе почне да се споменуваат ведаш по откупот. Апелираат до откупните претпријатија да седнат заедно да се разговара за повисоки цени кои треба да го направат исплатливо производството и да се задржи на нивите.

Злате Данески, претседател на прилепското тутунско здружение „Мице Козар” објасува дека тутунот ќе го има на нивите, но прашање е во колкави количества и на колкави површини.

-Тутунот мора да се произведува. Што друго да правиме во селските средини, ако не работиме и произведуваме.Тоа е традиционална култура, главна во овој Прилепско-Пелагонски регион. Затоа исплатливоста за производство е клучн -, вели Данески.

Од државниот земјоделски инспекторат потврдуваат дека ова беше одлична година за реколтата и одлично платена.
-Откупот поминува без никакви проблеми, ниту оспорувања. Се постигна одлична цена од 288,1 денари, а тоа ќе донесе и повисоки субвенции. Реколтата ќе биде околу 21 000 тони. Откупувачите ќе имаат отворени пунктови до крајот на законскиот рок за откуп, крајот на февруари – потврдува Јане Станкоски, директор на државниот земјоделски инспекторат.

Девојка од Тајван славеше Стара Нова година заедно со прилепчани пред Градскиот Саат (Фото)

Мина Куо е девојка од Тајван која патува низ светот и се запознава со различните култури, обичаи и традиции.

Деновиве таа престојува во Прилеп, а од нашиот град на социјалните мрежи сподели голем дел од културните знаменитости, со кои ги запозна нејзините пријатели и топло го препорача Прилеп на сите да биде нивна идна патувачка дестинација.

Вчера оваа млада девојка се запозна и со нашиот обичај на празнување на Православната Нова година и се дружеше со прилепчани во центарот на градот, каде општината организираше заедничко одбележување на празникот Василица.

Мина се запозна и со градоначалникот на Прилеп, а според нејзините импресии прилепчани се неверојатни луѓе и добри домаќини.

Штипјанецот Ристе по 2 години ги победи лихварот и извршителите и си го врати татковиот дом

По две години, Ристе Бањоглав од карбинското село Долни Балван повторно живее во татковата куќа – објави ТВ “СТАР”.

По неверојатно тешка и неизвесна борба, тој успеа да се спаси од лихварот и сите извршители кои му доаѓаа на врата

„Беше многу тешко, не знаев во тој момент каде да одам што да праам и каде да ги носама децата во тие тешки моменти“, започнува во своето излагање за ТВ Стар и додава:

„Меѓутоа треба да се издржи во живото, сум поминал многу во животот, покрај сите маки што ги имав, со извршувањ, полиција, со држава, на крај апалација по нивно барање на извршителка која ни ун ишти цела куќа, ни ги врати ствари.

Она што го зборе тогаш и сега се докажа, правдината излезе на виделина, објеките и куќата не се предмет на извршување.

Целиот процес, аргументи и фактит беа на моја страна, испратив и покажав илјадници писма, 18 пати лицитириав за долгот, овој правен систем треба да се промене. Вистината да ја докажам ми требаше цели 2 години.

Најнапред да и се заблагодарам на моите пријатели кон кои имама долго, а кои имаа трпеени, ми помогна и цела македонска јавност, луѓето во министерството за правда и судовите.

Тој сега има нови планови за животот, но притоа порача и упати една порака.

Најнапред сакам да излезам од овој лавиринт, од судските процеси кои се веќе при крај. Финансиски ситуацијата на сите луѓе кога ќе немаат пари ни сметките да си ги платат, ги тера да се задолжуват. Но мој иксрен совет е немојте да си имат работа со лихварите, тие се нај про келти, нема аир од тие пари.

ВИДЕО прилогот на ТВ “СТАР” погледнете го ТУКА