дома блог страница 1233

Груби: Броиме нови успеси, Албанци се дури 41,5 отсто од вкупниот број на вработувања во државна служба во државава

Првиот вицепремиер Артан Груби, се пофали со успесите на партиската трибина на ДУИ што синоќа се одржа во гостиварско Чегране, за подобар живот на граѓаните.

– Под мотото „Заедно за Европа“ денеска започнавме средби со граѓаните на принцип на отчетност на ДУИ за да ја презентираме работата што ја направивме, она што започнавме со намера да бидеме продолжение на мисијата успешно од 2002 година, објави Груби на Фејсбук.

Со нашите колеги си поставивме цел, додава Груби во објавата, почнавме со работа за да ги унапредиме процесите и да ги исполниме работните места кои не се придвижиле напред со децении.

– Од септември 2020 година броиме нови успеси, како што е отворањето на преговорите со Европската Унија, од вкупниот број одобренија за вработување 41,5 отсто се Албанци, го започнавме претседателството на ОСБЕ, го изградивме основното училиште во Блаце и Визбегово, азбуката ја ставивме во употреба унифицирана, ги решаваме сите пречки за да започне изградбата на Коридорот 8. Рекоа, успешно управуваме со енергијата криза без никаков ден рестрикција на струја, ги покачуваме платите и ниту една донесена одлука не дозволивме да биде дискриминаторска. Заедно ќе продолжиме кон успесите, пишува Груби во неговата објава на Фејсбук.

Горивата со нови цени од полноќ, РКЕ денеска со одлука

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.

Согласно последната одлука, цената на дизелот се намали за еден денар, додека за половина дена поевтини Екстра лесното масло за домаќинство.

Бензините останаа со непроменети цени.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,283 (денари/килограм)

Денеска облачно, од утре дожд цела недела

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот претежно облачно, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од -4 до 3 степени, а дневните во интервал од 4 до 12 степени

Во Скопје претпладне со појава на магла, а преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура е 8 степени.

За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен, повремено силен ветер од јужен правец поизразен долж Повардарието.

Под влијание на влажен бран времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни и обилни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец што ќе услови релативно топло време за овој период од годината и врнежи претежно од дожд.

“Никогаш северна, само Македонија”, грми во Македонската фан зона во Краков (ВИДЕО)

Македонската фаланга се загрева во пресрет на клучниот натпревар за Македонија на Светското првенство во ракомет.

Нашите момци вечерва со почеток од 18 часот силите ќе ги одмерат со Холандија, а победа на овој натпревар ќе ги отвори вратите за втората рунда.

Додека момците на Кире Лазаров го чекаат стартот на натпреварот, бројната македонска фаланга го “окупираше” Краков, а од нашата фан зона може да се слушне гласна поддршка за репрезентацијата, но и познатата парола која одекнува на секој спортски натпревар: “Никогаш Северна, само Македонија”.

Видеото погледнете го ТУКА

Црвена лента за патот во македонско Дреновци и ручек како благодарност за градоначалникот Урим Ибески (Фото галерија)

Жителите на село Дреновци во општина Долнени конечно имаат хумани услови за живеење. После долги години ветувања од различни гарнитури, конечно се асфалтираше патот и главната улица низ селото.

Дреновчани со години се соочуваа со горлив проблем, особено при врнежливи денови. Жителите на ова село населено се етнички Македонци и долго време се жалеа дека до нивните домови не може да пристигне ниту брза помош, ниту такси возило, ниту противпожарна служба.

Денеска конечно актуелниот градоначалник на општина Долнени, Урим Ибески, ја пресече црвената лента и им посака на дреновчани со здравје да си го користат новиот асфалтиран пат.

Мештаните задоволни од локалната власт на Ибески му приредија и ручек како знак на благодарност.

Браво Бојана! Додека Џамбаски во Скопје ги негираше Македонците, доби македонски одговор и тоа од среде Бугарија (ВИДЕО)

Пејачката Бојана Скендеровски на свој начин одговори на провокациите од бугарскиот националист и европратеник Ангел Џамбаски.

Со песна испеана среде Бугарија Бојана го потсети Џамбаски дека тој може да ја одрекува, но Макеоднија е бесмртна.

,,Поздрав до Џамбаски,тој денес во Скопје,ние во сред Бугарија ќе му ја пееме “Заветна”!??❤️?
Ако не си знаел да те потсетам: “Можат да ја одречат,други да ја предадат,само таа е бесмртна, жива вода подземна, кај што тоне, таа извира…” Македонија!??”, напиша Бојана откако предходно Џамбаски во Скопје ги негираше Македонците.

Видеото со песната одговор на Џамбаски на овој линк

Нема шега со нашите цариници: 3апленети 35 килограми кафе на граница

На граничниот премин „Табановце“, Царинската управа запленила 35 килограми кафе во зрно.

-На 14.01.2023 во утринските часови, при вршење на детална царинска контрола на автобус на влез во државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи од Царинската управа и царинските службеници од ЦИ Табановце на граничниот премин Табановце открија и привремено задржаа 35 килограми кафе.

Поради постоење сомнеж, автобусот со македонски регистарски ознаки кој се движи на редовна линија од Љубљана (Словенија), бил селектиран за контрола и упатен на царинскиот терминал на граничниот премин. При прегледот со мобилен скенер се воочени неправилности и сомнителни форми во пределот на задната врата. По извршената детална контрола во фабричка празнина на автобусот се пронајдени 35 пакувања од по 1 кг кафе во зрно LAVAZZA, велат од Царината.

Стоката е привремено задржана и предметот е предаден во понатамошна постапка.

69-годишен битолчанец со автомобил yдpил во 19-годишна девojка

На 14.01.2023 во 11.20 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Север-Југ‘’ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од М.П.(69) од Битола, yдpило во пешакот Е.Л.(19) од Струга.

Во нecpeќата, Е.Л. се здобила со тешки телecни повpeди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Тутунарите бараат цената на тутунот да расте како што расте инфлацијата

Тутунарите скоро и да не паметат целиот род на тутунот да биде откупен до Нова Година, велат дека останати биле уште можеби 50-тина тони груба проценка. Според земјоделскиот инспекторат откупени до сега биле 20.800 тони, со просечна цена од 288 денари, што досега била највисока откупна цена. Откупувачите бараа околу 26.000 тони, но годинава имаше помалку род. Тутунарите велат дека доколку не се зголеми цената на тутунот, производството и понатаму ќе опаѓало.

„Оваа цена не е којзнае колкава во споредба со нашите трошоци и нашиот животен стандард. Значи доколку компаниите сакаат и наредната година тутунопроизводството да се одржува и да дојде до мало покачување во килограмите, младите тешко се нафаќаат на оваа цена да садат тутун, затоа ги повикуваме компаниите да ги коригираат цените, да се направат добри цени и в година да се стартува со добри цени, со реална проценка за да не биде никој оштетен со проценката“, истакна Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

Тутунарите бараат зголемување на цените по класи толку колку што ќе се зголеми инфлацијата. Моментално производната цена на тутунот била над 200 денари.

„Младата популација е замината надвор, старосната граница знаете до каде, сите што работат тутун моментално, скоро сите се пензионери. Ги повикуваме компаниите да соберат храброст, да седнеме на заедничка маса, да ги коригираме цените и да ајде ќе цените на класи, но да се коригираат цените, да се даде трета класа доволно колку што треба, втора и прва“, рече Злате Даноски, претседател на Здружение „Мице Козар“ – Прилеп.

Дали тутунопроизводството ќе продолжи да се намалува во Македонија, со тенденција еден ден комплетно да исчезне од нивите или ќе се врати во некоја нормала со зголемување на површините ќе зависи од најмногу од желбите на откупувачите и откупната цена.

Спремете си дијазепам за вечер: “Со Холандија ќе треба да се помачиме”, вели селекторот Лазаров

Македонската ракометна репрезентација по стартниот пораз од Норвешка, вечер ќе го игра натпреварот од второто коло на Светското првенство 2023. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Холандија за која селекторот Кирил Лазаров искажа многу комплименти.

– Холандија е екстра квалитетна репрезентација која игра модерен и квалитетен ракомет. Во секој момент знаат што прават, и офанзивно и дефанзивно. Ќе треба многу да се помачиме ако сакаме да победиме. Добро ја анализиравме нивната игра. Имаме шанси, треба позитивно да размислуваме. Хендикеп за нас е повредата на Томислав Јагуриновски кој ќе ни недостасува. Ќе се обидеме да одиграме квалитетно во текот на целиот натпревар, треба да бидеме на ниво 60 минути за да победиме. Без разлика на високиот пораз од Норвешка, расположението во репрезентацијата се враќа. Ако сакаме оваа репрезентација, оваа нова генерација да расте, ние на секој натпревар треба да влегуваме со самодоверба и да играме на победа, изјави Лазаров.

Натпреварот денеска почнува во 18 часот.