дома блог страница 1235

Традиционално, со вкусно бело касапско гравче заврши празнувањето на Прочка во Прилеп (ФОТО)

Со традиционален ручек организиран од „Прилепски мечкари“, заокружено е годинешното 21-то по ред издание на карневалот Прочка во Прилеп.

Традиционално како и секоја година, на трпезата во манастирот „Свети Ѓорѓија“, беше поставено вкусно бело гравче, а не ручекот покрај касапскиот еснаф присуствуваа и голем број гости.

Со денешниот ден започнуваат големите Велигденски пости. Нека се за многу години и напомош!

Известување од прилепските црковни храмови за пеењето петолебие за време на Велигденските пости

Известување од црковните храмови во Прилеп за пеењето петолебие за време на Велигденските пости

Петок 03.03.2023 година во 16 часот Храм Свети Кирил и Методиј – Прилеп Параклис и Света Петка Прилеп – ТОЧИЛА
АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во текот на великиот пост, во петоците кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица, верниците носат петолебие (пет лепчиња), вино, масло, и пченица за благослов на семејството, градот и државата.

Светите отци за Петолебието велат: „ Овој, пак, благословен леб има разни дарови, ја прекинува температурата, кога се прима со вода, ја прогонува секоја ужасна слабост и кон рожба поттикнува“.

Слично зборува и свети Симеон Солунски: „ На оној кој ги прима со вера (лебовите и виното), му пренесуваат благодат, исцеление и други дарови“.

Значи, голем благослов е овој леб од петолебието и треба да го примаме со вера. Но, да не го сведеме нашиот духовен живот само на обреди, туку должни сме како христијани да постиме, да се молиме, да се исповедаме, да се причестуваме, да доаѓаме редовно во црква, да бидеме почесто во друштво на ангелите и светителите кои се присутни во храмот, и тогаш сите обреди ќе дејствуваат на нас и ќе ни бидат за здравје и спасение. Амин.

Во црквата Св. Благовештение, петолебијата ќе се пеат секој петок во 16:30 часот.

Да и’ помогнеме на Наташа, 52-годишна прилепчанка која боледyва од редок вид на paк – потребна е итна опepaциja во Турција

Да и’ помогнеме на Наташа Јорданоска, 52-годишна прилепчанка чиј живот целосно се промени пред 2 години кога и’ беше дијагностициран редок вид на рак на левата страна од лицето.

Наташа и нејзиното семејство пробаа се’ што може да се проба во нашата држава. Таа имаше 2 операции и земаше терапија која до неодамна даваше резултати, но канцерот повторно почнал да прогресира.

Левата страна од лицето и’ е целосно уништена, па потребно е отстранување на туморот и реконструктивен зафат.

После голем број консултации, семејството дошло до сознание дека потребен е третман и операција која може да се изврши само во Турција, но семејството не може да си ги дозволи потребните средства и има потреба од помош од сите хумани граѓани.

“Нашата мајка е борец, минатата година го загуби и сопругот, нашиот татко, кој почина од рак. Се надеваме дека ќе успееме да и’ дадеме шанса да живее подолго, затоа што таа тоа го заслужува посл се’ низ што помина. Ви благодариме”, пишува семејството во апелот за помош.

Донирајте на следниот ЛИНК

Исто така може да донирате и директно на жиро сметка:
(За нашинците од странство)
Број на сметка 02-307-0536565.8 Методија Јорданоски / Комерцијална банка АД Скопје / IBAN MK07300307053656594 / SWIFT KOBSMK2X

За Македонија:
Жиро сметка: 300027077259812 на име Методија Јорданоски

Зеленски: “Знам кој ќе му пресуди на Путин”

„Знам кој ќе го ybие Путин на крајот, тоа ќе биде некој од неговиот најтесен круг на блиски советници“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во документарниот филм „The Year“ на украинскиот новинар Дмитро Комаров.

Володимир Зеленски предвидува дека во одреден момент ќе дојде до пукнатина во раководството на Путин, што ќе ги охрабри сојузниците на рускиот претседател да се свртат против него.

Неодамна, во интервју за германски „Шпигел“, Зеленски рече дека верува оти Путин се однесува како Хитлер и дека Украина и другите земји нема да му простат за злосторствата што ги направил.

Иако рускиот претседател одржува близок круг на блиски соработници, дошло до раскол меѓу платениците на Вагнер и руската војска.

Двете страни ја обвинуваат другата страна за воените неуспеси на Русија во Украина.

Во декември, Вашингтон пост објави дека најблиските сојузници на Путин се повеќе се фрустрирани од него. Очигледно немаат поим што прави и немаат солиден план за напредок во Украина.

Зборувајќи за Дејли Бист во текот на летото, поранешниот службеник на ЦИА, Даниел Хофман, рече дека соборувањето на Путин од неговите сојузници ќе биде ненадеен и прикриен потег.

„Момците кои ќе го направат тоа ќе бидат многу таинствени, за Путин да не ги најде и убие прво. Тоа ќе се случи одеднаш“, смета Хофман,пренесе Денес.рс

Ќе останеме ли без леб? Пекарите најавуваат затворање на погоните и прекин на производството

Пекарите најавија затворање на погоните и прекин на производството на леб првиот ден по објавата на одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник.

Ова го соопшти Горан Малишиќ, претседател на групација за мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија по денешната средба на членките на групацијата на која како што беше потенцирано едногласно била донесена одлуката за престанок со работа.

– По најавата на министерот за укинување на субвенционирањето на цената на електричната енергија, како и најавата за замрзнување на цените на лебот беше одржана средба на членките на комората. Заклучивме дека субвенционираната цена на електричната енеригја има позитивни ефекти и има намалување на цените на лебот, дури и повеќе од учеството на субвенционираната струја. На пазарот веќе имаме прооизводи со постоечки цени од 33 до 35 денари, зависно која категорија. Веќе има леб по тие цени. Пекарската индустрија денеска на состонокот на кој беа присутни 32 ииндустриски пекари од цела земја, плус од мали градови, сите се согласија дека не се сложуваат со мерката за замрзнување, која ќе ги однесе до работа со загуби. Од сите, едногласно, беше донесена одлука, дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цената на лебот во Службен весник, другиот ден пекарската индустрија ќе престане да произведува леб – посочи Малишиќ.

Тој објаснуваше дека секоја компанија има свои пресметки, свои влезни трошоци во производството на леб, и посочи дека никој не ги тера граѓаните да купуваат лебови кои се поскапи и дека тие имаат избор да купуваат леб согласно можностите.

– Цените на пазарот веќе се намалени, и тоа повеќе од субвенциите. Во формирањето на цените не влегува само струјата, туку и цените на брашното, работната рака, нафтата, опрема за пакување… Со оваа одлука се прави штета на бизнисот, не се гледа целата слика туку само одредени цени. Не сме против за мерката, ако владата ја донесе мерката, од наредниот ден нема да се носи леб на пазарот. Има модел како владата да направи социјална цена за лебот, за да се задоволат потребите на населението треба да се фатите за џеб – потенцира Малишиќ.

Тој појасни дека две години биле општествено одговорни компании, и дека ако сега работат по замрзнати цени, ќе одат во загуба. Потесети дека изминатиов период имаше бројни одлуки кои резултирале со загуби во дејноста, но додаде дека се спремни за преговори.

– Ако не затвориме одма, по ваква одлука секако ќе затвориме по некое време – додава Малишиќ.

Пекарите појаснуваа дека во вкупна цена на леб најголем трошок кој опфаќа од 40-45 се трошоци за брашно, потоа околу 35 проценти се трошоци за работна рака, а останати за други трошоци како пакување, нафта, други енергенсиии… Посочуваат дека поради одливот на кадар има голем недостиг од кадар, поради што и платите во секторот нагло растат. Според нив, просечна плата кај пекарите е 600 евра, но има такви кои се платени и по илајда евра месечно.

Koњановски и евроамбасадорот Гир потпишаа: Во Битола ќе се отвара “Куќа на Еврoпа” (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир, денес во Офицерскиот дом, потпишаа Меморандум за разбирање за отворање на „Куќа на Европа“ во Битола. Амбасадорот Гир, се заблагодари за соработката со градоначалникот Коњановски и локалната администрација, нагласувајќи дека, „Куќата на Европа“ треба да претставува место за младите луѓе, каде што тие ќе се собираат, со цел да разговараат за важни прашања кои се поврзани со идниот правец кон Европската унија и нивната иднина, како идни граѓани на Европската унија.

„Ние секогаш би сакале кога зборуваме за „Europe Houses“ да зборуваме како за некој вид прозорец. Со прозорците, секогаш можете да видите во двата правци. Првиот правец на којшто може да гледаат младите, локалното население, е правецот на Европската унија, односно да гледаат на патот кој што ги води кон ЕУ. Второ, прозорец низ кој локалното население, не само во Вашата земја, туку и во земјите членки на Европската унија, може исто така, да го видат огромното богатство, огромното културно наследство, што сите Вие како земја, меѓутоа и како град Битола, што може да го понудите на Европската унија. Сега ќе го отвораме „Europe House“ во овој дел од оваа зграда, но го отвораме на начин што целосно го почитуваме културното наследство и минатото на оваа зграда која што навистина има уникатна личност. Сето тоа што ќе го направиме со отворањето на „Europe House“ на ова место, е да го пополниме со човечки глас, со млади луѓе, со идеи и дискусии.Ние навистина се надеваме дека сите тука, граѓаните на Битола, граѓаните од овој регион, па дури и подалеку, да го гледаат „Europe House“, како наша куќа, како наш дом“, изјави Евроамбасадорот Дејвид Гир.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека Битола, отсекогаш била европски град и град со големо културно историско наследство за што потврдуваат и различните историски периоди и цивилизации кои поминале на овие простори, сочуваните приказни на Хераклеја Линкестис, битолскиот Завод и музеј, Широк Сокак, Старата чаршија, бројните конзулати кои говорат за конзулска Битола, филмска Битола која и денес го негува ликот и делото на првите сниматели на Балканот, Браќата Манаки…

„Со денешното потпишување на меморандумот за разбирање, Битола продолжува европски да се развива и преку соодветно организиран простор, кој ќе биде наменет пред се за младите, за средби, дискусии, учење, информирање.

Тоа значи дека, продолжуваме со активности кои значат функционалност, одржливост и успешност на еден проект, реализиран со финансиска поддршка од Европските фондови, а тоа е реконструираниот објект на Офицерскиот дом.

Дополнителна потврда за нашиот ангажман и тендеција за овој културно – историски споменик да блеска во сиот свој сјај се и податоците од работата на Културно информативниот центар, кој го организира работењето на Офицерскиот дом, а кои говорат за реализирани: 123 концерти, 25 тетарски претстави, 10 мултимедијални настани, 17 изложби и исто толку промоции на книги и поетски настани. Вкупно, тоа за изминатата година за Офицерски дом и Кино Манаки, значи реализирани над 400 настани со над 65.000 посетители.

Горд сум, што овие бројки, целосно ги негираат, политичките тврдења, со кои од ова место, минатата година, бев непотребно обвинуван, токму на тема: Офицерски дом.

Зимската приказна, Битолското културно лето, научните конференции, музичките концерти, ликовните изложби и многу други настани потврдуваат дека Офицерски дом денес живее, зошто најважно е кога објектот во кој се вложиле финансиски средства, успешно работи во интерес на своите граѓани.

На овој начин, продолжуваме и понатаму, да ја развиваме културата во нашиот град, да бидеме поддршка за младите генерации, а Битола повторно да биде атрактивна културно – туристичка дестинација, која ќе го сочува и презентира своето културно историско богатство“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

На денешниот настан во Битола, присуствуваше и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Уживајте! Дечкото од Прилеп кој шармира со својот глас има нова прекрасна преработка на песна од Дино Мерлин (ВИДЕО)

Еден од најмоќните вокали од Прилеп во моментов, Алекса Петрески, деновиве објави нова одлична преработка на песната “Кад си рекла да ме волиш” од Дино Мерлин.

Петрески одлично ги претставуваше Прилеп и Македонија на балканското шоу “Ѕвездите на Гранд” и постојано настапува низ целата држава.

За видеото беа задолжени prodbymartin & MikiNikoloskiPhotography, а преработката е снимена во Аrtland Sound.

Вокалот на Алекса е придружуван од гитаристот Александар Ристески. Уживајте во продолжение:

Нова cooбpaќajка во Прилеп, овојпат кај силосите: Три лица се повpeдени (ФОТО)

Околу 13 часот во ТППЕ Прилеп е примена пријава за техничка интервенција вадење на заглавени лица при сообраќајна незгода на две патнички моторни возила.

Незгодата се случила на улица “Карпалак” во близина на силосите. Повредените лица успешно се извадени од едното возило и предадени на брза помош за понатамошна постапка.

ТППЕ интервенираше со едно возило и четворица пожарникари. Покрај многуте пожари на отворен простор во изминатиот период во служба на граѓаните ТППЕ интервенира и на други интервенции за настанат пожар, технички интервенции и слично – информриаат од ТППЕ Прилеп.

Најслатките шпагети кои сте ги виделе досега: Креативноста на овие родители нема граници (ФОТО)

Помина уште едно издание на карневалот “Прочка” во Прилеп. Стотиците гости и прилепчани имаа можност да проследат богато дефиле на маски, меѓу кои имаше и голем број креативни кои украдоа впечатоците на сите.

Маската која нас посебно не освои се овие, досега најслатките шпагети со топчиња од месо што сте ги виделе.

Секоја чест за креативноста и досетливоста на родителите на ова преслатко бебенце, заслужуваат чиста десетка!

Од полноќ намалување на цените на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на
одлуката од 24.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,256%, кај дизелот за 3,133%, кај екстра лесното масло за 3,205% и кај мазутот зголемување за 0,011%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,157%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,064 ден/кг и сега изнесува 41,266 ден/кг.

Од 28.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,266 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.2.2023 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, стои во соопштението на РКЕ.