дома блог страница 1078

(ФОТО) 16 полициски службеници уапсени на работно место во БиХ: Примале мито, оддавале службени тајни, дозволувале продажба на дрога

(Foto: E. M./Klix.ba)

Шеснаесет полицајци на Полициската станица Какањ денеска се уапсени од припадници на полициската управа на МВР на Зеничко-добојскиот кантон во БиХ.

Ова денеска во обраќање пред новинарите по акцијата го потврди портпаролот на МУП, ЗДК Елведин Фишек.

„Во моментов се приведени 16 полицајци од Полициската станица Какањ и истите се спроведуваат во седиштето на ПС ЗДК МУП Зеница каде ќе им биде поднесена кривична постапка, а потоа ќе бидат предадени на надлежните. кантоналното обвинителство со извештај“, рече тој.

Министерот за внатрешни работи ЗДК Бенјамин Синановиќ изјави дека од систематизацијата во ПС Какањ имало околу 60 полицајци, па сега таму ќе бидат прераспределени полициски службеници од другите полициски станици кои се блиску до Какањ, за граѓаните да бидат безбедни.

Од МУП претходно беше соопштено дека овие лица се осомничени за здружување за извршување на кривични дела поврзани со кривичните дела злоупотреба на службената положба или овластување, како и кривичните дела примање подароци и други облици на погодности, оддавање службена тајна и неовластено производство и пуштање во промет на наркотици. дрога и тешка кражба.

Конкретно, полицајците кои се цел на оваа акција се осомничени дека ја искористиле својата положба како полицајци за да им овозможат на криминалните лица да се вклучат во криминални активности и наместо да ги спречат во тоа, тие им помагале, а во замена за корист што ја добивале од нив.

Адеми потврди: Двајца пратеници од ДУИ тргнаа по друг пат

Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми смета дека одвојувањето на Изет Меџити од партијата и формирање свое политичко движење не е удар за владеачката партија. Жали што од медиумите се информирани дека двајца пратеници од ДУИ, како што вели, се определиле за друг пат.

-Тие добро се третирани во ДУИ и носеле високи функции и институционална одговорност. За причините за нивното самоотстранување треба да ги прашаме нив. Во мнозинството не се менува ништо. Без овие пратеници, оваа влада и програма беше изгласана. На истите бројки сме и сега, само изразуваме жалење за тоа што се случува, кажа Адеми на брифинг со новинарите во Собранието.

Адеми информира дека двајца пратеници од неговата партија ќе дејствуваат како опозиција, додека третиот Кастриот Реџепи е независен и станал пратеник преку листата на СДСМ.

Екс репрезентативец ќе го носи дресот на РК Прилеп следната сезона

Поранешниот младински репрезентативец, десен бек Пеце Рајатоски е новото засилување на РК Прилеп од следната сезона.

Битолчанецот Рајатоски своите професионални почетоци ги започнува во младинската школа на Пелистер, а во својата кариера го носеше дресот на Голден Арт, Струга, косовски Кастриоти, Феризај и Пелистер.

Иселеничка од Австралија за “ТВ 21”: За мене со полн џеб не е проблем, ама се чудам како луѓето наоѓаат пари да преживеат тука, на овој стандард кафулињата преполни

Наша иселеничка во Австралија се вратила во татковината за да го помине летниот одмор. Таа вели дека не може да разбере како народот наоѓа пари да се прехрани, затоа што платите се ниски.

Жената за „ТВ21“ кажа дека доаѓа од земјата на кенгурите, каде што стандардот за живот бил повисок од другите земји.

– Да ти кажам право, за мене со полн џеб не е страшно. Но за овој стандард, се чудам како преживуваат луѓето. А кафулињата се преполни. И тоа не знам, од каде наоѓаат пари, а се жалат дека немаат, кажа жената.

Ердоган знае како треба: Првиот турски електричен автомобил му го подари на саудискиот престолонаследник (ВИДЕО)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот му го подари првиот турски електричен автомобил од домашно производство, Togg, на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

За време на посетата на кралската палата Ал-Салам во Џеда, Ердоган и Бин Салман остварија средби „еден на еден“, како и со заеднички делегации.

Тепачка на базенот во Штип, пред деца „летаа“ боксови меѓу жени и мажи (Видео)

Снимка од тепачка на градскиот базен во Штип вчера објави телевизија Стар.

На снимката може да се види како се тепаат мажи, но и жени. Тепачката збунето ја гледаа присутните деца на базенот.

Дали настанот е пријавен во МВР и кои се деталите, информација се очекува во текот на денот.

“Мој е летниковецот, го резервирав”: Жена избрка ТВ екипа која снимаше емисија за дете со дијабет, за нејзиното да прави роденден(Видео)

“Мој е летниковецот, го резервирав“. Жена брка ТВ екипа која снима за дете со дијабет. Вистинска непријатност денеска доживеа новинарската екипа на телевизија Алфа додека снимала прилог со четиригодишната Бисера, дете со дијабет, објави Мастило.

Додека таткото на малото девојче објаснува со кои предизвици се соочуваат тој и сопругата како родители, жена буквално ги брка од летниковецот во кој снимаат.

Со висок тон им дава на знаење дека нејзиното дете тука ќе славело роденден и дека летниковецот, кој е урбана опрема во јавен простор и е слободен за користење за сите граѓани, наводно ѝ бил резервиран.

– Извинете госпоѓо, знаете ли за што е ова интервју?

– Не ме интересира. Си славам роденден за детето затоа што му е еднаш во годината.

– Да му е среќен роденденот и навистина да се засрамите затоа што слушате за тоа што зборуваме и немате обзир.

– Немам потреба да се срамам. Преку глава ми е од се’.

Вака тече комуникацијата меѓу репортерката на Алфа и госпоѓата која ја избрка ТВ екипата.

Видеото се прошири масовно. Однесувањето на жената веќе го осудија и повеќе јавни личности.

Нови повисоки цени на бензините од полноќ

За 1,5 денари поскапуваат малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, додека пак на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) цената останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на Мазутот М-1 НС исто така се зголемува за 0,6 денари и ќе чини 42,4, а зголемување од 1,5 денари има и кај Екстра лесното масло1 (ЕЛ-1) кое ќе чини 71,5 денари.

Според одлуката, од утре ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продаваат за 81,5 денари, односно за 83,5 денари по литар.

Mладински кошаркарски репрезентативец умешно ја покри “северна” на дресот (ВИДЕО)

Тома Стојаноски, член на кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години, ја покри географската одредница до името Македонија на дресот по приемот на сребрениот медал на Европското првенство од дивизијата Б во Скопје.

Стојаноски е син на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар, Дафина Стојаноска.

32-годишен прилепчанец ќе одговара: На оваа жештина запалил отпад во близина на стрниште

На 16.07.2023 во 08.45 часот на патот за вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.И.(32) од Прилеп, затоа што на патот запалил отпад во близина на сува трева на стрниште и на тој начин ја довел во опасност безбедноста на граѓаните.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријавa – информираат од ОВР Прилеп.