дома блог страница 1072

Известување од црковните храмови во Прилеп за престојната Духовденска Задушница

Соопштение од прилепските црковни храмови по повод престојната духовденска задушница

-Се известуваат верницоте дека за духовденската задушница промени за починатите во нашиот храм ќе се извршуваат во петок и сабота, НАУТРО во периодот од 7:00 – 9:00 часот (односно по завршувањето на Божествената литургија) и ПОПЛАДНЕ од 17:00 – 18:00 часот (односно по завршувањето на вечерната богослужба). Промените на гробишта ќе се извршуваат во вообичаените термини, односно на НОВИТЕ ГРОБИШТА со почеток во 12:00 часот и на СТАРИТЕ ГРОБИШТА со почеток во 13:00 часот, во петок и сабота а в недела после 10:00 часот – стои во соопштението на црковниот храм Св. Петка.

-По повод Духовденската задушница се известуваат сите благочестиви христијани, кои сакаат да се помолат за своите блиски упокоени во Христа, помените ќе се прават според следниот временски распоред:

Нови градски гробишта – петок и сабота од 12 часот.

Стари градски гробишта – петок и сабота од 13 часот.

Храм Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) и храм Света Петка – Точила
– Утрена со Заупокоена литургија, петок и сабота од 07 часот
– Вечерна богослужба, петок и сабота од 17 часот.

Блудците ќе се пејат одма после службата.

Упокој ги Боже Твоите слуги, и во рајот всели ги каде што е соборот на Твоите свети, Господи, и каде што праведниците светат како светила: починатите слуги Твои упокој ги, превидувајќи ги сите нивни согрешенија.

Бог да ги прости и да им дарува Царство Небесно – известуваат од црковниот храм Св. Кирил и Методиј (Параклис).

Урсула Ван Дер Лајен за Западен Балкан: Ние сме подготвени да го поддржиме Западен Балкан со зголемено претпристапно финансирање

На безбедносниот Форум Глобсек што се одржува во Братислава, во пред малку излагање имаше шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која ја презентираше новата иницијатива за раст на земјите од Западен Балкан.
„Денеска сакам да презентирам нова иницијатива, тоа е нов план за раст на Западен Балкан. Сакаме уште денес да им донесеме дел од придобивките од членството во ЕУ на луѓето од Западен Балкан. Планот за раст што го предлагаме денес е изграден на четири столба. Прво за приближување на Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ. Второ, длабока и регионална економска интеграција. Трето, да се разјаснат фундаменталните реформи и четврто да се зголемат претпристапните средства.“

Овие четири точки за раст на регионов, кои денес беа претставени во Братислава за земјава ќе имаат, пред се, големо позитивно финансиско влијание врз економијата на Македонија. Со нив всушност ќе се овозможи олеснета трговија со земјите на ЕУ – најбогатиот пазар во светот кој вклучува околу 450 милиони жители.

Исто така, планот предвидува засилување на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан која веќе започна и носи резултати преку процесот Отворен Балкан. „ Оваа поблиска поврзаност со нашиот единствен пазар треба да оди рака под рака со заеднички регионален пазар. Заедничкиот регионален пазар е од клучно значење за отклучување на економскиот потенцијал на регионот. Од клучно значење е Западен Балкан да се направи поатрактивно место за европските инвеститори.“ изјави Ван Дер Лајен.

Огромна поддршка за македонското и регионалното стопанство ќе биде и зголемениот обем на претпристапните фондови. „ Мојата последна поента е јасна. Ние сме подготвени да го поддржиме Западен Балкан со зголемено претпристапно финансирање. Постои огромна потреба од инвестиции во Западен Балкан. Овие инвестиции ќе го подобрат животот на луѓето. И тие исто така ќе го олеснат патот кон нашата Унија. Поради оваа причина, треба да ги зголемиме ресурсите посветени на Западен Балкан. Во овие турбулентни времиња, овој план од четири точки е вистинската понуда за Западен Балкан – заклучи шефицата на Европската комисија.

Далматински мелос наскоро во Битола

Препознатливиот далматински мелос, во Битола ќе го донесе далматинската машка клапа „Жрновница“, а по повод Денот на државноста на Хрватска.

Оваа манифестација веќе традиционално е во организација на Хрватскиот културен центар и Македонско -хрватското друштво „Марко Марулиќ“ – Битола, а оваа година во соработка со КИЦ.-Офицерскиот дом.

Клапатa „Жрновница“ доаѓа од истоименото место, предградие на Сплит, Хрватска. Континуирано работи од 2008 година, а е основана од нејзиниот долгогодишен водител, маестро Марко Марин.

Имаат учествувано на многу фестивали, концерти во Хрватска и во странство, настапувале во Франција, Италија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, на Хрватскиот музички фестивал во Виена, Австрија, Словенија, Чешка и со задоволство како што ни изјавија, настапуваат на бројни хуманитарни и други културни настани.

Клапата негува полифоно пеење на далматинскиот мелос, а во својот репертоар, покрај традиционалните „а капела“песни, изведуваат и далматински песни со инструментална придружба на мандолина, гитара и бас. Изведуваат композиции од духовен карактер, класични композиции, аранжмани на популарни композиции, а негуваат и традиционално народно пеење.

Во програмата за одбележување на овој значаен празник за хрватската историја, народниот театар од Сињ ќе ја изведе претставата „Семејна идила“ од М.Ненадовиќ, адаптација и драматизација на Жељко Вицулин.

Премиерата на оваа претстава беше минатата година, а по барање на публиката досега е изведена над 20 пати во Хрватска. Народниот аматерски театар од Сињ е основан во 1956 година. Во сите овие години од нивното постоење подготвиле повеќе од 160 премиерни изведби.

Овие бројки покажуваат дека овој театар и покрај кратките прекини, е еден од најактивните аматерски драмски театри во Хрватска.

Во последните 10 години, со континуирана и професионална работа, театарот се издигна на едно повисоко ниво по бројот на поставени премиерни претстави, како и во учества на фестивали.

На одбележувањето на нивното 60 годишно постоење ја добиваат Наградата на Сплитско-Далматинскиот округ за културна промоција на градот и регионот во Хрватска и странство.

Ова е целосната програма и сите детали за 57. издание на МТВ “Војдан Чернодрински” во Прилеп

Влезниците за претставите ќе бидат пуштени во продажба од 5 јуни на билетарницата на Центарот за култура „Марко Цепенков“

31 мај: Десет претстави во официјалната програма, пет во независната, тркалезни маси, програма за деца, автор во фокус – ова е дел од програмата на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“, што ќе се случува од 9 до 16 јуни во Прилеп. Отворањето на фестивалот кое годинава е под мотото „Враќање дома“, ќе биде организирано на платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во 20.30 часот. Со видеоесеи фестивалот ќе им биде оддаде почит на лауреатите на наградата за животно дело, Петар Темелковски и Петар Мирчевски.

Претходно, во 19 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“ ќе биде отворена ретката и роднокрајна збирка во чест на авторот во фокус Коле Чашуле. Во 21.30 часот на сцената на Центарот за култура ќе гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес со претставата „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски. Театарот од Велес одлучи, наместо со „Инферно“, која беше селектирана во официјалната програма, од технички причини, да учествува со оваа претстава.

Исто така, и Македонскиот народен театар, кого селекторката Ана Стојаноска го избра да учествува со „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, го откажа своето учество.

-Иако имаше предлози овие две претстави да се играат на нивните матични сцени, сепак, како Собрание на фестивалот одлучивме дека МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржува во Прилеп и дека не е во ред да носиме публика од градот за некои претстави да се изведат на матичните сцени. Ова нека биде и вид апел за сите да работиме повеќе на подобрувањето на техничките можности на сцените во Прилеп – истакна Стојаноска.

По одлука на Собранието на фестивалот, од истата причина, и Албанскиот театар, наместо со селектираната „Три сестри“, ќе учествува во официјалната програма со „Балкан“ во режија на Арбен Кумбаро.

Од 5 јуни ќе бидат пуштени во продажба влезниците на фестивалот на билетарницата на Центарот за култура „Марко Цепенков“, а информација за работното време – на следниот линк.

Програмата на фестивалот ќе започнува секој ден во 10 часот со „Чернодрински за деца“. На пладне ќе се организираат разговори на тркалезна маса, на кои ќе се дискутира за претставите што ќе бидат на програмата од претходниот ден.

Секој ден од 17 часот на неколку локации низ градот ќе бидат поставени фестивалски зони во кои членови на групата „Театроск“ ќе постават свои живи статуи, додека студенти од Факултетот за драмски уметности од Скопје ќе бидат скомрах и ќе презентираат кратки патувачки етиди. Оваа програма е поддржана од „Пакомак“, а е дел од нашата заложба за екофестивал.

На 13 јуни ќе се одржи и меѓународна конференција на тема „Македонскиот театар низ визурата на македонската јавност“.

Освен претставата на отворањето, во официјалната програма на фестивалот ќе учествуваат:

„Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Драмски театар – Скопје;

„Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;

„Мy name is Medeјa според Еврипид, драматизација на Милан Рамшак Марковиќ, во режија на Себастијан Хорват, Народен театар – Битола;

„Балкон“ од Жан Жене, во режија на Арбен Кумбаро, Албански театар, Скопје

„Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристовска, Народен театар – Охрид,

„Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов, Театар за деца и младинци – Скопје

„Женска гардероба“ од Арношт Голдфлам, во режија на Наташа Поплавска, Театар Комедија – Скопје

„Циркус Пирандело“ според драми од Луиџи Пирандело, адаптација и режија на Бојан Трифуновски, Народен театар „Антон Панов“ – Струмица

„Човек перница“ од Мартин Мекдона, во режија на Сибел Абдиу, Турски театар – Скопје.

Во програмата Независна продукција што игра домашни автори, ќе учествуваат:

„Елегија во пет здива“ – автор и режисер Филип Петковски

„Заминувања“ – колективно авторство, режија на Драгана Гунин, независна продукција во соработка со Мировна акција

„Срам“ од Ангела Стојановска, режија на Милош Б.Андоновски, драматизација Ева Камчевска, Продукција на „Тииит! Инк

„Скопјани“ според раскази на Оливера Ќорверзировска и колективно авторство на актерската екипа, режија на Милош Б.Андоновски

„Под.готвено“ според поезија и проза на Ѓоко Здравески, раскази на Елизабета Баковска, поезија на Блаже Конески и адаптација на сцена од „Трите високи жени“ од Едвард Олби, режија на Дејан Спасовиќ, продукција на „РКЦ РАКАТРАК“

Фестивалот ќе биде затворен на 16 јуни со свеченото доделување на наградите. Во нивна чест ќе гостува Српско народно позориште од Нови Сад со „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски.

Покровители на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ се Министерството за култура и Општина Прилеп. Спонзори на фестивалот се: Пакомак, Прилепска пиварница, Витаминка. Посебна благодарност до Бит крафт, што ја направија фестивалската интернет-страница. Пријатели на фестивалот се: Театар за сите, Самоглас, Гледај.мк, Умно.мк, МТВ, Донирај компјутер, кафе бар „Лувр“, Монарка – гастробар, Македонија осигурување, Македонска куќа, Урбан ера, Чоше, Брос бургерс, Аура, Каре, хотелите Кристал Палас, Атлас и Салида и други Медиумски покровител е МРТ.

Полицијата од СВР Битола вчера спроведе акциска контрола: 42 санкции за брзо возење, 16 казнети мотоциклисти

Вчера (30.05.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 42 возачи. Од нив, 23 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Во периодот од 11.00 до 17.00 часот, пак, спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 16 возачи. Притоа, 8 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 5 возеле без возачка дозвола, 1 мотоцикл бил нерегистриран,1 мотоциклист управувал под дејство на алкохол, 1 со измината важност на осигурителна полиса …. За време на контролата санкционирани се 26 други видови на сообраќајни прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Србите во Косово развиорија српско знаме долго 250 метри (ФОТО)

Срѓан Милосављевиќ, поранешен претседател на Собранието на општина Звечан, утрово повтори дека барањата на Србите опфаќаат повлекување на специјалните полициски единици од општините на северот на Косово.

„Да не доаѓаат лажни градоначалници во општинските згради на северот на Косово, да бидат ослободени нашите неправедно уапсени граѓани Радош Петровиќ и Душан Обреновиќ, затоа што не се виновни што се живи. Имаме информации дека адвокатите се на терен и чекаме повратна информација дали ќе бидат ослободени“, изјави Милосављевиќ.

Со овации се развиори српското знаме долго 250 метри. Милосављевиќ ги повика граѓаните на мирен протест.

За Св. Елена и Константин во Писокал на манастир: Голема македонска прослава со Влатко Миладиноски (ВИДЕО)

Голем број верници и оваа година ќе се соберат на голема прослава во манастирот Св. Илија Писокал кај село Кален (прилепско Мариово), за празникот Св. Елена и Константин, една од манастирските слави.

Домаќините ги покануваат сите верници и добронамерници да присуствуваат на светите литургии кои ќе се одржат во петок (02.06) со почеток од 18:00ч. и сабота (03.06) од 07:00часот.

Вечерта спроти празникот за забавата ќе се погрижат Влатко Миладиноски и “Интермецо бенд”, a на самиот ден ќе пее Методија Столески, заедно со “Тенуто бенд” од Струга.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата минатата година:

Во петок ни доаѓа споен викенд – за следниот ќе чекаме да помине цело лето, еве уште колку неработни денови остануваат до крајот на годината

По неколкуте празници во месец мај, ни доаѓа уште еден споен викенд на почетокот на месец јуни.

Имено православните верници во петок го одбележуваат празникот Духовден во чест на починатите лица, а воедно тој ден е и неработен во нашата земја.

Потоа о јули немаме ниту еден празник, а слдниот неработен ден е дури во месец август.

Ова се сите неработни денови кои преостануваат.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

• 2 август (среда), Ден на Републиката,

• 8 септември (петок), Ден на независноста,

• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

• 2 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

• 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

• 23 мај (вторник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

• 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Стапија на сила првите санкции од САД за Косово

Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, изјави дека откажувањето на учеството на Косово на вежбата „Дефендер Европа 2023“ е првата последица за Владата на Косово, која ги отфрли повиците на Вашингтон за ескалација на ситуацијата на северот.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 26 мај предупреди дека постапките на Владата на Косово во северните општини ќе имаат последици врз билатералните односи.

„Првиот показател за тоа беше одлуката што ја донесе синоќа американскиот командант за Европа да го откаже учеството на Косово на „Дефендер Европа 2023“, што се случи преку ноќ“, рече Ховениер на средбата со неколку новинари во Приштина.

За Косово овие вежби се завршени, додаде Ховенје.

Дневна доза ARS POETICA

Марија Кулеска, поет, професор и лингвист, денес на својата социјална мрежа ја објави својата прво долга поетска творба. Таа кажува :

Се обидов инспирирана од избликнатиот трепет на онаа онаа проста и строга македонска песна, вкоренета во духот на нашата култура, да ја создадам мојата најдолга поема. Синтагмата за проста и строга македонска песна, е парадигмата, во која чука срцето на македоснкиот поет. Тоа е пулсот на дамнината поврзан со денешницата, аманет оставен од нашиот Блаже Конески. Тоа е сила која во себеси ги влечи контрастите, парадоксите, кои ги живее македонскиот народ, се до достигнувањето на една хармонична целесообразност на зборот со нашиот жив дух, нашиот темперамент, но и чувствата на тага и меланхоличност.

Користам архаични зборови и симболи кои се трасираат до митолошки значења, но и симболи кои својата спротивност ја сопоставуваат, притоа не се надминуваат и не се негираат, ниту пак се надополнуваат. Архаичниот народен збор е како шепот и вечен довик од минатото, кој доколку биде искоренет од јазичната употреба, би било како да изгубиме дел од себеси. Да не дозволиме да се случи умртвување на народниот архаичен збор. Фокусот на оваа поема освен што е онаа едноставност, создадена со многу тага, во македонските песни, исто така е поема за зборот или Ars Poetica. Зборот со својата благотворност како создавач, кој им помагал уште на средновековните маченици да се избават од мракот и да ја најдат светлината. Зборот беше тој, кој го индивидуализираше човекот. Зборот беше одраз на стремежот и сонот, преку апокрифните писанија, да се одделува индивидуата од средновековната стигматизација. Фокализацијата е интерна, се изразуваат сопствени чусвтва и емоции и се прави еден амалгам на различни симболи идеи, кои според Бахтин го изразуваат дијалогизмот, одноно отвореноста кон поширока интерпретација.

Во прилогов проследете ја поемата:

Зошто молчиш?
Кога, ноќта во својата заплеткана сенка
Бројни копнежи, крои
И, издишки скриени брои
Љубов моја, што лузни ти предизвикува ?
Та, толку мисли те навјасуваат
И толку тегоби, те сардисале
Кому сакаше, зборот твој да го дадеш ?
Кому сакаше, твојата душа со ситна надеж
Да ја оставиш, на лекомислен грабеж?
Што молчиш љубов,
Зарем успението не ти е водилка?
Дренките венеат,
Твоето молчење, го суши црвениот сок
И, твојата тегоба, ја јади душата
Зошто, го прескокна мигот
И оросени дренки кинеше ?
Зошто не го превозмогна страданието ?
За да, допреш до сушноста
И насушна да стане, онаа тегобојност
И, онаа бојазлива сенка
Што душата во ситната роса, ти ја раскина
И те распарчи во ситните капки
Зборот твој во мојот, да биде роден
Зборот твој и твојот сон
Во утробава да се зачнат,
Во единство од спротивности,
Го калемеше животот
Празното и среќното беа световно
А, полна и тажна, ти беше душата
Го љубеше постоењето на минливото
И минливото го правеше трајно
Оти велеше, времето од ѓаволот е смислено
Судбината, сакаше да ја скинеш
И во нејзините коси, забите да ги ринеш
„Пишувам, љубов испишувам “ велеше
Врз времето буквите ги пишувам
За да ги знаат, само оние кои те знаат
За да ги знаат, оние, кои душата ти ја читаат
А јас, врз хартија душаат озарена
Недозреано јаболко, ја пишував
Пред тебе да те сретнам
Мислев, дека морам, да мерам сé
Ама, секоја мерка, беше различна
И хаосот се преврти
Кога твојот збор, се појави

Зарем булките, не те будат повеќе ?
Зошто ги пишуваш буквите обратно ?
Зарем мислиш, душите ќе станат ?
Ќе ги разбудиш ли сенките заспани ?
Оние, што не можат, да се бранат
Во гората, во сончевина облеани
Зошто твојот збор во мене бесот го разбуди?
Бесот за непроспиените мајчини ноќи
Од клетоста на туѓи празни моќи
Од прашина собрана, од улици
Од лојот, во кој се препелаат
Кога, во тивки одаи, се повлекуваше
За солзи, да лее
Оти на чедото, му беше одземен сонот
Сонот, што во плевелот, го калемеше
Оти веруваше, дека и плевелот не е неплоден
Веруваше, дека грозотијата е измислица на сеништа клети
Затоа што, само зборот убавината ѝ ја вети.
Сонот, за да ги спознае длабочините.
Древен сон, што од минато го сонила
И ѝ доаѓа, да го означи
За душата, да си ја озрачи
Оти тогаш чувствува, дека не е сама
знае дека може да страда, само од својата кама
И ја разбуди, игривата живост и мечтата
Што се прпелка, во дождливи капки
И се овоплоти твојот збор со мојот збор
И тука, настана безличноста
тука се случи, оставањето на себеси
и поаѓањето кон едноличната живост
страста во човека, ја сакаше
скиселената душа, му ја бркаше
Кажи ми, љубов, кои долапи останаа празни ?
Велеше дека судбината не ти била драга
И со клети сказни
Ти даваа, маченички световни казни
Водилка ти станав, во судбинските далги
И црнилата ги откорнав
Што пелин на јазикот, ми ставаа
Црвенеам од погледот твој
А знам дека белееш, ти во духот свој
Ах, што азно носиш во себеси
А патила, патот ти го послаа
Сега, мечтите скинати
Дај ми ги да ти носам
Ќе ги зацелам
И на синија позлатена збор, ќе врежам
Среброљупците ќе загинат од зборот
Зловолните ќе се стишат
Помалку ќе зборуваат, повеќе ќе читаат
Зборот нѐ поврзува со судбински вериги
Недогледни, и неспретно се справуваме
Ама, со дланки, треба да го милуваме
Не да се обидуваме, да го престигнуваме
Да не поитуваме
Да не дозволуваме, наврапито само една вистина
Да нѐ престигне
Тука, да бидеме задоени
За, со зборот бремиња броени
Во баздења скроени
Да ги фрламе
Зошто молчиш, душо , зошто пишуваш обратно од секој?
Зарем ќе покажуваш, дека постојат вистини бројни
Зарем бледила ќе оттргнеш стројни ?
Од оној, кој не може да бега од својот неспокој
Кажи ми, песно со зборови искитена
Зошто во твоите јазли , спасот го најдува?
Па, саноќ сонот не го фаќа
Зарем зборот толку го подига духот?
Та, секој мрак во својот праоблик поитува
И зарем човек веднее глава само пред зборот ?
Зборот кој се раѓа, и останува
Врежан во духот на човека
Од праоблик свој не излегува
Ами, добива нова руба
Нова руба, што човекот ја гнаси
И бие шега со туѓата плотна мака
Ама, ја краси, кога зборува
За на човека светлина, да му донесе.

И таму, во љубењето на ноќниот зрак и росата
Во осамнувањето на тајната
Јас, ќерка на месечината бев
Седната, во мракот на бедата
Косата со свила, ми беше покриена
И сонував, дека ти бдеев над глава
Со милувалки и искри од зборови
Стравот го победував
Испишував, во ѕидиштата
Иззабени од времето
Пишував за нас
Оти немаше човек, кој може, да ја одрече љубовта
И не се родил човек, кој не доживеал животворен копнеж
Да ја оживее љубовта со збор
И зборот да го дарува секому
За осветление да не скрати никому
Кога зборува напразно

Го љубев зборот повеќе од себеси
И, во мракот, писанието неразбирливо беше
Ама, оној, кој светлина носи, го разбираше
Од таму, од мракот се раѓаше
Ѕвездата , што беше спуштена за народот
Да ја гледа и да ја чува
Ѕвездата, што триесет и еден миг, сама се обременува
И, ги распоредува во очуденото невидливото
Видливото го прави исконско
И убавото и грдото ги поврзува
Ништото со полнозначност го оплодува