дома блог страница 1071

Јавното обвинителство процесуирало кривична пријава против екс градоначалник на општина Прилеп?

Maркукуле неофицијално дознава дека Основното јавно обвинителство во Прилеп процесуирало кривична пријава против екс градоначалник на општина Прилеп за несовесно работење во службата.

Подетални информации околу целиот случај очекувајте наскоро.

Се испотепаа пратеници во бугарското Собрание: Летаа шлаканици, искршени наочари и искината облека

Навреди, закани, скршени наочари и еден пратеник со искината облека. Ова е резултатот од утринската тепачка во парламентот на Бугарија при која пратениците буквално се фаќаа за гуша. Причината беше декларација на „Преродба“, која уште еднаш ја повика ПП-ДБ да го врати вториот мандат и ги обвини за национално предавство.

Пратениците упатија закани едни кон други, а потоа следеа и шлаканици и скршени наочари.

ЛИНК од видеото

Се сретнаа и гушнаа Зеленски и Ковачевски (ФОТО)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Република Албанија, Еди Рама имаа заедничка средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Премиерот Ковачевски беше придружуван од заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи а средбата се одржа на маргините на вториот Самит на Европската политичка заедница во Кишињев.

Премиерот Ковачевски ја истакна силната поддршка која Северна Македонија ја дава на Украина од почетокот на воената агресија од Русија врз Украина во февруари минатата година.

“Северна Македонија ја осуди бруталната воена агресија која Русија ја врши врз независна и суверена Украина. Го подржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право да го трасира самостојно својот пат. Обезбедивме и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка во секоја форма која на Украина ѝ е потребна”, истакна меѓу другото премиерот Ковачевски.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се заблагодари за поддршката која украинскиот народ ја добива од Северна Македонија, истакна дека таа доаѓа во клучни моменти.

-Не правевте калкулации, бевте покрај нас од првиот ден и украинскиот народ и ние го цениме тоа, рече Зеленски.

Премиерот Ковачевски потсети дека Северна Македонија е дел од основачката група за формирање на Посебен меѓународен суд за кривичните дела од агресијата, со што јасно се позициониравме и овој пат на вистинската страна на историјата. Украина е меѓу приоритетите при претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, воедно, Северна Македонија ја подржува евро-атлантската интеграција на Украина и посветеноста на политиката на отворени врати на НАТО.

Јанчев: Кавадарци се развива на секое поле, а инфраструктурата е огледало на општината

„Втор мандат сум градоначалник и сакам да се заблагодарам на максималната поддршка на Општината, на граѓаните со 76% поддржаност во вториот мандат, при што е голема голема обврска за мене. Морам да потенцирам дека сплотеноста на Општината со јавните институции, со граѓаните, достапноста на Општината во делот на граѓаните и секојдневието го прави Кавадарци да биде град достапен за самите граѓани“, истакна градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев во воведниот дел од трибината „Политики за развој на енергетскиот сектор“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Јанчев додаде дека се инвестира во спортот и потенцираше дека за пет години општина Кавадарци успеа фудбалскиот клуб „Тиквеш“ да го врати во прва лига. И направи историски најдобар резултат во првата македонска лига и заврши на шестото место. Ракометарскиот клуб „Тиквеш“ оваа година за првпат игра во Европа.

„Општината во изминативе четири години спортот го поддржува со рекордни 20 милиони денари на годишно ниво“, нагласи градоначалникот на Кавадарци.

„Инфраструктурата во делот на спортот во последните неколку години се изградија неколку игралишта, тука е игралиштето ГФК „Тиквеш“, нови трибини. Но исто така се обезбедија и подобри услови за спортот, при што се изградија повеќе спортски сали, повеќе фудбалски терени“, појасни Јанчев.

Јанчев се осврна и на инфраструктурата во Кавадарци при што посочи дека е огледало на општината.

„Општина Кавадарци до пред пет години беше на доста ниско ниво во делот на инфраструктурата, во делот на атсмосферските канализации, фекален колектор, булеварите, влезовите во градот, улиците, руралните средини“, рече тој.

„Од втората изборна програма досега имаме остварено над 70% од сите проекти инфраструктурни кои што ги имаме. Би споменал неколку капитални, меѓу кои е пуштањето на работа и доградувањето на Градскиот пазар, денес општина Кавадарци има еден од помодерните пазари во Македонија. на нашите земјоделци им е овозможено да имаат подобри услови за продажба на земјоделските производи, а на граѓаните подобри услови при пазарување. Прометот на самиот Градски пазар во однос на земјоделските производи е подигнат некаде за 50-тина проценти“, посочи Јанчев.

Тој укажа дека пуштање на работа на петта мини хидроцентрала, со производство на инсталирана моќност 150 киловати на час. И со тоа ЈП Комуналец е денес во подобра финансиска состојба.

„Општина Кавадарци е единствена општина во Македонија каде што ниту едно дете не чека за запишување во градинка“, нагласи тој.

Јанчев додаде дека во општина Кавадарци од прво до петто одделение на сите дечиња им дава бесплатен соодветен оброк.

Градоначалникот на општина Кавадарци се осврна и на земјоделството.

„Како Општина можам да потенцирам дека се бориме максимално да придонесеме во делот на винарството, винската индустрија, во делот на заштита на земјоделците и тоа го направивме со неколку проекти во винскиот музеј, отворивме винотека каде што можат семејните винарии да продаваат вина што не можат во маркетите. Општина Кавадарци дава два милиони денари поддршка за семејните винарии, дестилерите, за да се зголеми откупот на грозје, да се зголемат производителите“, нагласи Јанчев.

Јанчев рече дека потребно е да се помогне на земјоделците бидејќи земјоделието е тешка гранка.

Не им иде умот: Нова акциска на СВР Битола, казнети 58 возачи за брзо возење

Вчера (31.05.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 58 возачи. Од вкупно 58 возачи, 42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прва победа за македонските одбојкари во европската Златна лига

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва ја совлада Белгија со 3:1, по сетови 25:21, 25:23, 17:25 и 25:21.

На натпреварот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ „црвено-жолтите“ до триумфот ги предводеше капитенот Никола Ѓорѓиев со 19 поени.

Следниот натпревар македонските одбојкари ќе го имаат в сабота, исто така во СЦ „Борис Трајковски“, кога ќе ја пречекаат репрезентацијата на Хрватска.

По две кола, во водство се Украинците со шест бодови, белгиската и македонската репрезентација имаат по три, Хрватите се последни без ниту еден бод.

Премиерот ни го нарекуваат “северномакедонски” во странство, а тој не се буни (ВИДЕО)

Зошто премиерот Димитар Ковачевски замолкна кога на отворен јавен настан беше претставен како ,,северномакедонски” премиер?

Серџо Кантоне, уреднички координатор на медиумот Euronews наместо како македонски премиерот Ковачевски го претстави како ,,северномакедонски” а тој не се побуни ниту вознемири.

Инцидентот за кој Ковачевски воопшто не реагираше се случи во Братислава на безбедносната конференција Глобсек на која Ковачевски учествуваше на дебата со албанскиот премиер Еди Рама.

Според официјалниот протокол на МНР и владата придавката северномакедонски не смее да се користи при именување на македонски ентитети од било кој вид.

Иако Кантоне го употреби навредливиот назив северномакедонски за Ковачевски, македонскиот премиер кој во тој момент влегува во салата не реагира на директната навреда на македонскиот идентитет, или можеби тој не смета дека користењето на северномакедонски е погрешно.

Ковачевски влегува во славата откако беше најавен што значи дека тој преку озвучувањето го слушнал своето име и начинот на кој беше навредливо најавен.

Подоцна ниту од владата нема официјална реакција за Кантоне и организаторите на конференцијата во Братислава што укажува дека Ковачевски и власта можеби немаат проблем со негирање на македонски и се согласуваат со употреба на придавката северномакедонски.

Навредата за Ковачевски и сите Македонци околу 40 секунда од видеото.

Извор: “Експрес.мк”

Франција сака да ја види Македонија успешна и интегрирана во ЕУ, вели Макрон

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Премиерот му се заблагодари на францускиот Претседател за неговиот личен ангажман во процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Македонија во Унијата.

Соговорниците се согласија дека не смее да има одложување на процесот на евроинтеграции, и затоа, и овој пат нема да отсуствува поддршката од Франција и меѓународната заедница во натамошните етапи и предизвици на патот кон членство во ЕУ.

Претседателот Макрон ја поздрави одлучноста на Владата да работи на реализирање на европската агенда и потенцира дека на тој пат ќе продолжи да има силна и гласна поддршка на Франција. Ковачевски и Макрон се согласија дека сега е момент да се направи јасен исчекор во пристапниот пат и да се овозможи успешно интегрирање на Македонија во ЕУ.

Две втори награди за прилепските гимназијалци од државниот натпревар по хемија

На регионалниот натпревар по хемија кој се одржа на 06 мај 2023 год.во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, за државен натпревар се пласираа учениците Марија Митреска и Георги Николоски од прва година, под менторство на проф.Ружа Ангелеска, како и учениците Петар Мирчевски, Кристијан Узуноски, Марија Бардакоска и Марија Пенкоски, ученици во втора година, под менторство на проф.Блаже Димески.

На државниот натпревар по хемија кој се одржа на 26 ти Мај 2023 год. во просториите на ПМФ ИНСТИТУТ ЗА ХЕМИЈА СКОПЈЕ, ученикот Георги Николоски од прва година, под менторство на проф. Ружа Ангелеска, освои втора награда со реализација од 92 %, а Петар Мирчевски од втора година, освои исто така втора награда, со реализација од 96%, под менторство на проф. Блаже Димески.

Другите ученици се здобија со пофалници и сертификати за успешно учество на државниот натпревар.

Во центарот на градот се запали автомобил во кој се возеле студенти (ВИДЕО)

Автомобил во кој се возеле студенти од медицинскиот факултет, се запалил денеска пред молот во Штип. Брзата интервенција на противпожарната единица спречила поголемо ширење на пожарот и експлозија.