дома блог страница 1069

Фотографиран моментот од удар на гром во Прилеп

Страшно невреме проследено со пороен дожд и силни електрични празнења попладнево го погоди Прилеп. Невремето предизвика поплавување на повеќе делови во градот, граѓаните веќе се жалат на предизвикани штети од удари на гром.

Колку денеска беше опасно да се биде надвор во Прилеп покажуваат и фотографиите. Дождот во меѓувреме продолжува да паѓа, а метеоролозите најавуваат слично време и во наредните денови.

Фото|Мики Николоски

Тешка сообраќајка помеѓу две возила во Прилеп: 61-годишна прилепчанка со тешки повреди примена во прилепската болница

На 02.06.2023 во 11.35 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Гоце Делчев“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“, управувано од И.К.(42) од с.Мало Коњари, прилепско и патничко возило „опел корса“, управувано од Т.С.(62), двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата сопатничката во возилото „опел“, Т.С.(61) од Прилеп, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Невреме го изваде на површина целиот прилепски срам: Купиша ѓубре од Дабничка плива кон центарот на градот (Видео)

Невреме проследено со пороен дожд и грмежи го погоди и денеска Прилеп.

За кратко време невремето го поплави централниот дел од градот и ги преполни коритата на Градска и Дабничка река.

Граѓани сведочат дека сликата особено кај Дабничка Река била грозна. Купишта отпад се слеваат во Градска река и пливаат кон центарот на градот.

Метеоролозите најавуваат слично време и во наредните десетина дена.

Волкановски до Мекрегор: Ајде да се бориме, кога сакаш и во која категорија сакаш!

Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар Волкановски, му фрли ракавица на Ирецот Конор Мекрегор со понуда да се борат.

Всушност од ЕСПН први спомнуваа колку добро би било ако Волкановски и Конор би се бореле еден против друг кога беа во топ-форма и дека победникот би бил најдобар во историјата во перолесна категорија. Волкановски нема пораз во перолесна категорија, а легендата Мекрегор беше шампион и во лесна и во перолесна.

„Ајде да го направиме тоа во лесна категорија“, порача Волкановски.

На ова одговори Конор со провокации и потценување до популарниот Александар Велики, а следуваше нова понуда на Алекс: Кога било, каде било, во која сакаш категорија“.

(Видео) Гинеколог физички нападнат на панел-дискусија: “Ти знаеш што направи!”

Бесен маж упадна на панел-дискусија во Балтимор и почна да му удира шлаканици на еден од лекарите, тврдејќи дека сексуално ја вознемирувал неговата сопруга за време на преглед.

Во видеото се гледа како тој оди на сцената, го фаќа докторот од Лонг Ајленд, а потоа почнува да го удира неколку пати. Лекарот шокирано гледа наоколу за помош.

– Знаеш што направи! Пред седум години сексуално ја нападнавте мојата сопруга. Седум години чекам да те запознаам. Имаш среќа што не те убив – вика напаѓачот додека некој од публиката гласно повикува на обезбедување.

https://twitter.com/MikeSington/status/1664951425070243841?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1664951425070243841%7Ctwgr%5E5a6eec3a962f52786fe83c78f3d12c6ceb49aa93%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F4173170%2Fmuskarac-upao-na-panel-i-poceo-da-tuce-poznatog-ginekologa

Икона на Пресвета Троица со честица од светиот Мамвриски даб од Хеброн, од денеска го краси храмот Св. Петка во Прилеп (ФОТО)

Иконата на Пресвета Троица, со вграден реликвијар во кој има честица од старозаветниот Мамвриски даб, кој се наоѓа во близина на израелскиот град Хеброн, денеска беше предадена на храмот “Св.преп.мчца. Параскева (Петка) Римјанка” во населбата Точила во Прилеп.

-Библискиот настан претставен со оваа икона е опишан во Старозаветната книга Битие, и се случил околу 1 800 години пред Христа, во Мамре кај Хеброн, на западниот брег на реката Јордан.

Имено, за да се скрие од жештината на денот, старозаветниот патријарх и прататко Аврам ги сместил своите гости, трите Ангели односно Троичниот Бог, под крошна на даб, познат во Библијата како Мамрискиот даб, во чија непосредна близина живеел. Овој даб е зачуван до денес, а се наоѓа на имотот на рускиот манастир Света Троица.

Според традицијата, дабот е стар околу 3800 години а според некои верувања дури и 5.000 години и претставува своевидна светиња за христијаните, Евреите и муслиманите. Според старозаветниот текст и преданието, токму на ова место три ангели му објавиле на пророкот Авраам, во неговата 99-та година, дека ќе добие син. Исак, неговиот син, се родил следната година.

Постои верување дека сушењето на овој даб ќе го најави крајот на светот и апокалипсата. Дабот се исушил во 1996 година и тоа ги разгорело толкувањата дека крајот на светот е близу. Сепак, по Божја милост, во 1998 година, дабот повторно разлиста.

Иконата со димензии 40×30 е подарок на храмот од благочестиви семејство од Прилеп, а е дело на иконописецот и зограф Николче Српчански и е иконописана во духот на источната православна иконописна традиција, врз основа на старозаветниот мотив каде Светотроичниот Бог му се јавува на отецот Авраам во вид на три ангели.

Иконата на Пресвета Троица со честицата од Мамрискиот даб ќе биде изложена за поклонение и целивање во текот на трите денови кога го празнуваме еден од најрадосните празници – Духовден или Педесетница.

Нека благословот Авраамов биде над Прилеп и прилепчани! За многу години Духовден – стои во објавата на храмот.

Честит именден Елена, Ели, Ленка, Константин, Кочо, Коста…

Православните христијани денеска го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Црква Св. Елена и Константин во населбата “Типски” во Прилеп

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на хроистијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник кој го викале „Свети цареи“ го празнувале на 21 мај (стар стил).

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш е лековита, но најмоногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појди на денот свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, и пораснала убава и густа коса.

„Од тогаш на празникот на свети Елена и Костадин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу”, заклучува народниот раскажувач.

Откако обезбедија опстанок во најелитното ракометно друштво, прилепчани го потпишаа и првото засилување на новата сезона

После успешно завршена сезона во Супер лигата, РК Прилеп започна со креирање на костурот на екипата за наредната натпреварувачка сезона.

Прилепчани завршија на третото место во плеј-аут разигрувањето и обезбедија опстанок во најелитното ракометно друштво и идната сезона.

Раководството на клубот не чекаше долго, па веднаш почна со работа за креирање на тимот за идната натпреварувачка сезона. Откако Давор Шокоски и Грузиецот Мириани Гавашелишвили го напуштија клубот, па прва соработка која ја договори клубот е со пикерот Томче Трајчевски, кој од екипата на Радовиш ги засили редовите на прилепчани.

-Се работи на уште неколку засилувања, за конечно комплетирање на тимот за следната сезона – велат од клубот.

Известување од општина Прилеп: Идната недела во овие термини ќе се врши дезинсекција во градот и населените места

Известување од општина Прилеп

-Ве известуваме дека во деновите понеделник 05.06, вторник 06.06, среда 07.06, и четврток 08.06 2023 година, во периодот од 22:00 до 05:00 часот, екипа на Центарот за јавно здравје-Прилеп, ќе ја изврши првата фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.

Со оваа дезинсекција ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот Прилеп и неговата периферија, како и населените места: Оревоец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Славеј, Мало и Големо Коњари.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветер и дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Нова измама на Фејсбук: Доколку не внимавате може да го изгубите пристапот до вашиот профил

Измамниците на Интернет постојано бараат нови начини да допрат до наивните и лековерни корисници, кои потоа им ги крадат нивните приватни информации, но и пристапот до социјалните мрежи.

Во конкретниот случај станува збор за Фејсбук, каде повторно се шири измама која имаше многу успех во не така далечното минато. Се однесува на лажни информации за нечија смрт, пишува Daily Mail.

Принципот е едноставен, пораки како „погледни кој умре“, „нема да веруваш кој умре“, „страшно, види кој умре“, „нема да веруваш кој умре, јас го знам/ знаеш, па јас“ Ќе ти го испратам“… Главниот дел од пораката никогаш не кажува за кого се работи, па треба да кликнете на понудениот линк.

Оние кои ќе кликнат ќе се најдат во неволја, особено ако го пополнат „образецот“ пред себе на страницата што се отвора. Бара од посетителите да ги внесат корисничкото име и лозинката што ги користат на Facebook. Ако го направи тоа, измамниците добиваат пристап до сметката и оттаму испраќаат идентична порака до сите на списокот на пријатели со лажни информации за нечија смрт.

Кога некој ќе го изгуби пристапот до Фејсбук, може да остане и без пари, особено ако со него има поврзано некои други чувствителни информации кои можат да се користат за кражба.