дома блог страница 1068

По втор пат во три години шампиони на Македонија: Пингпонгарите на Младост 96 ја вратија титулата во Прилеп (ФОТО)

Пингпонгарите на Младост96 ја вратија титулата во Прилеп. Вчера во Скопје се одигра вториот натпревар од финалето во плеј офф против екипата на Телеком Нец2 и со резултат 4-3, или со вкупен резултат 2-0 ја освоија шампионската титула.

Ова е втора титула шампиони на Македонија во последните три години. Тимот во цела сезона имаше само еден пораз, и покажа дека во моментов е најдобра екипа во државата.

Честитки за сите во клубот и желби за задржување на истиот натпреварувачки ритам и во следната сезона!

Миле и Талат отишле да следат НАТО вежба во Литванија (ФОТО)

Пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски, заедно со собранискиот спикер, Талат Џафери, во работна посета на главниот град на Литванија, Вилнус, каде проследиле вежба на НАТО силите.

Талевски ја посетата на Вилнус објави на сите социјални мрежи, а фотографиите со Џафери дури и ги спонзорираше.

И викендов голем број алкохолизирани возачи на подрачјето на СВР Битола: Во Прилеп фатени седуммина

Во текот на изминатата вечер (03/04.06), во периодот од 22.00 до 05.00 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 17 возачи, од кои седуммина на подрачјето на градот Битола, исто толку во Прилеп и по еден возач во Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.

Во текот на контролите дополнително биле санкционирани и осум возачи за други прекршоци од областа на сообраќајот – информираат од СВР Битола.

Прилепските борачи и борачки го освоија и Државното во Радовиш: Се враќаат со 6 медали и пехар

Денеска во Радовиш се одржа Државно првенство во борење, каде прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај – Златна Рака” беше најдобар во женска конкуренција и го освои првото место екипно.

Вкупниот биланс од денешните борби беше едно прво место, едно второ и две трети места во женска конкуренција, како и две трети места во машка конкуренција.

Од клубот информираат и дека на 10.06.2023, во спортската сала “Македонија” во Прилеп, ќе се одржи првиот Интернационален турнир “Крали Марко”.

Формирана новата влада во Турција: Cамо двајца министри се од претходниот кабинет

Новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа именуваше министри во новата влада на Турција. Ердоган одлучи повторно да го назначи Мехмет Шимшек (56) на функцијата министер за финансии во новата влада. Шимшек беше многу ценет меѓу инвеститорите кога претходно беше министер за финансии и вицепремиер помеѓу 2009 и 2018 година.

За министер за надворешни работи е именуван Хакан Фидан (55), на местото на долгогодишниот шеф на дипломатијата Мелвут Чавушоглу. Фидан е на чело на Националната разузнавачка служба од 2010 година, а пред тоа беше советник на Ердоган. Наместо Хулуси Акар за министер за одбрана е именуван Јашар Ѓулер (69), кој е во армијата 49 години, а од 2018 година беше и началник на Генералштабот.

Потпретседател на Турција ќе биде Џевдет Јилмаз (56), кој претходно беше директор на АК Партијата на Ердоган за економски прашања и вицепремиер за економски прашања.

Министер за полиција ќе биде Али Јерликаја, наместо Сулејман Сојлу, кој на таа функција е од 2018 година. Јерликаја (55) беше гувернер на провинциите Газиантеп, Текирдаг, Агри и Ширнак.

(Видео) Пострашно од што можете да замислите: Туристи снимија голема бела ајкула од неверојатна близина

На неверојатната видео снимка можете да видите три метри голема бела ајкула како ги покажува забите на помалку од 2 метри од камерата.

Видеографот Марк Греам од Престон, Англија ги снимил овие слики и видео од големи бели ајкули во Клајн Брак, заливот Мозел, Јужна Африка.

Ова е всушност најголемата туристичка атракција во Јужна Африка – пливање во заштитен кафез заедно со големите морски чудовишта, додека во исто време туристичките водичи ги намамуваат ајкулите да се движат во близина на кафезите.

Нова цена на гopивата од утре

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за новите цени на горивата.

Споре последната одлука на РКЕ, за половина денар поскапеа бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и дизел горивото останаа непроменети.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,742 ден/кг и сега ќе изнесува 40,175 ден/кг.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,175 (денари/килограм)

Полицаец со „бмв“ на МВР, паднал на коловозот – итно пренесен во прилепската болница

На 03.06.2023 во 11.50 часот било пријавено дека регионалниот пат Македонски Брод – с.Самоков мотоцикл „бмв“ сопственост на МВР, управуван од полициски службеник, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од Полициската станица Македонски Брод, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Денеска е Духовден – Слегување на светиот дyx врз апостолите – Честит именден Душко, Душка, Дунавка…

Црковниот празник посветен на слегувањето на Светиот Дух на апостолите, кој се празнува 50 дена по Велигден е еден од најголемите празници кои Македонската православна црква ги одбележува.

Духовден се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела.

Овој е единствен од 12-те големи празници што нема претпразненство. Тоа се надоместува со фактот што во текот на целиот период од Велигден до Духовден се чувствува празничното расположение.

На овој празник редовно му претходи задушница што се празнува во саботата пред Духовден, кога се изведуваат повеќе обичаи што им се наменети на покојните претци.

Овој ден меѓу народот е познат и под името „Мртва сабота“. Духовден се вика и Педесетница, не само затоа што се празнува педесет дена по Велигден туку и затоа што настанот што му дава печат на овој ден се случил токму на еврејскиот празник Педесетница.

Mакедонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на полскиот Универзитет во Вроцлав

Заемната определба да се вложува во перспективите за македонистиката во Полска дава конкретни резултати. По одбележувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, од следната академска година, македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав. Определбата македонскиот јазик уште посилно да одекнува во светот не е само желба, туку секојдневно е стварност. Ова меѓу другото го посочува директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска по завршувањето на 11. Македонско-полска конференција во Катовице и по чествувањето на јубилејот на Лекторатот по македонски јазик во Сосновјец.

– На Универзитетот на кој великиот Блаже Конески, кој е меѓу најзаслужните за воспоставувањето и развивањето на македонско-полските културни врски во минатиот век, во 1973 година бил прогласен за доктор хонорис кауса (dokctor honoris causa), половина век потоа ќе се одвива настава по македонски јазик уште од почетно рамниште на додипломските студии. Се случува нешто на што нè обврзува историјата, затоа што на овој Универзитет, интересот за македонистиката е континуиран и потоа, особено заради успешната работа на Македонистиката работилница основана од еден од најистакнатите полски македонисти, акад. Јан Соколовски, кој и денес е постојано посветен на македонистиката што се потврди и на Конференцијата. Но, особено ни е драго што наставата во Вроцлав ќе ја изведува полската македонистка, д-р Марија Стришевска. Таа е семинаристка на школите на МСМЈЛК при УКИМ и сето она што преку лекторската настава и предавањата на школите во текот на изминатите години го вложивме во неа сега постанува влог во нови генерации полски македонисти. Ова е конкретен пример дека вложувањата во актуелните генерации странски македонисти не се само за сегашноста, туку пред сè за иднината на странската македонистика – нагласува Мојсова-Чепишевска.

Според неа, таквото вложување во новите, актуелни генерации странски македонисти е и само еден од патиштата кои водат до остварување на определбата на МСМЈЛК при УКИМ дека иднината треба да ја создадеме во сегашноста.

Веста за отпочнувањето со академска настава по македонски јазик на Универзитетот во Вроцлав, на Конференцијата и при чествувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет, беше соопштена од амбасадорот, д-р Илија Псалтиров.

– Значајно е што веќе се видливи и дипломатски заложби за статусот на македонистиката на странските универзитети и за поддршка на заложбите за развој на странската македонистика. Се надевам дека тоа не е привремена пројава, туку дека ќе биде постојана, секојдневна практика, затоа што странската македонистика мора да биде државен приоритет, одделно – нагласува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

Годинава се навршуваат и точно триесет години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашата држава и Полска. Но, како што посочува Мојсова-Чепишевска, присуството на македонистиката на тамошните универзитети како и воопшто во сите други странски држави датира од пред официјалното воспоставување дипломатски релации по осамостојувањето на македонската држава и благодарение токму на лекторатите и воопшто на универзитетските центри на кои се изучува македонистиката, афирмацијата на македонистичките вистини, ставови и согледби се остварува толку силно и има традиција. Ама како што напоменува, и не треба да се запре само таму каде што веќе има традиција, туку треба да се продолжи со поставување темели за изучување на македонистиката и онаму каде што има интерес за неа, а сè уште воопшто не е присутна во високообразовната настава, за што МСМЈЛК при УКИМ постојано, меѓу другото се залага.

– Но, и онаму каде што веќе има традиција на интерес и посветеност за македонскиот јазик, литература и култура, потребни се вложувања и посветеност за таа да продолжи и да се случи ново поглавје на развојот на македонистиката. Затоа, во рамките на чествувањето на јубилејот на Лекторатот по македонски јазик во Сосновјец, со колегите од Полска и натаму разговаравме со конкретни предлози за унапредување на наставата по македонски јазик, литература и култура на Шлезискиот универзитет, со цел поттикнување и поголем интерес за македонистиката кај новите генерации студенти. Верувам дека и сето она за што разговаравме и го споделивме како предлог ќе се оствари, како што се оствари и сето она што го планиравме во рамките на чествувањето на јубилејот – истакнува Мојсова-Чепишевска.

Во однос на 11. Македонско-полска конференција која се одржа неделава, таа напоменува дека поминала одлично. Конференцијата ја остварила целта – истражувањата кои биле презентирани водат до нови заклучоци релевантни за македонистиката и полонистиката, но и отвораат нови прашања кои ќе бидат предмет на натамошни научни предизвици, кои можат да претставуваат и сегмент од натамошното продлабочување на соработката меѓу македонските и полските филолози.

– Оваа традиционална конференција во која има голем влог на колегите од Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ е многу важна за развивањето на македонско-полските академски и културни врски. Впрочем, тоа се согледува и ако се земат предвид постигнувањата од нејзиното прво издание наваму и се сумираат фактите. Во исто време, и оваа, и сите други конференции кои ја поврзуваат македонската филологија со друга културна и академска средина се и иклучително важни за странската македонистика. Затоа што и на нив, клучен е придонесот на странските македонисти и секако можноста за споделување на нивните ставови, согледби и нови сознанија. Имајќи го предвид сето ова, ваквите конференции секогаш треба да наидуваат на поддршка, и од академската заедница и од државата – напоменува директорката на МСМЈЛК при УКИМ.

По чествувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, како што нагласува Мојсова-Чепишевска, треба да се очекуваат и нови проекти кои ќе придонесат за натамошниот развој на македонистиката во Полска, за што изминативе денови и било разговарано во Катовице.