дома блог страница 1064

Доделени клучевите: Уште еден преубав автомобил од Државна лотарија ќе се вози низ улиците на Прилеп (ВИДЕО)

Државна лотарија го додели вториот автомобил од инстант лозот 7х7, а го изгреба Константина Трпкоска од Прилеп, откако првиот лоз на кој добила 80денари го заменила за нов.

Тимот на Државна лотарија се сретна со добитничката пред автосалонот „Гранд ауто“ во Скопје, а Константина, заедно со нејзиното семејство ни ја раскажа среќната приказна.

Имено, Константина, при прошетка во Прилеп со нејзините две дечиња купила еден инстант лоз 7х7 да ја проба среќата. Тој лоз и донел добивка од 80 денари кои одлучила да ги замени со нов инстант лоз. Токму замената ги криела 3-те симболи на HYUNDAI Bayon.

Откако ја потврдиле добивката во „Сити Тобако“ и во Државна лотарија, Константина, возбудена, веднаш се јавила кај нејзиниот сопруг за да ја сподели радоста.

Инаку, семејство Трпкоски за себе велат дека редовно ја предизвикуваат среќата со игрите на среќа на Државна лотарија, а на останатите кои посакуваат ваков автомобил, среќната добитничка ги посоветува да играат редовно, затоа што никој не знае каде е среќата – напишаа од Државна лотарија.

Мицкоски: За првпат по 20 години, ДУИ престанува да биде фактор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа вели дека за прв пат после 20 години ништо не зависи од ДУИ

Од зелени повторно се превртеа повторно на националисти, ама тоа е така затоа што не се фактор за прв пат после 20 години, ништо веќе не зависи од ДУИ, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека додека ДУИ веќе не е фактор, кај албанскиот политички блок се консолидира опозициски блок за кој што рече дека влијае врз ДУИ.

Гледаме една друга страна сериозно се консолидира во опозицискиот блок кај албанската политичка сцена во Македонија која што може многу сериозно да го начне ДУИ, и тоа ќе се случи, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека се повеќе ќе се намалува употребна вредност на ДУИ и затоа е нервозата кај нив и се обидуваат да се свртат накај национализмот и да внесат немир во општеството.

За прв пат во овие 20 години ДУИ не е фактор. Сакаат да бидат фактор и се повеќе ќе се вртат кон национализмот, се повеќе ќе се обидуваат да внесат немир во општеството, се повеќе ќе сакаат да се создаваат проблеми затоа што на тој начин тие пред меѓународната заедница сакаат да се презентираат како фактор. Единствената нивна употребна вредност не е употребна. Тоа е суштината, изјави Мицкоски.

Трамп со убедливо водство на анкетите помеѓу републиканците

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, убедливо води меѓу ривалите за републиканскаа претседателска номинација, со разлика од 37 отсто во однос на второпласираниот кандидат, гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, покажува најновата анкета на „Њујорк Тајмс“ и колеџот „Сиена“.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека Трамп има поддршка од 54 отсто од републиканските гласачи, додека 17 отсто од нив би гласале за ДеСантис. Сите други кандидати имаат републиканска поддршка од три и помалку проценти.

Според американскиот весник, Трамп е во водство речиси кај секоја демографска група и регион и во сите идеолошки крила на партијата.

„Трамп води со голема разлика меѓу мажите и жените, помладите и постарите гласачи, умерените и конзервативните гласачи, оние со факултетски дипломи и оние без, во градовите, предградијата и руралните области“, наведува „Њујорк Тајмс“.

Истовремено, огромно мнозинство републиканци или 58 отсто, изјавија дека Трамп е кандидатот кој може да го победи актуелниот претседател на САД,Џо Бајден.

Мицкоски: „Оставките“ на ДУИ не се потег, само дефокус од „ауди“-то, „Соравија“, имотите во Западна Македонија…

Планот на власта е да дојдат до редовни избори односно како уште неколку месеци повеќе да останат на позицииите каде што, да можат да испокрадат уште малку од тоа што може да се испокраде и тоа е суштината. План таму не постои друг, бидејќи сето она што гледаме што се случува на дневно ниво е токму тоа ден за ден да се купи, да се направи нешто со кое што уште некој месец ќе премостат до редовните избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Во врска со поднесување на оставките од страна министрите од ДУИ, Мицкоски потенцираше дека тоа е политички маневар за да се дефокусира јавноста од скандалот со Соравиа, со аудито и слично.

-Многумина тоа го нарекоа потег, но јас се чудам зошто во суштина се придава значање на нешто кое во најмала рака не е ништо, зошто тоа нешто не е ништо. Денеска слушнавме од Бујар Османи дека тие утре лично ќе ги потпишале оставките со одложено дејство и ќе ги ставеле на маса кај мандатарот, кај премиерот Димитар Ковачевски. Такво нешто правото, процедурите не познаваат, таква методологија, таков начин на поднесување нити пак правото, ниту пак процедурите во Македонија согласно тоа кое што се прописи, закони и процедури не познава. Ова е чисто некој политички маневар за да се дефокусираме, да не збориме сега за аудито, за Соравија, да не збориме за имот по западна Македонија и така натаму, а од друга страна еве направиме нешто кое што нас ке ни купи уште некој ден повеќе па потоа ќе има нешто друго и така натаму, рече Мицкоски.

На крај претседателот Мицкоски порача дека потегот од ВМРО-ДПМНЕ ќе го видат на 18 август.

“Не сме на продажба, сте ја згрешиле адресата”: По Вардар и Брегалница Делчево им удри корпа на Бугарите

Бугарските пропагандисти во Македонија веќе одреден период “му фрлиле око” на спортот во Македонија, па се трудат да купат фудбалски клуб кој ќе го финансираат со бугарски пари, за да можат да го употребат како параван за ширење на “бугарштина” во Македонија.

Откако Вардар “му даде корпа” на Виктор Стојанов, иста таква следеше и од ФК Брегалница Делчево, од каде објавија принтскрин од разговорот со Стојанов, кој понудил Бугарите да го финансираат клубот.

ФК БРЕГАЛНИЦА НЕ Е НА ПРОДАЖБА!!! Ја имате згрешено адресата, му порачаа од клубот на Стојанов.

УХМР со најнова прогноза: Еве какво ќе биде времето до недела (Фото)

До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата.

Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.

(ВИДЕО) „Елено ќерко, Елено“ ечеше во Корчула: Актерот Дац запеа и ги воодушеви туристите

Актерот Драган Спасов Дац е на одмор на хрватскиот остров Корчула, каде што ја запеа „Елено ќерко, Елено“ и стана хит на социјалните мрежи.

Дац привлече големо внимание со своите гласовни способности, па голем број туристи се собраа за да го снимаат македонскиот актер.

Популарниот актер покажа дека знае да пее и на хрватски, а видеото се најде на страната на фејсбук на „Дац и Александар“.

Мицкоски вечера гостин во “Заспиј ако можеш” на “Алфа”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва ќе гостува на ТВ Алфа.

-Следете го моето гостување на ,,Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа, вечерва од 22:30 часот, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Избегната трагедија во Прилеп: Изгуби контрола над шпедитерот, па малку фалеше за да изгуби и глава (ВИДЕО)

Необична несреќа се случила денеска околу пладне кај кружниот тек “Солидност” во Прилеп. Наш сограѓанин кој управувал со запрежна кола, во еден момент изгубил контрола врз коњот кој го влечел.

Во еден момент животното скока преку зелениот појас на улицата, а колата речиси целосно се распаѓа. Човекот едвај спасил жива глава и за среќа завршил со полесни повреди.

Ново поскапување на горивата: Ова се цените кои ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12% во однос на одлуката од 27.7.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,790%, кај дизелот за 3,634% , кај екстра лесното масло зголемувањето е за 3,668% и кај мазутот зголемувањето е за 3,143%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,422%

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,204 ден/кг и сега ќе изнесува 43,542 ден/кг.

Од 1.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,542 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.8.2023 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, се вели во соопштението од РКЕ.