дома блог страница 1063

Вучиќ од Прохор Пчински: Ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик

Навистина бев воодушевен утрово кога тука видов луѓе од Македонија кои зборуваат на македонски јазик. Ние Србите, како што знаете, ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои или не знам што. Напротив, одлично го разбираме македонскиот јазик како што знам дека и вие го разбирате и го зборувате српскиот јазик. Немам никаков проблем да кажам дека ние сме не само пријатели, туку дека како народ имаме братски односи и во секој случај, верувам дека тие односи и натаму ќе се развиваат, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по билатералната средба со својот македонски колега, претседателот Стево Пендаровски во Прохор Пчински.

Пендаровски, кој по повод државниот празник Илинден положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“, беше пречекан од својот српски колега Вучиќ.

-Северна Македонија и Србија имаат одлична соработка, негуваат исклучително добри пријателски односи и меѓу нив не постојат отворени прашања. Нашата трговска размена е 1,5 милијари евра годишно, а верувам дека и натаму ќе расте. Заеднички работиме на олеснување на животот и на подобрување на животниот стандард на граѓаните од двете земји. Сега разговараме за спојување преку нашите железници со што ќе бидеме уште поблиску едни до други и уште подобро поврзани, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател упати благодарност до владиката Пахомије за гостопримството, но, како што истакна, и до патријархот Порфирије „за историските одлуки што ги донесе СПЦ на добробит и во корист на двата наши народа, и српскиот и македонскиот“.

“Уааа” за владината делегација, аплаузи и овации за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин Камен (ВИДЕО)

Делата се тие кои заслужуваат почит и внимание, а не празните говори и зборови на лица кои со ниедно дело не придонеле кон Македонија и нејзината историја и иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За жал денес тука на Мечкин Камен ќе чуете празни зборови од страна на функционери на оваа власт кои лицемерно чествуваат а под маса распродаваат идеали на илјадници синови и ќерки на Македонија кои своите животи ги положиле за Македонија. Затоа имињата на овие функционери народот нема да ги памети, а вечно ќе се сеќава на храброста и самопрегорот на оние кои ја граделе Македонија и нејзината државност.

Оттука празните флоскули на функционерите на власта не се вредни ниту за внимание ниту за коментар. Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ , предводена од Претседателот Христијан Мицкоски после положувањето на свежо цвеќе На Мечкин Камен и оддавањето почит на хероите , продолжува во селото Ташмаруништа каде што ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на двата Илиндени, 1903 и 1944 затоа што и двата датуми се дела на кои треба простум да им се поклониме, стои во партиското соопштение.

А еве како си поминаа Талат Џафери и владината делегација:

Нова кампања од Витаминка вредна за почит! Со секоја купена Цевитана помагате да се набават шаховски табли во основните училишта низ Македонија (ВИДЕО)

Со секоја купена Цевитана ќе се помага набавката на шаховски табли за основните училишта низ државата. Витаминка започна кампања со која во следните три месеци, ќе се издвојуваат средства од продажбата на Цевитана и ќе бидат наменети за купување шаховски табли за оние училишта каде шахот е дел од наставната програма. Иницијативата за нејзиното создавање и ставање на брендот Цевитана во функција на оваа идеја, произлезе од потребата за поголемо и помасовно вложување во младите и во обезбедување услови за нивен континуиран развој.

„Шахот е веќе влезен во образовната програма како изборен предмет за прво и второ одделение и изминатата година покажа голем интерес меѓу основците, што посебно радува затоа што станува збор за игра што ја поттикнува логиката, креативноста и позитивно влијае во развивање на мисловните вештини кај децата. Тоа е идејата за ваквото конципирање на кампањата, да се поттикне поширока акција за поддршка на иницијативи за создавање здрави навики кај децата и да се развие свеста за потребата од создавање услови во кои младите ќе можат слободно и непречено да се развиваат,“ велат од Витаминка.

Кампањата за набавка на шаховски табли ќе се одвива во текот на месеците август, септември и октомври, а се однесува на која било купена Цевитана од кој било вкус и грамажа достапни во малопродажба. Набавката на шаховски табли и распределбата во основните училишта ќе се одвива во координација со Шаховската федерација на Македонија.

Mиле Талевски рамо до рамо со Џафери исвиркани на Мечкин Камен во Крушево (ВИДЕО)

Спикерот на македонското Собрание, Талат Џафери беше исвиркан заедно со владината делегација, при пристигнување на Мечкин Камен. Додека тие се движеа кон местото каде треба да се сместат, од зад барикадите каде стојат посетителите, извикуваа „Уа, уа“ и исвиркуваа.

Меѓу присутните од делегацијата на Владата се Љупчо Николовски и Јетон Шаќири.

Со скандирање „Македонија, Македонија“ беа поздравени коњаниците кои пристигнаа во Крушево, оддавајќи почит и продолжувајќи ја традицијата. Потоа беа пеени патриотски песни. Се скандира и „Никогаш северна, само Македонија“.

На Мечкин Камен присутни се и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

За потсетување, инциденти на Мечкин Камен имаше и минатата година. И тогаш имаше исвиркување, но и пресметки зад барикадите.

Св Илија – Kлyчapoт на небото и заповедник на гpмотевиците: Честит именден Илија, Илко, Илинка, Илина, Илчо…

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици и е Пророк кој пaли и гaси на небото и земјата.

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

стариот календар.

Бидејќи во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици, очигледно е дека врз св. Илија се пренесени многу елементи на врховниот пагански бог на Словените, громовникот Перун.

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе yдpел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе yдрело ќе расипело и ќе yбиело. Ламјaта од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.“ И во Кумановско Свети Илија се држи како празник и не се работи од страв да не биjат гpомови по полето, луѓето и стоката и сл.

Прилепчанец поставен директор за Балканот во реномирана турска компанија

Мухаммед Топал кој потекнува од Прилеп, е познат како млад лидер во Македонија, кој со неговите лидерски вештини има придонесено во националната стратегија за развој, а сега е поставен за директор за развој на бизнис и продажба на Балканот во реномираната турска компанија YEO Teknoloji.

Потенцираше дека неговата кариера ja продолжува во eнергетиката, индустријата и технологијата, и дека ќе придонесе за современа креативна претприемничка држава.

Во следниот период овој млад менаџер најавува нови вработувања на млади локални и талентирани луѓе во областа на обновливите извори на енергија.

Вели дека ќе се фокусира за подобар и поквалитетен животен стандард на граѓаните во Македонија, во делот на енергетска транзиција, како и во производство на чиста зелена енергија.

Хрватска стана луксуз и за Европјаните: За кафе и колач ќе платите 20 евра

Многу луѓе го сакаат хрватското приморје и секако, тоа е прекрасно… додека не стигне сметката…

И овој пример од Опатија зборува во прилог на тоа. Цените на хрватското приморје вртоглаво пораснаа што ја прави Хрватска поскапа и од држави како Италија, Шпанија и Португалија.

Одењето во кафуле или слаткарница може да биде добра идеја. Но, кога ќе стигне сметката, вкусод одеднаш се променува.

Основната цена на едно еспресо во Опатија е 4,80 евра, а кога ќе се додаде ДДВ изнесува „рамно“ 6,00 евра. А тортата?! Дури 10,97 евра, односно со ДДВ неверојатни 12,4 евра.

Наздравје!

 

 

Валандово и Гевгелија си добија нови противожарни возила преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во имплементацијата на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“, набави две противпожарни возила за ТППЕ Валандово и ТППЕ Гевгелија во вредност од над 200.000 евра.

Малиот камион за спасување ќе биде за употреба на ТППЕ – Гевгелија, а возилото односно пикапот за прв одговор ќе биде за употреба на ТППЕ Валандово.

Во меѓувреме се направи модификација на проектот со што Центарот доби дополнителни средства и веќе во процедура е набавката на трето противпожарно возило кое ќе биде наменето за ТППЕ – Струмица.

Ваквата набавка на специјализирани возила ќе ги олесни интервенциите на терен, особено во делот во справување со шумски пожари, а воедно ќе ја зголеми и ефикасноста на сите територијални противпожарни единици од Југоисточниот плански регион.

Со новата модификација исто така ќе бидат набавени и три дронови со сензорни камери кои ќе се користат за рано откривање и маркирање на пожарите на тешко пристапните места.

Проектот е финансиран од страна на Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Р. С. Македонија.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid035v1hwdUDYCo248vFMu1fyQEjDJBM1gFYG8sMTg61kweicnpQBhK1wDfWZiMWRXMbl&id=100057264887763&mibextid=2JQ9oc

СДСМ станаа војводи: Се качија на коњи и направија коњички марш во Крушево (ФОТО)

Младите социјалдемократи заедно со генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, утрово организираа коњички марш во Крушево по повод Илинден.

-Коњички марш на младите социјалдемократи заедно со генералниот секретар на #СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски до споменикот кај месноста Слива близу Крушево, во чест, слава и почит на македонските востаници и нивното јунаштво при одбрана на Крушевската Република. Слава им! За многу години Илинден – напишаа од владеачката партија на ФБ.

Taлат Џафери ќе држи говор на Илинден во Крушево

Собраниска делегација, предводена од претседателот Талат Џафери, во состав: Миле Талески, Љупчо Балковски и Петар Ристески, свечено ќе ја одбележи 120-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република во Крушево.

ПРОГРАМА:

09:00 часот Положување свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, Македониум;
09:30 часот Положување свежо цвеќе на Споменикот на Слива „На хероите на Слива“;
10:00 часот Панихида, Храм „Свети Никола“
11:30 часот – Голем народен собир на „Мечкин Камен“

– Обраќање на Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија

– Културно-уметничка програма

• Собраниска делегација, во состав: Даниела Николова и Иванка Василевска, ќе положи венец свежо цвеќе во Скопје:

– 08:30 часот – Споменик на АСНОМ, Парк „Жена борец“; Споменик на Никола Карев, пред Собранието на Република Македонија; Споменик на Методија Андонов-Ченто, Плоштад
– 09:30 часот – Споменик „Сила, Слава, Победа“, Скопско Кале

• Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав: Мартин Костовски, Лидија Тасевска, Бране Петрушевски и Илија Николовски, во 10:15 часот, ќе положи венец свежо цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.