дома блог страница 1059

Еве што е пронајдено за време на претресот во манастирот во Бањско

Рашко-призренската епархија денеска објави ново соопштение во кое се наведува дека српскиот владика Теодосиј го посетил Бањскиот манастир каде игуменот Данило го информирал за вчерашните и денешните случувања во манастирот и околината.

„Во текот на денот ЕУЛЕКС и косовската полиција дојдоа во манастирот да истражат. Во манастирските конаци и црквата, кои се наоѓаат во внатрешноста на ѕидовите на манастирот и кои беа заклучени за време на сите настани. ЕУЛЕКС и полицијата не пронајдоа ништо што може да ги компромитира манастирот и монасите“, се вели во соопштението, во кое потоа се додава:

„Но, на две места во манастирскиот двор пронајдено е огнено оружје, панцири и делови од опрема, кои вооружените лица ги фрлиле при повлекување од манастирот. Исто така, во манастирот не наишле на никакви траги од крв, а во текот на целото време на инцидентот немаше жртви внатре во ѕидовите на манастирот. Форензичарите земаа отпечатоци од прсти и ги интервјуираа приврзаниците, кои потоа во придружба на полицијата и ЕУЛЕКС отпатуваа до нивните домови преку преминот Јариње“.

Игуменот Данило, при претресот на манастирот, на ЕУЛЕКС и на полицијата им ги покажал сите простории на конакот, од каде можело да се види дека монасите и верниците на никаков начин не учествувале во трагичните настани. Во манастирот полека се нормализира монашкиот живот.

Николоски ќе oбјави нови работи во врска со актуелната политичка состојба – гледајте го вечерва во емисијата “360 степени”

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва ќе биде гостин во емисијата „360 степени“ на МРТ.

„Гледајте ја вечерва на МРТ 1 од 20:15 емисијата 360 степени, интересно интервју.

Најавувам нови работи во врска со актуелната политичка состојба“ – посочи Николоски.

Македонските каратисти освоија 12 златни медали на турнир во Грција

Македонската репрезентација во традиционално карате беше најуспешна на ИТКФ Меѓународниот куп “ Хидетака Нишијама” одржан викендот во Неа Мудања, Грција.

Македонските каратисти освоија вкупно 47 медали од кои 12 златни, 13 сребрени и 22 бронзени медали во сениорска-младински, јуниорска-кадетска конкуренција како и во најмалата категорија за деца.

– Најуспешни кај децата беа: Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Филип Недев, Лука Крстевски и Дамјан Трајковски кои освоија повеќе златни медали во поединечна и екипна конкуренција. Сребрени и бронзени медали освоија: Софија Јарчевска, Ѓорѓи Кокорманов, Војдан Паламидовски, Дамјан Денковски, Максим Поп Трпев и Неда Костадиновска. Кај сениорите најуспешен беше женскиот ката тим во состав: Камелија Недев, Берта и Јана Милевски како и Сашо Спасовски кој освои златен медал во борби за сениори. Јадранка Недева освои три сребрени медали во кати, фукуго и кумите. Берта и Јана Милевски и Сашо Спасовски освоија бронзени медали поединечно, информираат од МТКФ.

На второ место по број на освоени медали беше Полска, а на трето место Италија, четврта беше Литванија.

Следен голем натпревар кој ги очекува македонските каратисти е Светскиот куп во Лублин, Полска кој ќе се одржи на 30 септември 2023 година.

Браво мајсторе! Со 50денари “затвори” обложувалница (Фото)

Нов милионски тикет во „Sport Life” – Струмица, со помош на големиот Фибоначи бонус на добивката од 610% .

Ова шесткратно зголемување на добивката, редовниот играч на „Sport Life“ го остварил со уплатени 50 денари, а освоил неверојатни 1.795.145 денари. Дури 1,5 милион денари се од бонусот на добивката, која инаку би изнесувала 300.000 денари.

За милионскиот тикет, нареден со 23 натпревари од изминатиот петок и викендот, најдраматичен бил натпреварот со Фенербахче во неделата. Победничкиот гол на истанбулскиот клуб бил постигнат дури во 80-тата минута по претходен пресврт на резултатот и со тоа била осигурена и милионската добивка на играчот од Струмица.

Фибоначи бонусот е во игра уште една недела, односно до 28 септември, па така сите оние кои редат долга низа на натпревари на тикет, можат да очекуваат нови изненадувања и зголемување на добивката.

Возбудата за лојалните играчи на „Sport Life“ продолжува со новата сезона на Типстер куп натпреварот, при што секој месец ќе се доделуваат 100.000 денари за најмногу погодени тикети во месецот, а тука е и новата  „Спортска по твое“ или „Среќна 13-ка“, со која за погодени 13 натпревари на тикет по избор на играчот, ќе бидат доделувани премии од 120.000 денари секој месец, сè до јуни следната година.

Со членството во СЛ клубот, играчите на Sport Life стекнуваат право да  учествуваат во новите акции и игри, и да ја зголемат добивката со бонуси и премии.

Австралија “се крсти” на нив: Девојки од Прилеп ќе ја претставуваат земјата на кенгурите на Светското првенство во карате (ФОТО)

Kaрате клубот “Ронин” кој го предводат карате мајсторите Златко и Ели Димоски, ќе ја претставува Австралија на Светскиот шампионат во карате кој ќе се одржи од 24-29 oктомври во Будимпешта.

Добро познатиот состав кој го сочинуваат близначките Маријана и Мишела Димоски, заедно со Кириана Камческа, ќе се обидат да донесат голем успех за земјата на кенгурите.

Да ги поддржиме девојките од Прилеп кои во минатото донесоа големи успеси и за Македонија на светската карате сцена.

Само за потсетување, овој состав во изминатите години во дресот на Австралија станаа шампиони на Океанија, а освоија злато во Дубаи, сребра во Салзбург и Истанбул, како и бронзени медали во Шангај и Дубаи.

Битолчаец изгубил контрола и излетал со возилото на патот Битола-Демир Хисар

На 24.09.2023 во 15.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, кај место викано „Шуклов мост“, патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(66) од Битола, излетало од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а 17-годишниот сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Конечно намалување на цената на горивата

Од полноќ поевтинуваат за денар ипол Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 89 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 91 денар за литар, додека цената на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар за литар и ќе се продава по дена од 85 денари за литар.

Единствено се зголемува малопродажната цена на мазутот за 0,447 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена и отсега тој ќе се продава по цена од 48,715 ден/кг.

Во среда Прилеп ќе “гори”: Дојдете на градскиот плоштад и запејте во еден глас со Бојана, Наум, Зуица, Андријана, Ламбе…

По Штип, Битола и Велес караванот „Македонијо во срце те носиме“ оваа среда (27 септември) патува во Прилеп. Концертот е со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“.

И овој пат публиката ќе ужива во стиховите на „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“… отпеани од Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

„Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од неверојатниот Николче Мицевски, и има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.

Дојдете во Прилеп и не пропуштајте ја можноста да пееме во еден глас и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.

Запознајте го културното наследство на Прилеп: Оваа недела бесплатен влез во музеи, предавања, едукативни тури

Во рамки на културниот настан “Европски денови на културно наследство”, Националната Установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, организира низа активности.

Денеска сите граѓани кои сакаат да го посетат Меморијалниот музеј „11-ти Октомври“ – Участакот, тоа можат да го сторат бесплатно, а низ постојаната поставка ќе ве води историчарот Рубинчо Белчески.

Веќе за утре (26.09.) во Црквата Св. Никола во Варош, ќе се одржи настанот “Регигиозно поведение на Марковите потомци”, што ќе биде една интересна интерактивна-едукативна тура низ црквите во најстарата прилепска населба.

Реализацијата на настанот е на Мимоза Христоска.

На 27 и 28.09 пак, во постојаната археолошка поставка и едукативниот центар на НУ Завод и Музеј – Прилеп, ќе се одржи едукативна работилница насловена како “Култ, жртвеник и неолитска куќа”

Реализацијата на овој настан ќе биде на м-р Оливера Јандреска.

Фото: Сугарески повторно ќе е државен функционер – Еве каде аплицирал

На огласот за именување членови за Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, се пријавиле 35 лица, а Маркукуле ексклузивно дознава кој се’ се пријавил да членува во оваа престижна државна комисија, која е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во управна постапка во прв степен од страна на министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон и други државни органи.

Едно име остава посебен впечаток, а тоа е екс министерот за транспорт и врски и еден од функционерите на СДСМ со најдолг век на државна функција, Горан Сугарески.

Како што дознаваме, Сугарески е прв поранешен министер кој конкурира за член во оваа комисија.

Комисијата брои 11 членови, а се пријавени 35 лица. Интересно е што меѓу пријавените е и Даниела Бочварска, инаку прва братучетка на актуелниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, како и Кристијан Чушков, кој е актуелен член на Извршен одбор на Градската организација на СДСМ и важи за близок пријател на Петре Шилегов. Чушков беше и директор на ЈСП.

Останува да видиме дали Сугарески ќе добие нова државна функција и повторно ќе замине во Скопје.