дома блог страница 1054

Во петок ќе се гласа за уставните измени: СДСМ и ДУИ молат за поддршка

Во петок во Собранието треба да почне пленарната седница за уставните измени. Постапката е веќе почната со тоа што на 25 јули, Комисијата за уставни прашања ја изгласа потребата за носење на уставните измени и заклучоците ги проследи до Собранието.

Интервенциите во Уставот се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата. Во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.

Согласно ова, направена е измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците за запазување на париретот на претставниците во Парламентот на сите вака утврдени заедници во Преамбулата на Уставот.

На 18 август, Собранието најнапред треба да го изгласа дневниот ред со единствена точка – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија за што се потребни 61 глас. Потоа се пристапува кон претрес по предлогот.

Како што стои во членот 196 став 1 од Деловникот, за предлогот за пристапување кон измена на Уставот, на седницата на Собранието се води претрес во целина кој може да трае најмногу десет работни дена.

Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието ја носи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници односно со 80 гласови. Доколку го нема потребното мнозинство, постапката не може да продолжи.

Ако со двотретинско мнозинство, се усвои потребата за донесување на уставни измени, Собранието усвојува заклучок и го праќа материјалот до Владата. Собранието, со заклучокот утврдува рок во кој подносителот односно Владата, изготвува текст на нацртот амандманите на Уставот, кој го доставува до претседателот на Собранието, по што Собранието во истоветна процедура во смисла на рокови ќе расправа по нив, појаснува собраниската прес-служба.

Тоа веќе е втората фаза од постапката за менување на Уставот што опфаќа подготовка и утврдување на нацрт-амандманите.

Деловничките рокови нормираат дека од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена. Во оваа фаза, претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена и во Комисијата и на пленарната седница, но повторно – бидејќи секој пратеник може да зборува вкупно не повеќе од 20 минути, оваа фаза може теоретски да заврши побрзо од максимално дозволените рокови.

Откако Парламентот со најмалку 61 глас ќе ги утврди нацрт-амандманите, тие одат на јавна дискусија, што е меѓуфаза пред третата завршна етапа од постапката за измена на Уставот. По јавната дискусија, чие времетраење го утврдува Собранието при усвојување на нацрт-амандманите, Владата ќе треба да ги изготви предлог-амандманите. И повторно, од моментот на доставување на предлог-амандманите во Собранието до одржувањето на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.

Деловникот предвидува точни рокови за претрес во Законодавно-правната и Комисијата за уставни прашања, како и на пленарната седница.

Конечната одлука за усвојување на амандманите се носи со најмалку 80 гласа, а за амандманот на Преамбулата освен двотретинско, потребно е и Бадентерово мнозинство.

Ако постапката се одвива според најкусите можни рокови, за финализирање на трите фази ќе требаат најмалку три и пол месеци.

Тројцата млади Македонци сами го напуштиле Кавос – ја известиле агенцијата, но комуникацијата со водичот довела до ХАОС!

Тројцата млади кои наводно биле пријавени за исчезнати, самоволно го напуштиле градот Кавос на островот Крф уште пред три дена и биле живи и здрави. Притоа ја известиле агенцијата преку која патувале. Но очигледно комуникацијата со водичот на групата била проблем.

Инаку од македонскиот конзулат потврдија, по контактите со грчката полиција дека немало пријавено случај за исчезнување на лица од Македонија, кои летуваат во Грција.

Отворете четири очи: Српски туристи измамени на бензинска пумпа во Македонија

Српски туристи се бесни на бензинските пумпи во Македонија бидејќи на една од нив биле излажани, посебно сега, во време на годишните одмори.

Многумина од туристите од Србија на територија на Македонија ги дополнуваат резервоарите за гориво во Македонија, на пат за Грција. Причината е општопозната, цената е пониска.

Но, на социјалните мрежи еден возач поделил непријатно искуство. Тој забележал дека во неговиот резервоар има сипано повеќе гориво отколку што може да прими, а слично искуство поделило уште едно момче.

Отворете четири очи, а јас ќе ги контактирам медиумите и инспекциите во Македонија со цел повеќе луѓе да разберат за ова, напишал измамениот возач.

Инаку, станува збор за последната бензинска пумпа пред влез во Србија.

Педалинка се превртила во Дојран – се трага по едно лице

Регионалниот ЦУК Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне.

– Лицето не е пронајдено и е непознато. Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги,а и слаба е видливоста – до еден метар длабочина.

Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото. На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија, информираат од ЦУК.

Апасиев: “Да беше Левица на власт, досега Касами ќе беше во притвор, а Курти “персона нон грата”

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со свое видување за неодамнешниот настан организиран во чест на премиерот на Косово, Албин Курти.

-Да беше Левица на власт, досега КАСАМИ ќе беше во притвор, а Курти прогласен за “персона нон грата”, напиша на Фејсбук Апасиев.

Потсетуваме, во петокот во Тетово беше организиран рок концерт во чест на Албин Курти, а во публиката можеа да се забележат и знамиња со картата на непостоечката “Голема Албанија”.

Жител од прилепско доцна синоќа уапсен во Битола

Денеска (13.08.2023) во 02.10 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода О.К.(33) од прилепско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Победа по долго време “пукна” петарда: Тетекс си замина со 5 парчиња од Прилеп

П

Со квалитетна и организирана игра, фудбалерите на Победа славеја висока победа на стартот од новата сезона во Втората лига.

На градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, со 5:1 беше поразен Тетекс, на задоволство на околу 1000 фудбалски вљубеници на трибините.

Победашите стигнаа до брзи 2:0 со головите на Филип Димоски уште во првата минута и Дарко Грозадноски во 13-та. На 2:1 намали Матео Софијаноски во 36-та, но тоа беше се’ што Тетекс можеше да понуди на овој натпревар.

Мрежата на тетовчани се тресеше уште три пати, најпрво преку Јорданчо Наумоски во 74-та минута, па преку Анатолија Петејчук во 77-та и на крај гол постигна и Филип Спиркоски пред судискиот свиреж за крај на натпреварот.

Во наредното коло црвено-белите гостуваат кај Башкими.

Македонец шверцувал Турци во Хрватска

Сплитско-далматинската полиција уапси 23-годишен Македонец на подрачјето на Врлика, обвинувајќи го за шверц на осум турски државјани.

Возило во кое внатре биле осум турски државјани било сопрено од полицијата во петокот на подрачјето на општина Врлика, при што се покажало дека патниците илегално влегле во Хрватска.

Осомничениот, кој управувал со автомобилот, се товари дека од личен интерес им помагал на странски државјани во противзаконски движење откако ги презел на подрачјето на Врлика откако тие илегално влегле на територијата на Хрватска.

Од полицијата наведуваат дека кон странските државјани постапувале согласно Законот за странци, додека 23-годишниот со кривична пријава е во притвор.

Во Прилеп по 16-ти пат се одржа интернационалната манифестација „Поетско Маркукуле“

Во Прилеп денеска се одржа 16. издание на поетската манифестација „Поетско Маркулкуле“, на која учество зедоја поети од 14 земји од земјава, регионот и пошироко.

На годинашната манифестација пријавени беа 220 учесници кои претходно ги испратија своите авторски творби што се дел од зборникот „Петско Маркукуле 2023“.

На 268-те страници од зборникот објавени се 220 песни, во најголем дел од поети од земјава и Прилеп како домаќин на оваа традиционална меѓународна поетска манифестација. Авторите се поделени во три категории – домашни автори, странски и автори од дијаспората и млади автори до 18 години. Од странските земји учествуваат автори од Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Австрија, Австралија, Германија, Бугарија, Турција, Ерменија, Полска, Украина и од Канада.

Манифестацијата беше збогатена и со литературно читање од ученици од две основни училишта од нашиот град, “Климент Охридски” и “Кире Гаврилоски”. Со свои лични творби се претставија петтодделенците Марија Колевска, Марија Крстеска, Петар Јованоски и Марко Макалоски.

Клубот на литературни творци од Прилеп ја презеде организацијата на оваа манифестација во 2019 година, после откажувањето од страна на дотогашниот организатор Градската библиотека „Борка Талески“.

Годинава, покровители на манифестацијата беа општина Прилеп, Министерството за култура и неколку домашни компании.

Првото издание на „Поетското Маркукуле“ се одржа во 2007 година по иницијатива на прилепчанецот Љубен Димкароски Димкар.

Повеќе фотографии од настанот погледнете во продолжение:

Селекторот Лазаров фрлил око на иден прилепски репрезентативец?

Подготовките на РК “Прилеп” се во полн ек. Eкипата работи напoрно и обезбедени се сите потребни услови за тренинг, набавени се најквалитети реквизити, а сигурно е веќе дека ќе се успее да се добие за употреба и Универзалната сала.

Апетитите со новиот спонзор полека, но сигурно растат и цел оваа година според мислењето на прилепчани ќе биде излез во Европа.

Овај развој на настаните не останал незабележан и од селекторот Лазаров, кој неофицијално во својот ростер планира и еден прилепчанец…

Повеќе информации следната недела.