дома блог страница 1036

Заборавете на топлото време деновиве: Снег на Балканот, студот доаѓа и кон Македонија (ФОТО)

Најавената промена на времето пристигна со температури кои се попогодни за овој период од годината.

Денеска падна првиот снег во Хрватска на планината Платка, на врвот Радешево, како што покажуваат снимките.

Снег паднал и на Кредарица во Словенија.

https://www.facebook.com/photo?fbid=629979679350433&set=a.375900118091725

„Ништо чудно за ваква надморска височина за средината на октомври, а снегулки до крајот на денот може да очекуваме и во Завижан. Почетокот на неделата носи есенски температури и првите утрински мразови во континенталниот дел на Хрватска. Затоплување најверојатно во четврток и петок“, пишува на Фејсбук страницата „Неверин“.

Во земјава, во текот на ноќта и во утринските часови преку нашето подрачје ќе помине фронтален систем кој што ќе предизвика да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (над 70 км/ч) и ќе има локални врнежи од дожд.

Во вторник ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а дневната температура ќе опадне за повеќе од десет степени.

Нов турнир и нови успеси за борачите и борачките од прилепскиот клуб “7-ми Мај”: Седум медали од Меѓународниот турнир во Конче

На ден 14.10.2023, Боречкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп, учествуваше на првиот Меѓународен турнир во борење во чест на Тони Танчев, кој се одржа во општина Конче.

Прилепската екипа беше предводена од тренерите Стојанче Тушески и Филип Јованоски, и ги забележаа следните резултати:

Јована Тодороска трето место во категорија до 48 кг;
Анегела Трајкоска второ место;
Елена Дејкоска трето место во категорија до 52кг;
Тамара Цветкоска прво место во категорија до 58 кг;
Андреа Маркоска и Јована Мидоска oсвоија трети места во категорија до 70кг.

Во машка конкуренција Христијан Аризанкоски освои второ место во категорија до 33 кг, а Стефан Аризанкоски трето место во категорија до 37 кг.

Честитки за најновите успеси за прилепските борачи и борачки!

Moнструм: Пред двегодишното дете ја тепал бремената сопруга, бебето во утробата од ударите починало

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

На 14 октомври, осомничениот тешко телесно ја повредил и го нарушил здравјето на неговата бремена сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот.

Додека заедно со оштетената и нивното 2-годишно дете се движеле со автомобил, осомничениот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал сопругата која седела на совозачко седиште.

Оштетената излегла од автомобилот и се обидела да побара помош, но осомничениот тргнал по неа и продолжил да ја влече и удира. На тој начин и нанел тешки телесни повреди, загрозувајќи го и плодот. При дополнителен преглед било констатирано дека плодот починал.

Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и оштетената и да го повтори делото.

Приведен прилепчанец: Агресивно се однесувал и оштетил инвентар во угостителски објект во Кривогаштани

На 14.10.2023 во 23.05 часот пред угостителски објект во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го привеле С.Ј.(48) од Прилеп, со живеалиште во с.Маџучиште, прилепско, затоа што се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот во објектот.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од МВР.

Путин проговори за споредбата на војните во Украина и Израел

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги спореди конфликтите во Израел и Украина, нагласувајќи дека конфликтот на Блискиот Исток е толку голем што не може да се спореди со „специјална воена операција“.

Како што вели тој, жешкиот конфликт меѓу Западот и Русија, доколку се случи, „нема да биде ограничен во рамките на специјална воена операција“ и дека ќе биде „целосно различна војна“.

– Погледнете го Блискиот Исток, дали таму се работи за специјална воена операција? Дали е навистина споредливо – го праша Путин новинарот Павел Зарубин.

Тој ја коментираше и препораката на комисијата на американскиот Конгрес дека САД мора да бидат подготвени за симултана војна и со Русија и со Кина.

– Не мислам дека тоа се мисли што им паѓаат на памет на здравите луѓе… Сите се подготвуваме за војна, по добро познатиот антички принцип: ако сакаш мир, подготви се за војна. Но, тргнуваме од фактот дека сакаме мир – нагласи Путин.

МАЕСТРАЛНО: “Ако умрам ил загинам” во изведба на јапонскиот баритон Казухиро Котецу во Битола (ВИДЕО)

Во рамките на фестивалот на класична музика “Интерефест“ во Битола, концерт со битолскиот камерен оркестар одржа и јапонскиот амбасадор на македонската песна, баритонот Казухиро Котецу. Извонредниот јапонски оперски пејач ја освои публиката со неговите изведби, а најголем впечаток остави изведбата на песната “Ако умрам ил загинам”.

Уживајте во продолжение:

ВИДЕО: ТВ “ТЕРА”

Пожар во куќа во Кривогаштани – за среќа нема повредени

На 13.10.2023 во 07.40 часот во Полициското одделение Кривогаштани било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на М.С.(63) од Кривогаштани, од кој делумно била зафатена и куќата на Г.С.(55).

Екипи на Територијалните противпожарни единици од Кривогаштани и Прилеп го изгаснале пожарот, а повредени лица нема – информриаат од МВР.

Прилепскиот бокс останува на врвот: БК “АС” вицешампиони во Младинската лига на Македонија (ФОТО)

На 14.10.2023 година во Штип се одржа шестото и последно коло од Супер и Младинската лига на Македонија во бокс.

Боксеркиот клуб “АС” од Прилеп настапи со тројца боксери, а екипата ја предводеше двократниот шампион во бокс на Македонија, Матеј Чатлески. Клубот оваа година заврши на второто место на конечната табела, што покажува дека прилепскиот бокс останува во врвот, само благодарение на упорноста на тренерот и посветеноста на боксерите.

-Презадоволен сум од настапот на нашите боксери, кои беспрекорно се бореа во рингот овие 6 кола. Победувавме и губевме, а најбитно е што нашите боксери дисциплинирано со напорни тренинзи се градат како зрели личности и направија големо искуство во рингот. Со одлична школа за бокс го претставивме нашиот клуб и нашиот град Прилеп. Оваа година не успеавме да го освоиме првото место, а мораше да се задоволиме со вице шампионската титула во младинската лига во бокс на Македонија. На крајот на месец ноември не’ очекува Државното првенство во бокс на Македонија. Ќе дадеме се од себе да освоиме повеќе медали – истакна тренерот на БК “АС”, Дарко Чатлески.

Резултати од 6 коло:

Категорија кадети:

до 60 кг. Теодор Тошески (БК АС) во равноправна борба загуби на бодови од Сонер Ајрушов (БК ФАМ.ДЕМИРОВИ)

До 63 кг. Димитар Талимче (БК АС) со прекин во прва рунда го победи Иле Маневски (БК БАРГАЛА)

До 67 кг. Мендерес Еминов (БК АС) издвои победа на бодови против Бојан Ѓорѓиев (БК БАРГАЛА)

Две години по ред на пиедесталот, еднаш шампиони, еднаш вицешампиони, двократен државен првак, постојано учество на скапи меѓународни натпревари, за кои средства често се финансираат со крајни напори од сопствен џеб… Ете тоа е БК “АС” Прилеп, вистински репрезент на прилепскиот и македонскиот бокс, но за жал целиот тој труд, напор и упорност не доволно, а некогаш и воопшто не се вреднуваат од тие што треба. Клубот, а воопшто и боксот во Прилеп заслужува далеку поголема поддршка, промоција и услови за работа. Асовци речиси целото свое функционирање и учества на натпревари го темелат на скромен буџет од свои средства, но за одржливост и градење на идни шампиони потребни се многу средства. Тоа го знае секој спортски работник, тоа го знае секој поупатен во спортот. Затоа нека ова биде порака до надлежните, да направат чекор повеќе кога спортот во Прилеп е во прашање. Разговарајте со спортистите, слушнете ги нивните потреби и реагирајте! Вистинскиот пат на младите се гради преку спортот!

И во Воѓани имало обложувалница, a пред два дена и инцидент: Вработениот го нападнале две лица од соседните села

На 13.10.2023 во 11.40 часот во Полициското одделение Кривогаштани, И.Е.(49) од с.Обршани пријавил дека на 12.10.2023 на работното место во спортска обложувалница во с.Воѓани бил физички нападнат од Д.К. од с.Бела Црква и О.Ѓ. од с.Обршани, кои употребиле и стаклени предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Прилепчани приредија забава ипол во Сиднеј: Стотици нашинци се забавуваа со убава македонска песна на “Прилепска вечер” (ВИДЕО)

Во организација на македонското друштво “Методија Андонов-Ченто” од Сиднеј, вчера во спортскиот центар “Илинден” се одржа прилепска вечер, на која присуствуваа голем број наши иселеници.

За убавата македонска песна беа задолжени од групата “Аrt Plaza”, како и гостите од Прилеп: Оливер Лозаноски, Гордана Костоска и Ицко Ѓорѓиовски.

“Прилепската вечер” е традиционална веселба која се организира секоја година по повод 11-ти Октомври, но се чини оваа година посетеноста беше најголема.

Нашите прилепчани истакнаа дека се презадоволни од пречекот и организацијата од македонските иселеници, и дека нашинците во Австралија знаат како да прославуваат и да се забавуваат.

Во продолжение погледнете од атмосферата: