Кузманоска удри жестоко и по Петар Богојески, лидерот на коалиционен пртнер

Фото/ФБ/Biljana Kuzmanoska

Фејсбук статус на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Билјана Кузманоска:

-Достоинството, слободата и правото на избор на секоја жена не се предмет на “машки надзор”, ничија дозвола или контрола!

Со згрозување ги осудувам изјавите на Петар Богојески, кои се навредливи и неприфатливи во едно општество кое се стреми кон еднаквост, почит и напредок.

Жената не треба да има ничија дозвола за да одлучува за својот живот, да ги гради своите соништа, да напредува и да биде успешна. Таа заслужува почит, поддршка и еднакви можности, а не ограничувања и наметнати улоги.

Посебно недозволиво е секое релативизирање на насилството врз жените. За насилството нема оправдување, нема изговор и нема компромис!

Како жена, како пратеничка и како дел од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, сметам дека имаме обврска секогаш и секаде да го креваме гласот против ваквите појави.

Нашата борба е за жена која самостојно одлучува, рамноправно учествува, храбро чекори напред и никогаш не мора да бара дозвола за да биде тоа што е!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.