дома блог страница 1035

Вечерва финале на PRILEP BEER WEEKEND, a eве како помина втората фестивалска вечер (Фото галерија)

Со настапите на триото девојки од Србија, популарните Hurricane, Пајак и групата “Ареа”, помина втората фестивалска вечер на Prilep Beer Weekend.

Прилепчани во голем број ја проследија програмата и уште еднаш покажаа дека знаат да се забавуваат и да си поминат убаво. Вечерва е големото финале, каде најголема посетеност организаторите очекуваат за балканската ѕвезда, Аца Лукас.

Покрај него, на фестивалската сцена во Прилеп ќе настапат уште и Наум Петрески, Бојана Скендеровски и мега популарното дуо “ДНК”.

Во продолжение втората фестивалска вечер низ фотографии:

Прилеп: 2,1км улица со рок на изведба 10месеци, а машина и работници нема со денови: Капак на се’, ставиле и сандаче за пофалби и поплаки (ФОТО)

Трет месец откако отпочнаа работите за реконструкција на влезната улица во Прилеп “Леце Котески”. Се работи за улица која е дел од регионалниот пат Прилеп-Крушево и е во должина од 2,1км. – односно од железничката станица до раскрсницата која води кон затворот.

Инвеститор на проектот е Министерството за транспорт и врски, проектот чини 48 милиони денари, а изведувач на работите се фирмите “Блек Си Груп-ДПТУ ОСД КИРИЛ” ДООЕЛ од Скопје и ДГТ “Градба Промет” oд Кавадарци.

И сето тоа убаво, но 10 месеци рок на изведба за само 2,1км пат…. епа што е многу, многу е. За 10 месеци во земји што не се така далеку од Македонија, се прават цели автопати.

Капак на се’, граѓаните кои живеат во непосредна близина и фирмите велат дека веќе 10 дена немаат видено градежна машина да работи на патот, а прашината од чакалот им се таложи во домовите и во канцелариите.

Најјакото е тоа што изведувачиве си ставиле и сандаче за пофалби и поплаки, па чисто од радозналост прашуваме дали некој досега пушти некаква пофалба?

Како што кажавме, инвестиција е преку 48 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски преку Светска банка. Предвидено е покрај рехабилитација на основниот коловоз со широчина од 6,5 м да се изгради и нова пешачка и велосипедска патека (широчина 3 м) во должина од 2,134 километри. Предвидено е поставување 72 сливници за прибирање на атмосферската вода.

Повторуваме, пат во должина од 2,1км со рок на изведба од 10 месеци!!! Веројатно ќе има многу прашања до министерот Бочварски и владините претставници за овој проект на карванот “Ние сме Европа” кој ќе помине и во Прилеп.

ФОТО/Златко Ате Димески

Уапсен 19-годишник од Битола: Ограбил австралиски државјанин

На 02.09.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода И.М(19) од Битола. Тој се сомничи дека денеска одзел накит од Е.В од Австралија, со престој во Битола.

Лицето било приведено во Полициската станица Битола и во службен разговор го признало делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против И.М. ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

“Гледам само темница, се ме боли, а татко ми не дише’’: 8-годишно дете синоќа побарало помош, откако со својот татко излетале од патот Прилеп-Градско (ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Дреново- Кавадарци. Автомобил во кој се наоѓале татко и син излетал 22метри од патот. Случајот го пријавил детето кое има само 8 години, и кое и покрај повредите успеало да се јави на 112 и да побара помош за себе и својот татко – oбјави градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

-Благодарение на пожарникарите во постојана комуникација со детето, колата е пронајдена а двајцата со тешки повреди од Општа Болница Кавадарци се пренесени во Скопје. Браво за нашиот мал херој кој и покрај повредите успеал да се јави и да побара помош. Со зборовите ,,гледам само темница, заглавен сум, се ме боли.. а татко ми не дише’’. Се молиме за нив – напиша Јанчев.

Moрници по цело тело! Капитенот Ѓоргиев во еден глас со цела сала ја отпеаја македонската химна до крај! (ВИДЕО)

Вистински моменти за паметење во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонија славеше убедливо со 3-0 против Црна Гора во вториот натпревар на Европското првенство 2023 со што е веќе во голема мера со место во осминафиналето на ЕП, за првпат во својата историја.

Сето тоа донесе силни емоции меѓу македонските репрезентативци кои не можеа да ја скротат радоста.

Капитенот Никола Ѓоргиев, на крај, ја повика публиката на трибините во „Борис Трајковски“ во еден глас заедно да ја отпеат македонската химна како начин за уште едно одбележување на еден од најзначајните моменти во историјата на македонската одбојка…

Изјава на градоначалникот Јовчески: “Во Прилеп имаме одлична манифестација”

– Ги поканувам сите граѓани, како од Прилеп така и од другите градови во Македонија. Во Прилеп имаме одлична манифестација. Фестивалот на пивото продолжува денес и утре со убава скара, ладно пиво, музика и добро расположение, изјави градоначалникот Јовчески.

Во продолжение ви ја споделуваме целата изјава:

Двајца прилепчани на две различни локации вчера уапсени во битола – полицијата им пронашла наркотици

Извадоци од полицискиот билтен на МВР

На 01.09.2023 во 23.30 часот на ул.„Мордо Нахмијас Лазо“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.Ш.(37) од Прилеп, со живеалиште во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На 01.09.2023 во 17.10 часот на ул.„Широк Сокак“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(28) од Прилеп, со живеалиште во Битола, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и предмет со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на двата случаи ќе биде поднесени соодветени поднесоци – информираат од СВР Битола.

Мицкоски од Прилеп: Ако сакаме Македонија да ја придвижиме кон ЕУ, прво треба оваа власт да замине, нив ги интересираат тендери, а не ЕУ

Ако сакате некоја работа да нема успешен крај, тогаш повикајте ги Пендаровски, Ковачевски, Маричиќ, Османи и останатите да испратат порака. Тогаш сигурно таа работа нема да има успешен крај, па така и во овој случај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање за најавата на власта дека Македонија може да стане членка на ЕУ до 2030 година.

– Ќе потсетам дека СДС од 2002 година ветува, па 2017 онаа слика со авиончето дека ги почнуваме преговорите и секогаш нивната главна тема европските интеграции и Македонија само што не станала членка на Европската Унија. Ќе ве потсетам и на онаа лажна кампања со билборди за европско здравство, европско образование, а прошетајте низ болниците во Македонија, ќе забележите дека луѓето за жал умираат по ходници затоа што не ја добиваат негата која треба да ја добијат, истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека овие луѓе од власта се полни со манипулации, невистини и лаги. Не се борат Македонија да влезе во ЕУ, ниту имаат план, тие се виновници кои го уништија процесот Македонија да биде дел од ЕУ, со тоа што прифатија нешто што никој нормален во оваа држава не го прифати.

– Ако сакаме навистина Македонија да ја придвижиме во ЕУ, прво што треба е час поскоро овие да заминат. Колку побргу заминат, толку побргу Македонија ќе ја придвижиме кон ЕУ. Тие се борат само за да останат ден повеќе, за тендер повеќе, за повеќе украдени народни пари, тие несе борат ниту имаат интерес Македонија да ја видат во ЕУ затоа што таму политички измамници и криминалци од нивниот ков нема, изјави Мицкоски.

29-годишен прилепчанец искршил прозорец на куќа, а потоа и стаклото oд пријавницата на полициската станица

Денеска (02.09.2023) во 04.00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Д.М.(29) од Прилеп затоа што со тврд предмет оштетил прозорец од куќа на ул.„Цане Коњарец“ и стакло од пријавница на Полициска станица Прилеп.

Исто така, при приведувањето Д.М. агресивно се однесувал кон полициските службеници кое вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од ОВР Прилеп.

Нема повеќе точено за 50ден. во Прилеп – Ова се цените на пивото и скарата на PRILEP BEER WEEKEND (ФОТО)

Во Прилеи викендов се одржува PRILEP BEER WEEKEND, фестивалот на скарата и пивото кој се очекува да го наполне градот и да донесе бенефит за целата чаршија.

Но, прилепчани не беа баш “ќеифлии” со новите цени на пивото и скарата. Точено пиво се продава по 80 ден. за чаша, а парче скара и по 200 денари. Ова се дел од цените на пијалокот и храната кои се нудат по штандовите: