Путин проговори за споредбата на војните во Украина и Израел

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги спореди конфликтите во Израел и Украина, нагласувајќи дека конфликтот на Блискиот Исток е толку голем што не може да се спореди со „специјална воена операција“.

Како што вели тој, жешкиот конфликт меѓу Западот и Русија, доколку се случи, „нема да биде ограничен во рамките на специјална воена операција“ и дека ќе биде „целосно различна војна“.

– Погледнете го Блискиот Исток, дали таму се работи за специјална воена операција? Дали е навистина споредливо – го праша Путин новинарот Павел Зарубин.

Тој ја коментираше и препораката на комисијата на американскиот Конгрес дека САД мора да бидат подготвени за симултана војна и со Русија и со Кина.

– Не мислам дека тоа се мисли што им паѓаат на памет на здравите луѓе… Сите се подготвуваме за војна, по добро познатиот антички принцип: ако сакаш мир, подготви се за војна. Но, тргнуваме од фактот дека сакаме мир – нагласи Путин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.