(ФОТО) “Лубеници дирек во воз – нова услуга од Општина Прилеп???”

Oдулката на Советот на општина Прилеп со која продавачите на земјоделски производи од камион ги смести до новата катна гаража во центарот на градот, не вроди со плод да го реши овој горлив проблем.

Диви продавачи никнуваат насекаде во градот, а просторот околу новата катна гаража наликува на вистински хорор.

“ХОРОР ВИДЕО ОД ПРИЛЕП, СЕ ШИРИ НЕПОДНОСЛИВА МИРИЗБА?!”

Прилепчани, особено оние пазарџиите, реагираат на нелојалната конкуренција која никнува на секој агол, додека пак купувачите и дуќанџиите се жалат на нехигиената и непријатната миризба.

Никој не може да ги обвини овие продавачи кои доаѓаат од други градови, најчесто од Струмица, но факт е дека локалната самоуправа која им одреди релативно високи тарифи за закупнина на простор, треба да се погрижи да им обезбеди достојни услови, односно пред се простор каде да ја обавуваат хигиената.

ФОТО: “Плоштад на хоророт” доби Прилеп благодарение на Советот?!”

Во недостиг на сето тоа, а капак на се и ненавремената ажурност од комуналните служби, поради што околу овие продажни места често се трупа отпад, Прилеп наликува на едно глобално село или еден глобален пазар со тезги насекаде.

Последните повторно никнаа на просторот околу железничката станица, место каде поминуваат едни од најпрометните сообраќајници во Прилеп, па хаосот е уште поголем.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.