ФОТО: “Плоштад на хоророт” доби Прилеп благодарение на Советот?!”

По одлука на ЈКП “Пазари”-Прилеп и после потврда од мнозинството во Советот на општината, пазарџиите кои продаваат земјоделски производи од камиони, беа сместени во центарот на градот.

Овие продавачи до минатата година беа сместени во близина на железничката станица, а сега се во строгиот ценар без обезбедени услови за одржување хигиенски потреби, без тоалети, а сето тоа на своја кожа го чуствуваат дуќанџиите во кругот околу нив.

Поплаки стигнуваат и од дуќанџиите, но и од случајните минувачи.

Вината за ваквата состојба тие ја најдуваат во општинските власти, затоа што и овие луѓе, кои претежно доаѓаат од Струмица се дојдени да извадат за парче леб, па немањето на простор каде да ги извршуваат своите физиолошки и хигиенски потреби, ги приморува тоа да го прават каде ќе најдат.

Минувачите велат дека често се случува да видат гол човек како се капи.

Сето ова говори дека одлуката на ЈКП Пазари и Советот на општината е погрешна и за овие луѓе треба да се најде поинакво решение.

Општината со овие луѓе си поигра и претходно, кога по барање на ЈКП Пазари, Советот изгласа зголемување на закупнината од 5.000 на 7.000 и 10.000 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.