Статуетка на Богородица плаче крвави солзи во Аргентина: Луѓето веруваат дека ова е вистинско чудо (ВИДЕО)

Видео на кое е прикажана статуетка на мајката Божја како рони крвави солзи ги вчудоневиди верниците ширум светот.

Видеото го објави извесен Фриас Мендоза кој статуетката ја имал во својот дом во малото аргентинско гратче Сан Хозе де Метан.

Мендоза вели дека откако чудото го виделе многу луѓе, статуетката била преместена во локалната црква.

Ваквата појава Мендоза ја забележал неколку пати во текот на изминатата година, а солзите некогаш биле течни, додека пак некогаш се манифестирале како ситни кристали.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.